Симптоми на болеста
Симптомите на новиот вирус се многу слични со тие на обичниот човечки грип, како што е покачена телесна температура, кашлање, суво грло, чешање по телото, главоболка и замор. Некои луѓе, пак, заболувањето го манифестирале со дијареа и повраќање. Вирусот Х1 Н1 може да се пренесе кога човекот ќе дојде во допир со нешто заразено и потоа ќе се фати за очи, нос или за уста. Исцедокот од кивање или кашлање од заразена личност се шири преку воздухот на растојание до 1,5 метар. Често миење раце ќе ја спречи можноста за инфекција. Болеста кај децата и кај возрасните се манифестира различно. Децата болни од свински грип како првични симптоми имаат проблеми со дишењето, црвенеење на кожата, хиперактивност, дезориентираност, покачена температура и кашлица. Кај возрасните, пак, се појавува проблеми при дишењето, болки во градите и во стомакот, вртоглавица и нагони на повраќање.
Доколку ги немаш или имаш сите овие симптоми треба да се оди на доктор.
Само температура се дига и од јадење жив компир ама сепак не се умира и немора да значи дека е свински грип.
Зошто искуства бараш? Кој ќе ти каже искуства ?
Се што се случува со обичниот грип симптомите со свинскиот се многу поизразливи и потешки се е многу над границата од нормала.