Swans

  • Креатор на темата Werther
  • Време на започнување
W

Werther

Гостин
Swans е пост-панк група формирана во 1982 година во Њу Јорк. Фронтмен и текстописец е основачот на групата Мајкл Џира. Во 1997 групата се распаѓа, но повторно е oформена во 2010.

Џира има интересна биографија : http://en.wikipedia.org/wiki/Michael_Gira
Официјален сајт : http://younggodrecords.com/658457004524-the-seer-cd

На 16 мај имаат концерт во Солун, поточно Mylos Club.




 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Последниов албум, The Seer, баш ми е коњак, особено Song for a Warrior со Karen O од Yeah Yeah Yeahs.

Освен во Солун, низ балканов месецов настапуваат и во Загреб, на 20 мај.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Беше некој на концертот во Солун вчера?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Бидејќи врне на Ролан Гарос, и бидејќи Swans ми се во топ три најслушани бендови во животот, да напишам и јас нешто. За мене Swans почнуваат да постојат од 1987 година, со албумот Children of God. Претходните четири албуми не ги сакам, преагресивни ми се, и монотони. Како куриозитет само, на концертите на Swans од периодот пред 1986 било толку бучно, што бендот ја добил титулата најгласен бенд на светот.

Во 1987 година излегува Children of God, каде што улогата на Jarboe е многу понагласена. Тој албум го покажува правецот во кој што Swans ќе се упатат. Еве две песни од Children of God:



По Children of God, во 1989 година излезе The Burning World, еден од моите омилени албуми. Иако прогласен за неуспешен од критиката, како и од самите членови на бендот, албумот е одличен. Еве ви две песни и од него, плус онаа која веќе ја постира Кафе Дел Мар.


и најдепресивната песна на светот :)

.

Овој албум е чудна мешавина на поп музика и депресивен сентимент, со примеси на world music. Ќе остане запаметен како неуспешен експеримент на бендот, иако јас лично сметам дека е многу потценет.

Во 1991 година излезе ремек делото на Swans, White light from the mouth of infinity. Нивниот најдобар албум, и по мене еден од најдобрите албуми било кога издадени. Едно готичко ремек дело, албум кој по квалитетот може да стои до Unknown Pleasures на Joy Division, или до некој од најдобрите албуми на The Doors. Еве ви три песни и од него, иако ми е тешко да издвојам.



готичката will we survive...


to be continued...

;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Да ја завршиме приказната. Во 1991 година излезе албумот близнак на White Light...,The love of live. Во многу што подсеќа на White Light..., само што е поотворен и послушлив. Генерално, одличен албум, но не на нивото на White Light...

Еве две песни и од него.



Во 1995 година бендот го објави The Great Anihilator, последниот голем албум на Swans, кој ми се чини дека веќе покажуваше знаци на креативна немоќ. Не требаше ништо повеќе да објавуваат после овој албум. Слушнето го ремек делото Mother's milk, како и Celebrity lifestyle.



Приказната се завршува со Soundtrack for the blind, кој не е албум во класична смисла на зборот, бидејќи содржи песни кој стилски не припаѓаат една со друга. Во секој случај, се работи за вредно издание. Групата се распадна после тој албум, и реално, не постои никаква причина повеќе да постои. Ова реоформувањето ми е потполно бесмислено, и резултираше со еден многу слаб албум, My father will guide a rope to the sky, кој е далеку под нивото на Swans, и нешто подобриот The Seer.

Што се однесува до side projects, Gira i Jarboe издадоа три албуми под името World of Skin. Албумите се одлични, на трагот се на Burning World. Еве две песни од третиот албум Ten songs from another World, параноичната Black eyed dog, и песната посветена на Марија Калас.



Ќе ја завршам оваа приказна со едно малечкo ремек дела на Swans ;), кое беше издадено како дел од макси сингл...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom