Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Значи Бразил не одигра слабо , туку некои поединци како Кака и Фабијано. Робињо и Мајкон ги искинаа на Корејциве..
 
Робињо беше најдобар играч, посебно асистенцијата :drk:
 
Хондурас - Чиле

Вести:

Двете страни се надеваат дека ќе се опорават играчите со името Суазо. Хондурасецот, Давид Суазо од Интер се бори да биде обновен од мускулна повредата, додека голмајсторот на Чиле, Умберто Суазо ги лекува раните во колковите.
Не се очекуваше првично ниту еден од играчите да учествува во овој натпревар, но таа перспектива е сосема реална со оглед на најновите вести. Ако двајцата се отсутни, Џорџ Велкам од Хондурас и Естебан Паредес од Чиле се фаворити за нивни заменици.
Играта на Хулио Цезар де Леон од Хондурас е доведена во прашање поради повреда додека ѕвездата Вилсон Паласиос треба да се справи со болките во колковите. Гонзало Хара ќе започне како првотимец во одбраната на Чиле, но халфот Родриго Милар се бори со повреда.

Состави

Хондурас (4-4-1-1, можеби)
Валадарес - Мендоза, Бернардес, Фигероа, Изагуире - Алварес, У. Паласиос, Че Гевара, Мартинес - Нунес - Павон

Чиле (4-3-3, можеби)
Браво - Исла, Видал, Медел, Понсе - Фернандес, Кармона, Милар - Алексис, Суазо, Босежур

Инфо
Денешниот датум има огромно влиајние во историјата на фудбалот во двете земји. Хондурас дебитира на светско првенство токму на денешниот ден пред 28 години, а Чиле ја освои последната победа на светското првенство токму на 16 јуни 1962 година.
Победата на Чиле против Југославија во споменатиот натпревар му го донесе третото место во светско. По овој натпревар Чиле не победи на ниту еден во серија од 13 меча на светските првенства, што е третата најголема негативна серија во историјата на турнирот.
Сепак Чиле е во подобро расположение, по извонредните квалификации, кои му донесоа првото пласирање од 1998 година Чилеанците завршија втори, само на бод по Бразил, а аргентинскиот тренер Марс Биелса успеа да моделира одличен напаѓачки тим, кој поминува од 4-4-1-1 во 3-3-1-3 во офанзивен план.
За Хондурас е победа дури и самото присуство во Јужна Африка. Тој на второто светско првенство дојде по израмнувачкиот гол на САД против Коста Рика во 94-тата минута. Ова донесе малку радост за земјата по долги месеци на политички несогласувања и проблеми. Во 1982 година, исто така, никој не го планираше Хондурас, но тимот извади реми против домаќините Шпанија во првиот натпревар, а потоа го направи истото и против Северна Ирска.

Факти

Еден против друг
- Ова е првиот натпревар на големо првенство помеѓу двете земји.
- Чиле води со три на две победи на Хондурас вкупно во досегашните шампионати. Хондурас победи со 2-0 во најскорешниот натпревар, во јануари 2009 година.

Хондурас
- Хондурас ја прогонува првата победа на светското првенство. Тимот има две ремија и една загуба во 1982 година, по добивањето по еден гол во секој од трите натпревари.
- Хондурас нема победа во последните 5 натпревари (0-2-3), ниту дал гол во четири од нив.
- Најголемата победа на Хондурас против тим од Јужна Америка есо 2-0 против Бразил на четвртфиналето на Копа Америка во 2001 година.

Чиле
- Само еднаш од шест обиди Чиле ја поминал групната фаза, кога првенството беше во странска земја. Во 1998 година тимот се пласираше во вториот круг, каде беше поразен од Бразил со 1-4.
- Чиле нема победа во последните 13 натпревари на Светското првенство (0-6-7), што е најлошата тековна серија на светското првенство. Мексико ја имал истата серија помеѓу 1930 и 1962 година, Јужна Кореја имаше 14 натпревари без победа до 2002 година, а рекордот го држи Бугарија со 17 последователни натпревари без целосен успех помеѓу 1962 и 1994 година.
- Чиле освои 8 од последните 10 натпревари пред светското првенство, меѓу кои и последните три.
- Умберто Суазо стана голмајстор на квалификациите во Зона Јужна Америка со 10 погодоци.
- Тренерот Марсел Биелса ја водеше Аргентина на светското во 2002 година, кога гаучосите беа елиминирани уште во групата.

Судии
Главен: Еди Мајлет (Сејшелски острови)
Странични: Еварист Меинкуанде (Камерун) и Бехир Хасани (Тунис)

Анализа на пазарот
Дефинитивно Чиле е тимот, на кого букмејкерите се внимателни, но истовремено коефициентот за јужноамериканците расте. Во случајот тоа може да се разбере на два начина. Првиот се шпекулации, дека во Унгарија има масовни влогови за Чиле, откако досега се добија многу изненадувања. Вториот можен проблем е обид за сигурен залог од страна на големите поставени синдикати. Во секој случај, изборот ќе биде многу колеблив и најверојатно нема Чиле да однесе огромен ризик. При под / над 2.5 веќе навикнати на трендот андер. Реално букмејкерите многу избалансирано се справуваат со статистичниот проблем на претежно под 2.5 гола досега. Од една страна стапките се силно занижени, а од друга чекањето на оувер го надомести ризикот, кој се добива од масовните автоматски избори на андер.

