Светско Првенство - Турција 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • САД

    Гласови: 44 33,8%
  • Шпанија

    Гласови: 8 6,2%
  • Србија

    Гласови: 34 26,2%
  • Грција

    Гласови: 1 0,8%
  • Турција

    Гласови: 26 20,0%
  • Литванија

    Гласови: 8 6,2%
  • Аргентина

    Гласови: 1 0,8%
  • Бразил

    Гласови: 1 0,8%
  • Порторико

    Гласови: 1 0,8%
  • некој што не е наведен

    Гласови: 6 4,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Aбе Теодосиќ му дозволи на Шпанците да дојдат до нерешено на 20секунди до крај, Теодосиќ ги реши.
Напраи многу грешки, но ете клучната ја погоди...и сеа демек “јунак“ бил....а го забораваат Савановиќ кој постигна многу клучни поени.
 
Савановиќ,Кешељ,Бјелица,Величковиќ,Крстиќ ... сите се подеднакво заслужни.
 
Свака им част одиграа одлично :) После таа игра можам да кажам дека имаат шанса и за Светски Шампиони :D :toe:

--- надополнето ---

Но 1 нека ја поминат Турција па тогаш ќе правиме муабет :) Играат опасно турците !!
 
Ова само незналица може да го напише. Србија имаше цел напад до крај со тоа што на овие ќе им останеше секунда или две. Свесно шпанците не правеа фаул над Теодосиќ затоа што знаеа дека е добар изведувач на слободни. Самиот Скариоло во изјавата после утакмицата кажа дека чекале позиционен напад на некој од другите играчи (Крстиќ,Величковиќ) кои се полоши изведувачи на слободни, за да напраат фаул и си ги зголемат шансите за противничко промашување. Ама, затоа што планот беше да се шутне во последна секунда спорно беше само кој ќе дојде на блок за да дојде до превземање од страна на шпанците. Љуљ го чуваше Тео дотогаш и да останеше така сигурно немаше тој шут да се оствари ... ама, затоа што дојде Величковиќ и фино си ги сменија чуварите тогаш Гарбахоса застана пред Теодосиќ ... Е сеа, пошто вториов е побрз логично беше да стои малце пооддалечен од него за да спречи евентуален влез. Тео чекаше да помине доволно време ... шутна и погоди. Тоа ти можеш да го наречеш среќа затоа што беше од 9-10 метри, ама не можеш да кажеш дека акцијата пропаднала и дека шутот бил очајнички!

Во право си. Дуда им кажа, Тео ке ја држи топката цело време, и на 3 секунди пред крај ке шутне од пола терен. Еве баш сеа гледам на клипчињава.

Знаеш зашто не ми се коментира на форумов? Затоа што не можеш да најдеш еден непристрасен коментар (чест на исклучоците, се разбира). Не знам кој ме тераше да кревам рака во четврток...

Енивеј, добра кошарка имаше денес на првиот натпревар, се надевам таков ке биде и остатокот од првенството.
 
Ја акцијата ти ја опишав, превише е очигледна за да не ја сфатиш. А ти пошто си непристрасен верувај со натприродните сили кои ја втераа топката низ мрежичката.
 
Проблемот е што Тео шутна од една страна прерано, од друга од предалеку, 2 убитачни комбинации во случајов но за негова среќа погоди ...
Никој немаше да му замери доколку промашеше, но во случај да шутнеше 2 секунди покасно, вака со оглед на далечината од која го упати ударот, ризикуваше шпанците на крајот да имаат напад за победа во случај нормално да промашеше, за мене ова беше нелогично но како што реков, Тео погоди, и сега е херој, тоа е онаа тенка линија во спортот, или си во рај или си во пекол.
 
^

Небитно.Ќе направеа брз фаул,и две слободни за Шпанија.
И двете да ги погодеа,пак Србија ќе имаше напад и водство од 1 поен,и ќе победеше.
Како и да е,херојот е Милош,па сеа..
 
^Jaс зборам за другото сценарио, ако утнеше, друго е да утнеше а топката да ја избацеше на секунда до крај, друго е да утнеше на 3 сек до крај па Шпанија да беше таа која ке го имаше шутот за победа на крајот ...
 
Абе батка се правиш паметен со сила. Не си единствен што реагира вака на било какви коментари во однос на Србија. Тоа е чист комплекс очигледно многу лошо се одразува посебно по спортскиве теми на форумов. Како треба јас да реагирам кога ќе видам дека во Фан клуб на Германија и на сите останати репрезентации се коментира позитивно за нивниот успех, за играчите итн? Затоа ти велам дека сте искомплесирани кога ќе слушнете било што, што е поврзано со Србија одма мислите дека некој е предавник, дека не смее да се поддржува спортски некоја екипа и сл.? Па зашто јас да навивам за Шпанија во дуелот што помина? Тука нема патриоти на темава, коментарот е насочен спортски и во врска со тоа дека и лани го направил истото. Такада не ти држи вода ништо од тоа што го кажуваш подобро би било да се подразмисли малце него да се загушува темава без потребно.

:bravo: Убаво му кажа... СРБИЈА СВЕТСКИ ШАМПИОН...!!! Па следната година и Европски... :vozbud: Многу сме јаки.. т.е Многу се јаки... :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom