TABEX - Таблети за откажување од пушењето

  • Креатор на темата Креатор на темата Blackcomb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јуни 2009
Мислења
303
Поени од реакции
296
Дали има некој искуство со Табекс и дали лекот има некакви негативни дејства?
Дали во текот на третманот пушењето цигари може да доведе до сериозни здраствени компликации?
За тие што незнаат, Табекс се таблети базирани на билка за откажување од пушењето.
Лекот состои Цитизин кој ја врши улогата на никотин, и божем биле ефикасни за откажување од пушењето.

Благодарам.
 
Јас имам слушнато за едни таблети кои биле многу добри но во македонија ги немаше, ги носеа од бугарија, и знам многу луѓе што со нив ги откажаа цигарите, а за овие Табекс незнам. Иначе јас еве 5-6 дена користам електрична цигара :D додека сум дома ми врши работа не ме удараат така кризи за цигари. а кога сум со друштво си палам по една така од мерак :D
 
Одкажувањето од било што со користење на разни “хемикалии“ е лошо и штетно.Тие дури и ќе предизвикаат поголема штета одколку да останете пушачи.А најверојатно тие таблети имаат повеќе пласибо ефект одколку нешто друго.Еве да речеме дека таблетата ќе ја задоволи потребата за никотин...а која таблета ќе ти ја задоволи физичката потреба да држиш цигара...
Кој сака да се одкаже од пушењето треба сам цврсто да реши и да прекине да пуши.Јас сум пушач веќе 15 години.Оваа година се решив со почетокот на пролета,кога настануваат сите промени на “подобро“ да се променам и јас и да престанам да пушам.Мислам дека со пролетта ќе започне и мојата пролет (y)(y)(y)(y)
 
мене ми помогнаа никорет(те) мастиките со никотин. јас користев од 4 мг. има начин како да се џвакаат (како да се испушта „дозата“ никотин). престанав да пушам со пресекување, значи не со „намалување“. џвакав околу 2 недели и изџвакав 100-тина мастики. првите 2-3 дена по 9 на ден. после тоа више не ми требаа мастики и еве скоро една година ипол (сеп. 2010) како не сум ставил цигара у уста. инаку, пушев 25 години (од седмо).
за таблети не знам ни што имаат внатре. башка шверцани од бугарија - што знам. не е фора да ги остаиш цигарите, а притоа да си ја сјебеш јетрата, на пример...
 
од кај ги купуваше мастиките ? колку пари беа ?

и јас пробувам со пролета, ама некако дождови ме фатија :D
 
Абе какви таблети какви мастики, ако не си појак од желбата за пушење никогаш нема да ги откажеш ;)
 
Незнам како ќе откажиш цигари, пушејќи цигари кои немаат никотин, туку го имитираш начинот, пушејќи електроснак цигара, која има јаглендиоксид, кој во поголеми количини создава гушење и еден тон кинески хемикалии.
 
На тие што имаат намера да се одкажат од пушењето им го препорачувам советот од Марк Твен кој гласи:
„ Да се одкажеш од пушењето е многу лесна работа, јас тоа сум го направил повеќе од сто пати “
 
Абе какви таблети какви мастики, ако не си појак од желбата за пушење никогаш нема да ги откажеш ;)
тоа е точно, јас пред да ги откажам - решив дека ќе престанам. јас имав јака зависност од никотин. со скокање од кревет ноќе. башка што недостатокот ми правеше да сум нервозен до бескрај.
мастиките ме смирија и ми помогнаа многу, стварно многу.
никорет од 4 мг се 300 ден (30 ком) во зегин, мислам...
ама стварно треба да сте решени.
и никако не пушите ако земате мастики или лепите никотински фластер - ќе се отруете....
--- надополнето: 10 март 2012 во 09:57 ---
Незнам како ќе откажиш цигари, пушејќи цигари кои немаат никотин, туку го имитираш начинот, пушејќи електроснак цигара, која има јаглендиоксид, кој во поголеми количини создава гушење и еден тон кинески хемикалии.
јас исто мислам така. ако замениш еден отров со друг - ништо не си направил. затоа и мислам дека таблети не се добра идеја. поготово не „шверани“ од бугарија или, недајбоже, кина...
 
мене ми помогнаа никорет(те) мастиките со никотин. јас користев од 4 мг. има начин како да се џвакаат (како да се испушта „дозата“ никотин). престанав да пушам со пресекување, значи не со „намалување“. џвакав околу 2 недели и изџвакав 100-тина мастики. првите 2-3 дена по 9 на ден. после тоа више не ми требаа мастики и еве скоро една година ипол (сеп. 2010) како не сум ставил цигара у уста. инаку, пушев 25 години (од седмо).
за таблети не знам ни што имаат внатре. башка шверцани од бугарија - што знам. не е фора да ги остаиш цигарите, а притоа да си ја сјебеш јетрата, на пример...

И јас џвакав никорете,но користев и таблети никорете од 2мг па така не пушев цел месец ама...:)
 
мене ова ми беше втор пат. првиот пат и јас реков ама... и продолжив да пушам. само после 5 дена.
вториот пат бев решен. и не ги остаив со драма - со фрлање полни кутии и што ти ја знам. едноставно престанав да купувам и кога ги допушив тие што ги имав од утредента продолжив со мастики 2 недели... и еве до ден денес не сум запалил цигара... :cool:
се разбира дека ако таблетките за кратко време делуваат - зошто да не. демек да немаат време да направат штета, де...
но, најважна е решеноста!
на сите тие разно-разни производи пишува willpower required - потребна е воља
 
Јас имам дедо,кој што имаше пушено 25 години,и кога се родив јас,имаше проблеми со дишење,и му кажале докторите дека ако продужи со тоа темпо,краток ќе му е векот и прекина да пуши од одма...а пред тоа пушел по цели штеки,за 1-2 недели...

Така да,се се може ако се сака...:D
 
Не се таблети, карактер е.
 
Не се таблети, карактер е.

така е, ама никотинот во форма на мастика, бомбона, фластер помага при кризирање... јас знам најдобро - физичка зависност од никотин не е шала. првиот пат сум скокал од кревет како наркоман. мислев дека нема да дочекам сабајле...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom