Свирки и Maк Meтал

  • Креатор на темата Креатор на темата GetLost
  • Време на започнување Време на започнување
1017414_10201141635600974_564824331_n.jpg


Легендарните Death Metal ѕверови, "Cryptopsy", од Канада, летово помеѓу своите фестивалски настапи ќе поминат и во Скопје. Влезницата за концертот ќе биде 600 мкд. во претпродажба, т.е. 800 мкд. на врата. Влезниците можете да ги набавите во "Impact Shop" и "Кафе бар Браво".​
Како локална поддршка ќе настапат скопските "Demency" и "Furion".​
 
https://www.facebook.com/events/467902053301400/?fref=ts
598365_192786467551321_887953013_n.jpg

--- надополнето: 12 јули 2013 во 16:31 ---
https://www.facebook.com/events/153745024810673/?fref=ts
1001010_3236160358889_1903837748_n.jpg

--- надополнето: 12 јули 2013 во 16:33 ---
https://www.facebook.com/events/330156447116171/?ref=2
1010248_395039603947376_1052571326_n.jpg

--- надополнето: 12 јули 2013 во 16:34 ---
https://www.facebook.com/events/166713193508549/?ref=2
1000473_436558033118063_867310941_n.jpg

--- надополнето: 12 јули 2013 во 16:34 ---
https://www.facebook.com/events/594451723912702/?ref=2
9371_10200349278749268_908674367_n.jpg

--- надополнето: 12 јули 2013 во 16:35 ---
Бујрум на свирки!
 
1403069_10201898644619798_2061967957_o.jpg



ФРИК Фестивал 2013
со нетрпение го најавува концертот на:
Eclectic, Fusnota, Project 2501
*промоција на албум и EP
во Фоајето пред Кино Фросина /2 спрат | 21:30

Целосната програма на фестивалот можете да ја погледнете на www.frik.mk

Наострете ги вашите уши!
Влез слободен!

Eclectic претставува концептуален melodic doom/death метал акт роден во смогот на град Скопје, 2009. Инспириран и воден од длабочините на мистицизмот, болката, меланхолијата, окултизмот, астрологијата, трансформацијата, по долготрајните пречки, паузи и страдања, во крајот на 2011 беа преродени преку воведување на наративниот концепт на кој се работи. Моментално тие го припремаат своето прво EP кое ќе нè воведе во нивната приказна.

Fusnota започнува со работа во Скопје на крајот од 2001 година. Со корени во рок музиката, членовите на бендот одбегнуваат да го дефинираат правецот што го свират, а ги покануваат да ги слушнат сите оние кои во исто време не се плашат ниту од гласно и дисторзирано, ниту од тивко и мелодично. Fusnota имаат настапено многу пати во Скопје (меѓу другото и како финалисти на Рок фест и на новогодишниот рок-фестивал) и низ Македонија, а имаат и учествувано на Демофест во Бања Лука, каде што беа избрани да настапуваат во конкуренција со повеќе од 300 други изведувачи. Досега имаат снимено и самостојно издадено еден албум. На Фрик Фестивал 2013 го промовираат нивниот втор албум, You Are Empty. Fusnota се: Златко Андоновски - гитара, вокал Никола Димески - тапани Никола Гижаровски - бас гитара Љупчо Спиров - гитара Емилија Дичковска - вокали.

Project 2501 се концептуален audio/visual бенд од Скопје, Македонија. Концептот на нивниот материјал е од областите на научната фантастика и cyberpunk тематика и обично инспириран од таа област на литературата и/или киното. Бендот започнува да функционира во април, 2011 година. Веќе во јули, 2011 тие го издаваат своето прво ЕР насловено Ashes 2 Ashes/Analog 2 Digital (бесплатен download). Отпрво ЕР-то е self-release, но после краток временски период е реиздадено за нет издавачката куќа Crime:Scene Records. Во периодот што следува, Project 2501 го промовираат своето прво издание, со тоа што организираат промо настан/изведба во локалот Ла Кања во Скопје, каде што како поддршка исто така настапуваат Anomalia Nativa од Скопје. По овој настан Project 2501 го промовира и изведува својот материјал на радио емисијата Ако Никој Не Свири (на канал 103). Во периодот што следува потоа, бендот работи на нов материјал и исто така проаѓа низ одредена промена на неговиот состав. Во ноември, 2011 година, Project 2501, заедно со Кантон 6, настапуваат како поддршка на Atari Teenage Riot, настан што беше дел од offTAKSIRAT фестивалот, под организација на Password Production. Во мај наредната година (2012), Project 2501 се избрани да бидат дел од изведувачите на CyberFront Festival во Киев, Украина. CyberFront еден од најголемите Industrial/EBM/Dark Electro фестивали во Источна Европа. Headliner-и на фестивалот беа VNV Nation i Headless. После учеството на CyberFront Festival, Project 2501 се враќаат во Македонија каде што организираат два настани. Еден во Ла Кања повторно и вториот настан во клубот Wire (Куманово). Истата година подоцна, Project 2501 се повторно избрани да бидат дел од изведувачите на друг фестивал, овој пат Rock Metal Fest 2012, кој што се оддржува во Пулсано, Италија. При оваа посета на Италија, бендот исто така изведува и локална свирка, како поддршка на италијанскиот industrial rock бенд - HATE INC. Тоа е втор настан на кој што Project 2501 настапуваат со HATE INC. Претходно заедно беа дел од учесниците на CyberFront 2012. Откако се враќа во Македонија, бендот започува со работа за да го издаде своето второ ЕР. Mix и master на второто ЕР врши Victor Love од Dope Stars Inc. Бендот исто така го снима својот прв спот за една од песните кои што ќе се најдат на новото ЕР - MUTATION : End of the World Disease. Ново издание, насловено G.I.N.A. (Genetic Information Navigates Alteration) ќе биде издадено од страна на Британската издавачка куќа Static Distortion Records на 15.11.2013. Истото ќе биде достапно на amazon, iTunes, spotify. Посетителите на настапот на Project 2501 на Фрик Фестивал 2013, доколки заинтересирани, ќе имаат можност да го купат новото EP G.I.N.A. предвремено.
https://soundcloud.com/project2501band
 
Ај и тука да пишам, на 6 ноември (среда) во фоајето пред кино Фросина / 2 спрат, со почеток во 9 и 30 ќе го промовираме вториот албум на Фуснота. Покрај нас, ќе настапат и Eclectic и Project 2501.
Повеќе тука:
https://www.facebook.com/events/548362428574772/
и тука
http://frik.mk/index.php/component/content/category/25-frik-2013

Сите се добредојдени.
 
Не е во Македонија, туку 550 км. северно. Тие што се упатени, знаат за што се работи:

Клуб Quarter, Нови Сад 12.12.2013:

1157467_10151793873129518_2029185606_n.jpg


Легендарниот Hardcore бенд од Њу Јорк, ќе настапи на 12.12. во Нови Сад, Србија, во клубот Quarter. Дел од нивната европска турнеја се и Deez Nuts од Австралија, Nasty од Белгија и Your Demise од В. Британија. Влезниците во претпродажба чинат 1.600 динари, а на врата 2.000 динари.​
Повеќе инфо, овде!
***********************************************************************​
Следниот ден, 13.12.2013 клуб Фабрика, Нови Сад:​
1462913_10151689961201401_1143874142_n.jpg
600 динари претпродажба, 800 на врата.​
 
Таксират 15 промо настан | PORN

Дојдете, нема да зажалите ви гарантирам! :D
1472898_599433073448661_345358251_n.jpg
 


„Драги другарчиња, по повод одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Тотално Опуштање Ве покануваме на дружење и промоција на нашиот нов, петти по ред албум ’А во слободно време’.“
15.12.2013. Кафе бар ’Браво’ / Страт: 20:00ч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom