Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Знае некој каде може да го следиме отварањето на првенството и првиот натпревар?
Ропациве од Шител изгледа нема да даваат пренос на тој натпревар.

На Сител 3 ќе има пренос од натпреварот вечерва.
Бар така у програма пишуваше.
 
VaZoLjIN Сител 3 ќе врши пренос од Шпанија - Алжир во 19 часот.

Само се мислам зошто тогаш се отвори потфорум за Европското првенство( изгледа за реклама на Кајгана бидејќи беа директно на настанот..), кога и тогаш имаше само една официјална тема, а со отварањето на потфорумот темите си дојдоа спонтано ;)
 
Бес навреда,ама од вакви песимисти ко тебе,преку глава ми е,одвај чекам да видим коа ,ќе ве демантираат.па да видим тогаш дали ќе го:drk:,на нив.Не мора уште од сега да се ствара негативна атмосфера,да им дадемо шанса,па после можемо да критикувамо.
Абе друже тебе може да те биде преку се од такви како мене,ама ја само си кажав шо мислам,а моето мислење е добиено од искуство,а не од така шо ми текнало.Играв јас во таа наша Македонска СУПЕР ракометна лига и ги знам сите тие подли работи што се случуваат во ракометот кај нас.Така да биди сигурен дека нема да дркам на евентуален успех на ракометарите(кој од се срце им го посакувам),ама јеби га,искуството ме тера да бидам песимист
 
10ти фаворити за освојување на СП сме.
Иначе вечер утакмицата од 19:00 на Сител 3 ќе оди во живо
Утре Македонија ќе оди во живо на Сител, а Исланд - Русија ќе оди во живо на Сител 3.Поточно кажано сите натпревари на Македонија ќе одат во живо на Сител (во групите), а другите поинтересни на Сител 3.
 
Го научија веќе види му коефициент :pos:
217928_319562224812050_76686034_n.jpg
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 18:14 ---
Нема крај на циркусот: медицинската опрема на ракометарите патува со рентакар од Рим до Севилја!
Откако вчера не им било дозволено да ја внесат медицинската опрема во авионот на „Рајан Ер“ на летот од Рим до Севилја (преку Тревизо), одговорните лица на Ракометната федерација на Македонија решиле куферот тежок 75 килограми да го пратат со рентакар возило, кое до саканата дестинација го управуваат Никола Панчевски, директорот на репрезентацијата и Небојша Настов, лекарот на националниот тим.
Организација „на ниво“: претседателот на РФМ со селекторот и со капитенот на националниот тим
Ракометарите вечерва во салата во Севилја треба да го имаат последниот (и единствен) тренинг пред утрешниот дуел со Чиле од 15.45 часот и сите се надеваат дека медицинската опрема која е повеќе од неопходна и за време на тренинзите ќе стигне навреме на закажаната дестинација. Добро е што со тимот останале двајцата физиотерапевти, па играчите ќе имаат каква-таква медицинска нега додека не стигне официјалниот лекар.
Неразбирливо е како господата од РФМ не знаеле дека огромен метален ковчег тежок 75 килограми нема да биде примен во авион кој е од нискобуџетна авиокомпанија, па дури се обидувале со познатиот македонски шмек да го „поттурнат“ во официјалниот багаж. Но, кога виделе дека ѓаволот ја однел шегата, решиле опремата да остане во Рим, а со неа и директорот и лекарот на селекцијата. Двајцата добиле задача да изнајмат рентакар возило од Рим до Севилја, и да ја донесат потребната опрема до доцна попладнево.
Патот од Рим до Севилја е долг 2.355 километри, што е за 350 километри подолго растојание ако ковчегот со опрема тргнеше од Скопје до Севилја.
Во време на објавувањето на овој текст, опремата се уште не е пристигната во Севилја, а ракометарите, фала богу, конечно се сместија во официјалниот хотел каде што се селекциите учеснички на ракометниот Мундијал.

http://www.mkd.mk/89558/sport/medic...etarite-patuva-so-rentakar-od-rim-do-sevilla/
 
Значи циркузи сме бе, да ти се одмили и да се надеваш. Башка цела репрезентазија 2ца докторини деугите за најдобрите 6-7 играчи посебни физиотерапевти имаат... После сакаме срце на терен.
 
VaZoLjIN Сител 3 ќе врши пренос од Шпанија - Алжир во 19 часот.

Само се мислам зошто тогаш се отвори потфорум за Европското првенство( изгледа за реклама на Кајгана бидејќи беа директно на настанот..), кога и тогаш имаше само една официјална тема, а со отварањето на потфорумот темите си дојдоа спонтано ;)
Ќе пренесуваат во 7.


Иначе да бе стварно дај БАРЕМ нека отвори некој посебна тема за секоја утакмица,како ќе доаѓа.
Мислам не сум суеверен или нешто ама тогаш јако беше со секоја тема идеше и кило гомна изедени гратис,па еве смешкиве со патешествието на ракометарите,немој бе Симо не им сечи на луѓето-НЕ ШО ГИ ЕБАМ ЌЕ ГИ СЕЧАМ ! итн итн итн :icon_lol:

Посебен шмек и еуфорија ќе има.

П.С. Уште па ако има некоја лотарија за 100 најсреќни што ќе патуваат за Шпанија,ау ау ау :pos:
 
Од улица да соберам екипа подобри ќе бидеме од Алжир загреови се :tapp:
 
Од улица да соберам екипа подобри ќе бидеме од Алжир загреови се :tapp:

Не се Алжир многу слаби, Шпанците се многу јаки. Иначе ај собери и ја ќе ги соберам ѕверовите од маало и ќе одиграме една, па да видиме кој е кој :icon_mrgr:
 
На страна тоа што мечот не е квалитетен, барем од страна на Алжирците, што е и за очекување.
Мене ме нервира што на меч што не игра нашата репрезентација, се коментира за нив, па аман остај, ако не знаеш други информации околу тој меч што го коментираш си има интернет денеска и информации колку сакаш, таков меч што нема резултатска неизвесност, барем пополни го со тоа.
Ама ај, Сител е, па простено им е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom