Ајде малку да си поиграме со претпоставки.
А што викате United Group да не биде исто така кандидат за купување на Телеком? Реално само во Македонија нема фиксна инфраструктура и не нуди фиксни услуги... Вака ако би била она новиот сопственик, ќе има и фиксни и мобилни услуги, но и ќе биде лидер понудувајќи нови услуги и подобри пакети како што е во Србија, Црна Гора, БиХ, Словенија...
Но да, се сложувам, најсериозен кандидат е најверојатно турскиот телеком, бидејќи имаше обиди да го превземе словенечки One на времето, но зошто не успеа во намерите, тоа е друго. Но сепак мислам дека постои поголема веројатност бугарите да замешаат прсти во знак на добрососедство и они да почнат да оперираат со капитал во земјава, нешто како што тоа го правеа грците во минатото за време на приватизацијата.