Ми се има случено и тоа не еднаш него повеќе пати со повеќе различни лица. Сфатив дека не беше до мене едноставно секогаш налетував на погрешни лица и секогаш бев наивна. Ама затоа кругот се врти и истите дотични машки во период од неколку години се обратија пак кај мене. Само било поминало на некој начин сум ги израснала тие личности и нивните карактери па затоа веќе ни најмалце не обрнувам внимание. Секогаш на крај ќе бидеш рамнодушен а од тоа повеќе некој не верувам дека ќе го боли кога сака искрено да се покае и да си ја исправи грешката во минатото. Али јбг простено али не заборавено.
Првиот пат беше на мои 13 ипол години со првиот дечко. Идевме 6 месеци и на крај мојата најдобра другарка што идеше со негов брат се смува со мој дечко. Од самиот момент на дознавање веќе не постоеа и давајцата за мене.
Вториот случај беше уште позаебан.
На мои 15 години со дотичната втора блиска другарка. Се мував со дечко постар од мене 3 години и и останатите беа постари од мене ( можеби и тоа секогаш моја грешка) И другаркава знаеше дека го свиѓам и тоа многу, идеше пак со негов брат за на крај да се опне со него за мој роденден ( најиронично е што јас ја имав таа чест да ги фатам на дело). И останаа две ипол години во врска одкако истата го помина целосно тогашното друштво.
Третиот случај е тука веќе не знаев дали да плачам или да се смеам... Исто ми се свиѓаше еден тип со кој се мував месец ипол секој ден. Се погодивме целосно ама секогаш мора да се најде x личност што ќе замеша прсти. И фино лепо моја далечна роднина кај негова братучетка, се начукале и му дала се со цел да го мува ?!?! ( затоа што уште пред да биде со мене го свиѓала ама не сакал со неа ништо) Доброто во целата работа е што јас дознав многу покасно одкако она самата си се нарече себеси дека е ку*ва, затоа што типот и понатаму продолжи да се мува со мене пред неа и тогаш јас дознав уставри што била целата работа.
Чувството поготово првиот пат не може да се опише. Тоа е болка што истовремено ти ја задаваат две личности за кои имаш некакви чувства. Се сеќавам дека првиот дечко што ме изневери ми рече засекогаш да го избришам неговиот број и да не го барам. Дојде момент после 3 години самиот тој да ме побара и да сака да обнови врска со мене, ама овој пат јас бев таа што му го кажа истото. Иако никој не веруваше дека он ќе моли воопшто некоја, а најмалце па таа што ја заебал пред 3 години. Така да се си доаѓа на свое место.....
Моментално имам другарка што сме 7 години најдобри другарки што низ сите тие ситуации се повеќе се развиваше нашето пријателство и постоеше тука за мене. Истите дотични личности што ми беа некој краток период блиски другарки, беа се некој мивки притаени ороспичиња ама сега бар кога ќе видам некоја таква ја проценувам без проблем....