Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Македонски гастербајтер ги спаси нашите ракометари во Севиља

Македонија | 11. јануари 2013 - 11:27
Благодарение на македонски гастербајтер, македонските ракометари имаа каде да се сместат по долгото и макотрпното патување во Севиља.

1602

rakometari-stignaa-500.jpg

Македонскиот гастербајтер Јосиф Мирчевски им обезбедил на нашите ракометари сместување во приватен хотел, автобус и сала за тренинг. Мирчевски има своја интернет страница која ја посветил токму на Светското првенство во Шпанија, www.osvoijasevilja.com
-Еекспедицијата на Македонската ракометна федерација пристигна во Севиља вечерва и се смести во привремениот хотел некаде околу 8 часот. Како и секогаш, проблеми со превоз, сместување итн, но сега за сега се’ добро се заврши. Дечките се преморени од долгиот пат, да им посакаме да се одморат најдобро што можат за да можат да ги остават срцата на теренот! Ајде да им покажеме дека цела Македонија е со нив, пишува македонскиот иселеник на веб страната
Тој упатува и голема благодарност до нашите шпански пријатели Чаро и Маноло кои помогнале по итна постапка да се обезбеди алтернативен автобус за ракометарите, иако работното време на повеќете превозници било веќе завршено или автобусите им беа зафатени.
-На играчите им обезбедивме и сала за да можат да се истегнат малку, но како што излезе времето за тренинг го поминале чекајќи официјалниот автобус од организаторот, најверојатно, автобусот уште бил на фарбање. Исто така, морам од мое име да му се заблагодарам на господинот Антонио Мореља, претседател на ракометниот клуб Дос Ерманас кој без никаков проблем се согласи да ја ослободи салата. За жал, на играчите на клубот не им се исполни желбата да ја видат петтата европска ракометна сила во нивната сала. Да се надеваме дека барем ќе дојдат на некој од натпреварите и дека ќе ги придобиеме да бидат наши навивачи, напиша македонскиот иселеник
 
Овој дебелкиов кондиционен ли им е ?:pos:
 
Значи 2-ка да ја лупам ако ја играм. :)

Не ми е за верување со 13 разлика да тепаат,ни наспани ни ручани ко што треба.
 
Со среќа нека им е на ракометарите, да се вратат со 1/4 финале би бил презадоволен. А за тоа со играчите колку смее да се повикаат: 18 играчи можат да бидат повикани од кои 16 ќе играат во фазата по групи, а другите 2-ца ќе чекаат репрезентацијата да се пласира во 1/8 финале и тогаш ќе имаат право за настап сите 18 повикани.
П.С. :ROFLMAO:
481232_460310947352197_1384006797_n.png
 
http://kurir.mk/sport/rakomet/98490-Ova-se-sudiite-koi-ke-ni-sudat-vo-Sevilja

Ова се судиите кои ќе ни судат во Севиља

Иако IHF сеуште не ја потврдилa, веќе неколку медиуми ја исфрлија веста дека се делегирани четири судиски пара за групата Б во Севиља на СП во Шпанија.

rakomet-500.jpg

Три европски и еден африкански пар ќе ја делат правдата на 15 меча во оваа група. Така секој судиски пар ќе има еден меч на располагање во коло, а еден пар ќе биде резерва.

Иван Какадор и Еурико Николау (Португалија)
Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни (Чешка)
Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ (Србија)
Јалатима Нанга Кулибали и Мамаду Диабате (Брег на слоновата коска)

Српскиот судиски пар два пати ни судеше на последните два теста во Ниш со Египет и Србија. Македонскиот судиски пар Драган Николов и Ѓорѓи Начевски се во листата на 16 судиски пара кои IHF ги делегираше за овој голем собир. Ова е комплетната листа на која има 12 европски судиски пара и по еден пар од Бразил, ОАЕ, Катар и Брегот на слоновата коска.

Ваљда добро ќе поминиме со судииве.
 
Четворица битолчани со автомобил тргнаа на 3.700 километри долг пат кон Севилја (ФОТО)
Четворица македонски навивачи од Битола синоќа тргнаа на 3.700 километри долг пат кон Севилја, за да ги бодрат нашите ракометари на Светското првенство кое за нас почнува утре со дуелот против Чиле.

Битолчаните Томче, Цалич, Баљка и Чокуз тргнаа до Севиља со автомобил со дресовите на Кирил Лазаров, откако тие беа добитници на наградната игра на официјалната веб страна на Кирил Лазаров и „Пелистерка“ за билети за СП.
Според најавите, навивачите два дена ќе патуваат за Шпанија за в сабота да бидат навреме во Севилја за мечот на нашата селекција со Чиле.

Истите навивачи ја бодреле ракометна репрезентација насекаде, почнувајќи од Вараждин и Задар 2009 до Ниш и Белград минатата година.
Според информациите од шпанскиот град, Македонија на СП треба да има поддршка од најмногу 200 навивачи, кои во сопствена режија од неколку земји во Европа ќе пристигнат во Севилја.
 
СВЕТСКИ АСОВИ ШТО ЌЕ ГО ПРОПУШТАТ СП -2013

WorldCship6.jpg

Поради своите години, поради формата и поради повредите многу асови ќе го пропуштат СП -2013 во Шпанија.
Унгарија ќе настапи без Фазекаш, Илјеш, Перез, Лалушка и Гулијаш.
Шпанија ќе игра без Хомбрадос, Кристијан Угалде, Раул Ентрериос, Хуанин, Парондо и Гурбиндо.
Полска пристигна без Лијевски, Росински, Ткачик и Јурасик.
Хрватска е без Бунтиќ и Ивано Балиќ.
Словенија е без Шпилер.
Франција без браќата Жил.
Кореја е без Јонг.
Исланд е без Стефансон, Атласон и Петерсон.
Македонија е без Алушовски и Ангелов.
Србија е без Бојиновиќ, Рниќ, Манојловиќ, Бељански и Чутура.
Црна Гора е без Жарко Марковиќ.
Чиле ќе настапи без Марко Онето Зунига.
Данска пристигна без Могенсен, Боесен, Каспер Нилсен и Кнудсен.
 
2ца имаме ко замена може да ѓи повикува или не на секој натпревар. Така да незначи дека и со Данска ќе играме со истиот состав. Најверојатно проценил дека треба Маркоски. Мене ме плаши што го нема Златко.... Да не се надуа Наум шо му го изостаиле братчето па да има пробивања и шутеви покрај гол.....

хахахха, не си упатен добро изгледа, тие двајца можат да се сменат со некои од 16те само после групите, и тоа само еднаш може да ги смениш и крај,;)
 
За првата фаза од натпреварувањето, на ден пред првиот меч, на техничкиот состанок ќе треба да се пријават 16 ракометари, или пак 15 со можност потоа во следните денови да се пријави дополнително уште еден. Во текот на целото СП може да се сменат само двајца играчи.
 
Ајдеее, уште помалку од два часа до почеток на Светското првенствоо, ајдеее...:vozbud:
 
Епа тоа е финтата кај нас.

Ни Кире нема чист образ па да им плесне у фаца. Пола од ракометарите имаат исто толку „прљавштини“ зад себе како и мафијашиве у федерација. Другите дали ради колегијалност, несакање да се умешаат у плетки или сосема трето премолчуваат.

Затоа е толку уплеткана ситуацијата кај нас, затоа и тапкаме у место, затоа никој не се решава да ја разреши, затоа што кај нас не е едната страна крива туку двете се со лош образ.
И тоа што викаш,не сме ја и ти кривците што Филип Лазаров е константен лев бек.:D
Се прашувам кој е...:ROFLMAO:
 
Има слики од салите кај што ќе се игра Светсково, ме интересира нашата?

Palacio Municipal de Deportes San Pablo

Palacio-de-Deportes-San-Pablo.jpg

1285756006_extras_albumes_0.jpg

SanPabloSevillaBasket.jpg

Капацитет 9 500.

Знае некој каде може да го следиме отварањето на првенството и првиот натпревар?
Ропациве од Шител изгледа нема да даваат пренос на тој натпревар.

Да беше олимпијада во која ние не учествуваме гарант ќе имаше преноси по цел ден.Отварањето обавезно,цел ден тоа ќе имаше на Тв.Ќе глеав скијање и пукање,троскок,фрлање копје и други глупости.Сега кога и ние учествуваме на ваков спортски хепенинг,пренос нема да има нормално.Ќе глеаме на стримови,и ќе се чудиме која коцка кој играч е.Добро барем ќе ги раликуваме Шпанија и Алжир.Црвените коцки ќе бидат шпанците да знаете.

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom