Полека, полека Светското завршува, нашата репрезентација го заврши учеството во 1/8 финале. Па така сега би направил една анализа во досегашните случувања !
Прво и основно ОРГАНИЗАЦИЈАТА на Светското беше
катастрофа, ептен потфрлија шпанците во организацијата, па да му е*ам мајката подобра организација имат овие шо ги играат Купот на Нациите во Африка

Па сега ко патуваа во другите градови за 1/8 финалето 3-4 репрезентации заминаја со воз, ќе се ебаваат по пат 12 саати и после ракомет ќе играт
Многу грешки особено со семафорите беше ептен аматеризам.
Друга работа, Шундовски кажа дека задоволен е со постигнатиот успех на Светското, а после таа негова изјава се крена голем глас од народот, плукања, пцуења, према него и ред други работи.
Искрено и јас сум задоволен од постигнатото !!!
14 место на Светското, односно да бидиш во најдобирите 15 земји во светот не е мала работа! Ние сите сакаме да биди шо подобар успехот на нашата репрезентација, ама толку ни е силата. Како сите други, така и јас сакам мојата држава да се врати со медал, ама сите знаеме дека е тешко !
Зошто треба да сме задоволни од постигнатото !?!?
-Ептен лошо почнавме во првите мечеви од групата, односно многу се мачевме со репрезентации од калибарот на Чиле и Катар, тука очекував победи полесни победи, не очекував да ги торпедираме со 10-15 разлика, ама на двата меча да имаме безбедни победи од 7-8 разлика !
На првиот меч со Чиле, премногу технички грешки, не смеевме да си дозволиме таква игра против аутсајдерите во групата, напротив тие требаа да бидат загревање за останатите мечеви ! А ние Чиле го добивме само едвај со 2 разлика

Вториот меч со Катар изигравме одлично прво полувреме, ја видовме вистинската Македонија но само во првите 30 минути, вторите 30 минути истата песна како во првиот меч со Чиле, повторно премногу технички грешки во напад, каде од сигурна предност од 9 гола разлика на крај Катар намали на само 3-4 гола ! Како и да е поминаја двете лесни утакмици и ги совравме максималните 6 бода !
Следеше мечот со Исланд, според мене
НАЈСЛАБ меч на првенстово на нашата репрезентација !
Без идеја во напад, многу слабо игравме кога ќе бевме во напад, друга работа Исланд изигра и феноменална одбрана така кажано по наши НЕ ПИКНАЈА ВО ШИШЕ ! До душа и ние не бевме слаби во одбрана, доказ е тоа што на мечот паднаја многу малку голови, но мислам овде имавме заслужен пораз !
Со Русите го изигравме
НАЈДОБРИОТ меч, ни лежат русите

Овде го покажавме вистинското лице, од негатива од 6 гола разлика на 20 минути до крај се вративме целосно во игра и на крајот мечот заврши нерешено ! Овде ме радуваше тоа што ракометарите докажаја дека се борат машки и не се предаја пред време !
За на последнито меч со Данска почнаја математиките пред време, со победа над Данска вака ќе биди, со пораз од Данска така ќе биди, на репрезентативците цел му беше да ја избегнат Франција во 1/8 финале. Тоа ќе се случеше доколку само ја победевме Данска, и нормално Франција да ја победи Германија меч кој се играше 2 часа пред нашиот, НО тоа не се случи

Германија ја победи Франција ги изненади сите резултатски, но не и со играта каде заслужено победија ! (искрено и јас мислев дека ќе тепа Франција ама ништо

Па така само пораз од Данска ни требаше за целта на ракометарите да биде остварена.
Можеви навивачите сакаа одмазда за поразот во Србија од Данска но тоа не се случи, иако мечот се изигра без жар, онака се изигра да кажам како пријателски, без мотив за игра...
Па така во 1/8 финале ја добивме Германија која е сосема друга Германија од онаа во Србија, подмладена генерација, силна и надежна. Јас кажав дали Германија или Франција секако ни беше пораз во 1/8 финале !
И на овај меч со Германија грешевме многу, дури во 7 минута го постигнавме првиот гол

Не ни оди со Германците, немавме сили за игра, плус го имаја разбранетиот Хајнветер, па беше јасно дека се патници во 1/4 финале !
Затоа мислам и треба да сме задоволни со постигнатото, пред почетокот на Светското мислев дека ќе бидиме 2 или во најмала рака 3 место во групата, ама на крај испадна 4. Овде го имавме ослабениот Исланд, но и тој знаше како против нас ! Доколку бевме 2 место како шо планирав, во 1/8 финале ќе го имавме Тунис каде мислам дека ќе имавме реални шанси за во 1/4 финале. То е то сега помина...
Мислам најголемата шанса на Светските првенства ја имавме во 2009 во Хрватска, каде завршивме 11 место, тука мислам имавме шанси и за подобар пласман, потоа следеше поправен испит на Европското во Србија каде бевме 5 место. Тие беа за нас најголеми 2 шанси за надигрувања, сега во Шпанија после лошите игри во групата, реален е и исходот на крај !
Околу репрезентативците и стручниот штаб:
-
Звонко Шундовски според мене тој во репрезентацијата беше како фигура ! Како што ќе му наредеја тој така правеше ! Ја немаше слободата, односно немаше мадиња да му се развика на некој од играчите доколку погреши. До душа тој е и мирен, повлечен чоек. Можеби и Шундо не е таков тренер кој можи да води репрезентација, нема доволно знаење, незнај шо да кажи на тајм аут, арно шо не разбират сите Македонски, иначе кога ќе беше тајм аутот ќе ни се смееше цел свет шо глушости треси ! До сега извади добри резултати со Македонија, 5 место во Србија, пласман на Олимпијада, пласман на Светско, не беше лош, но мислам дека не е за репрезентативен стручњак, за Шундо дај му некоја екипа и знај да напрај нешто, форсира млади играчи и можи од нив да биди нешто. Шундо го имам пратено баѓи време во Пелистер и зато ми е познат случајот околу него !
После Светското бев сигурен 98-99% дека сам ќе си даде отказ и тоа се случи
Ама дури да го напишам овај маратонски пост тој си поднесе оставка. Доколку не си поднесеше сам оставка, овие од РФМ немаше шанси да го сменат ! Ама Шунда е паметен чоек, во малиот прст ми Шунда знам шо прај
Е сега според мене исто 98-99% сум сигурен дека следен тренер ќе биди ЛИНО ЧЕРВАР, тој е човек кој ќе ги среди репрезентативците ! Дисциплината е на прво место кај него и то треба ! Доколку дојди а бааѓи сум сигурен во тоа, тогаш ќе видиме кој ќе игра, а кој нема да игра за Македонија, кај Лино нема "Ама сакам и брат ми да игра, ако не игра тој и јас не играм" кај Лино има да летаат шамари
Стар лисец е, зато и сакам да биди тренер, со него сигурно ќе ги имаме најдобите резултати. Лино има мадиња да се врати на секој и во фаца да му се дери
Околу играчите:
-
Борко Ристоски ни министер за одбрана ни ништо

Сосема друг Борко од онај во Србија, добро избрани само со Исланд, другите слабо, таков е беше Борко во Шпанија 1 утакмица брани 3 не брани...
-
Никола Митревски дечкото мислам е огромен потенцијал, ама сам се зезна шо остана во Металург и сега е 3 голман, шанса добива само во е*аната Сеха лига и зато не е во форма. Да си одеше во друг клуб, сега ќе беше врвен голман ! На мечот со Русија според мене играч на натпреварот

Не извади кога беше најпотребно, требаше повеќе минутажа да добие кога веќе не му оди на Борко требаше да сменат, сепак беше солиден...
-Владимир Темелков ептен е во слаба форма, можеби и повредата си го напрај своето, до негде е и тимот во кој настапува во некој аматерски тим во Луксембург, воглавно слабо...
-Наумче Мојсовски
-Филип Миркуловскиовие двајца се во катастрофална форма !! Играчи од кои очекувавме да има голем придонес на Светското, КАТАСТРОФА двата, со Мојсо незнам шо се случва го пратам во Металург не е толку слаб, овде незнам шо се случи, даде можеби 15тина гола на светското, напрај некој влезој, но тоа за него е НУЛА !
Исто и Миркуловски, противниците само пробивања што правеа над него, знај да се намести, а за во напад слабо на првенстово !
- Филип Лазаров - за мене НАЈПРИЈАТНО изненадување на Светското, ако во Србија изненадување од играчите беше Стоилов овде беше Филип, овај пат имаше мадиња за да влези и за да шутни, не се плашеше, како што беше во Србија, со еден збор кажано беше КЛАСА над Мојсо и Миркуловски на светското ! Фичо би го ставил во најдобрите 3 играчи на Светското од Македонија

Дури седеше во Металург ги собираше топките на тренинзи, дојде во Пелистер живна малку почна да прета, го купи Вардар изигра утакмици во Сеха и ете го до кај стигна ! Да имаше малку поќе мозок можеше странство да игра
- Дејан Манасков - надежниот ракометар на Македонија, ќе биди голем играч, има надеж во него, ама уште е мал, со само 19/20 години треба уште да расти, треба тренер со него кој ќе работи, има се брзина, скок, се што треба за едно врвно крило, САМО НЕМА ИСКУСТВО ! Уште лета рано му е

Со тие негови престапи мајката ни ја е*а на сите

Хајнветер го скри во џебот, не го остај да мрдни, па контрата што ја промаши за -1 со Германија

Го научија како селски буквар како шутира...
- Гоце Георгиевски не се покажа многу, ама и тој е млад има време и за него, за во напад се добри заедно со Манасков, ама за во одрбана се слаби двата !
-
Столе Стоилов одличен, прав пикер, знај да се сврти, да постигни гол, да изнуди пенал, тројца не го држат од шо е голем
- Ванчо Димовски само неговото искуство ни беше од помош, влегва и одма пенал за нас

-
Никола Марковки на првите 2 утакмици ветуваше, ама за со нив и јас ќе плескам голој, после слабо, ама и него рано му е, одма е фрлен во оган, има време...
-
Кирил Лазаров - не е тој Кире шо беше, во Хрватска беше во животна форма, сега и тој е опаднат, го газат годините, сепак воглавно добар беше...
-
Ацо Јоноски
-Велко МарковскиДвајцата си ја завршија работата во одбраната, знаеја од нервози да тргнат напред и да постигнат гол

-
Бранислав Ангеловски највероватно го изигра последното големо натпреварување за Македонија, бидејќи највероватно ќе оди во пензија, исто и тој како Ацо и Велко изигра добро...
То е то треба да сме задоволни од постигнатото, Шундо замина, сега ќе видиме шо ќе напрај следниот, иако не беше работата само во Шундо треба да се сменат и тие од РФМ !!!