Препорачани Влоговите
Прашањето е дали да се прогонува победа за Чиле. Мислам дека одговорот е позитивен, но со умерен залог. Чилеанците се под притисок да стават крај на долгата серија без победа на светското првенство, а тоа често налива олово. Може сепак, да се добие и лесно, т.е. со поголем резултат. Не верувам дека оувер-андер играта вреди, зашто таа стана игра на нерви.
Можеби кога ќе се свртат неколку натпревари од вториот круг, тогаш ќе може да се прави оценка, но во оваа фаза се гледа дека повеќето тимови воопшто не се обидуваат. Мислам дека Чиле ќе биде доста концентриран во одбраната и тешко ќе дозволи да прими гол од овој тим, кој и без тоа има проблем во напад.

И така:

Чиле да победи (1.66) 6 единици
Чиле -1.0 (2.25) 4 единици
НГ (1.53) 5 единици
 
Очекувам денеска Шпанија да ги прегази Швајцарија...здосадено е од 0 до 2 гола....нека паднат повеќе голови......
 
Според она што видов од Бразил вчера, воопшто не покжаа шампионска игра вчера! Единствено името бразил што го носат, инаку ништо не се издвоија од другите екипи на турниров(барем за првата утакмица)!
Единствено до сега шампионска игра прикажа германија, од стално сум зборел дека се машинерија, иако не ми се главни фаворити, и го докажаа тоа и сега
 
Погледнете каков фудбал има во моментов...чиле игра маестрално..конечно да видиме добар и атрактивен фудбал во светското...овие чиле подобри од бразил и аргентина искажваат со играта..браво
 
^ Јас пак мислам дека Бразил го потценија противникор, и влегоа релаксирано во натпреварот. Тоа секако дека можеше многу лесно да ги кошта, но ете на крај си заминаа со трите бода. А вистинскиот Бразил ќе го видиме со БСК и Португалија кога ќе играат. Тие противници си ги знаат многу добро и знаат каква игра треба да прикажат.
 
ходндурас се дрва како овие се пласирале на светсково?
 
Погледнете каков фудбал има во моментов...чиле игра маестрално..конечно да видиме добар и атрактивен фудбал во светското...овие чиле подобри од бразил и аргентина искажваат со играта..браво
Што има убаво во играта на Чиле, напаѓање како муви без глави. Убаво за око, ама крајно не ефективно. Брзи играчи а без мозок. Овие Чиле да ги видиме против една паметна типична европска репрезентација и ќе губат ко Грчка.
 
Топ се Чиле бе не дробете до сеа од пола и повеќе екипи играат поубав фудбал фала богу една утакмица асална да се изгледа.
 
А што сакате од екипа како Чиле, не се толку квалитетни, ама добар фудбал играат.Преку к*р ми е од играчите со мозок што не прикажаа ништо на Светсково.Напред Чилееееееееее!!!!!!!!!!
 
ходндурас се дрва како овие се пласирале на светсково?

Не се до толку дрва,туку Чиле се многу подобар противник и поспремни кондиционо.Ги изедоа,им играат одбрана у напад.
 
Боби[Мкд];3621972 напиша:
Што има убаво во играта на Чиле, напаѓање како муви без глави. Убаво за око, ама крајно не ефективно. Брзи играчи а без мозок. Овие Чиле да ги видиме против една паметна типична европска репрезентација и ќе губат ко Грчка.

Боби биди реален..чиле не е како европските репрезентации да чека на грешка на противникот и стрпливо да ја гради играта..чиле оди(според прикажаното) директно за да постигни гол без разлика колку е резултатот..муви без глави???..дали погледна какви акции,пасови и триаголници правеа...тоа од европските никој не го можи(освен шпанија)..според фудбалот што го прикажува чиле се одлична екипа и заслужуваат почит за нивниот пристап.....
 
Две-три добри акции имаше, другите беа само обиди еден на еден, премногу себичност на играчите. Секој сака да се прослави. Тој Санчез ниедно додавање немаше, средниот ред незнае топка да зачува појше од 5 секунди, нека се порадуваат додека како што реков не начекаат на дисциплинирана европска репрезентација, која школски ќе ги демолира.
 
Боби[Мкд];3622006 напиша:
Две-три добри акции имаше, другите беа само обиди еден на еден, премногу себичност на играчите. Секој сака да се прослави. Тој Санчез ниедно додавање немаше, средниот ред незнае топка да зачува појше од 5 секунди, нека се порадуваат додека како што реков не начекаат на дисциплинирана европска репрезентација, која школски ќе ги демолира.

Санчес може да му биде ментор на Томас Милер..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom