А ѓаволот не може да има удел во црквата (Има поговорка бега како ѓаол од крст)
Самата светост на црквата не му дозволува да влезе внатре.
1. Не секоја „црква“ што се нарекува „црква“ е Христова Црква. Христос јасно прорече дека ќе се јават многу лажни учители и ќе заведат мнозина. Христова Црква е онаа што се придржува до Христовото учење, бидејќи Христос јасно рече:
„
Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде....
Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди...,“ (
Исус, ев. Јован 15-то поглавје, Библијата)
2. Поговорката „бега како ѓаол од крст“ не е Библиска поговорка. Ако ѓаволот не побегнал, па дури и го напаѓал, се иживувал и Го искушуваш Исус Христос на самиот Голготски крст, тогаш зошто би бегал од некое друг крст?
3. Како што претходно неколку пати објаснив, во целата Библија (прелистај ја колку сакаш пати) никаде нема да најдеш дека некоја физичка градба е наречена „Црква“. Едноставно Библијата е јасна по ова прашање дека Христова Црква (Христово тело на Земјата) се наречени христијаните. Тие се храмот на Светиот Дух, а не некоја градба со крст на неа. Немам ништо против такви градби да се користат како места за собирање на христијаните, но далеку од тоа дека тие градби се црквата и дека Светиот Дух живее таму.
4. Ѓаволот нема ама баш никаков проблем да влезе во градба каде што се собираат христијани. Потсети се дека ѓаволот веќе бил влезен во Исусовиот предавник (Јуда Искариотски) и дури учествувал во Господовата Спомен вечера (првата причест).
Епа пријателе ако на ѓаволот не му пречела Светоста на Христос кој дури и нозете му ги измил на Јуда, па дури и му подал од лебот.. зошто би му сметало да влезе во некаква градба направена од човечки раце?
Во книгата на Јов исто така пишува дека Сатаната дошол да се поклони пред Бог (веројатно Божјиот престол на Небото).
„Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Бога,
а меѓу нив пристапи и Сатаната. Тогаш Господ го праша Сатаната: „Од каде доаѓаш?“ (
Јов 1:6, Библијата)
Оттука гледаме дека Сатаната нема проблем да се појави ни пред Бог, ни пред светоста која извира директно од Него, ниту пак бега од крст како што тоа православните поучуваат.
единствено може човек да го стори тоа да го запали оганот што и тоа не е вистина се гледа дека самиот од себе се пали и тоа место можеби е најсвето на целиот свет.
На почетокот на темава објаснив дека е лесно (прелесно) да се изведе самозапалување на свеќа со помош на бел фосфор. Секој студент на хемија може да ти го потврди ова. Еден мој пријател (што студира хемија) ми кажа дека тој експеримент го правеле и на факултет (само не со свеќа). Истиот ефект може да се постигне и на други начини. Секој просечен илузионист ќе ти каже најмалку 5-6 начини на кој што може да се направи тоа, а и го правеле тоа и тоа многу пософистицирано. Просечен илузионист може и од џебот да ти извади оган

Не биди толку наивен и да паѓаш на вакви ефтини трикови. Бог правел толку спектакуларни чуда, и срамота е ваков ефтин трик да му го припишуваме Нему. Божјите чуда се недвосмислени, јавни, проверливи.
Мислам дека едно време МПЦ испраќаше авион кој зимаше оганче од таа свеќа и ја носеше во Македонија.
Јас имам дома од тие свеќи. Еден мој пријател беше таму и ми донесе (33 свеќи). Еднаш ги запалив и замисли, во пламенот ја држев мојата рака исто толку време колку што на клипчињата луѓето ги држат нивните раце (3-4 секунди). Замисли немав никаква рана од огнот. Температурата е многу повисока над пламенот, но во пламенот лесно можеш да издржиш 3-4 секунди. Ако не ми веруваш ти стојам на располагање во секое време, со истите свеќи (ќе видиш на нив пишува Ерусалим).
Значи лага е и тоа дека тој пламен наводно не може да те изгори. Ако беше навистина така, тогаш луѓето нема само 3-4 секунди да пикаат раце, туку ќе можеа и барем 10 секунди. Ако тоа е навистина Божјо чудо и ако тоа е навистина Божји оган што не ги гори верниците, тогаш зошто некој не држи рака во оганот па и една минута?
Пак ќе речам, понижувачки за христијанскиот Бог е да му припишуваме вакви ефтини трикчиња и да ги нарекуваме Божјо чудо.