Моите впечатоци, иако уште сношти ги споделив со
@Windfucker . Јас се чуствував како да сум на концерт на некој непознат готик индустријал бенд, а пејачот како да го имам некаде видено. Плус озвучувањето беше ужасно, а бучавата неподнослива. За мене ова не се Swans, бендот со кој пораснав, и кој ми е во топ три бендови во животот. Не велам дека концертот беше лош, но јас не се наоѓам во оваа музика. За мене Swans се од Children of God до Great Annihilator периодот, се пред тоа и после тоа ми е неслушливо.
Гласот на Гира е скроз пукнат, иако сеуште ја има чистината. Веројатно тоа доаѓа со годините.
Во секој случај, не ми е криво дека бев вчера на концерт, го видов Гира од пет метри близина. Еден од моите херои од младоста.
Импресивно е која енергија ја има се уште.