Сунгерка/Раванија

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
За Прочка,кој прави :гик:

ravanija.JPG-7470.jpg


Состојки

  • тесто 5 јајца
  • тесто 10 лажици шеќер
  • тесто 10 лажици гриз
  • тесто 5 лажици брашно
  • тесто 1 пециво
  • шербет 800 грама шеќер
  • шербет 400 мл. вода
  • шербет 1 ванилин шеќер
Подготовка

Со миксер ги матиме јајцата со шеќерот. Потоа ги додаваме гризот, брашното и пецивото. Матиме додека смесата да се соедини. Сипуваме во тавче и ставаме во релна да се пече. Откако ќе се испече го оставаме тестото убаво да се излади. Во тенџерче на оган ги ставаме шеќерот, водата и ванилата да зоврие. Кога шербетот ќе биде готов го сипуваме врз претходно изладеното тесто.


 
Цитро ти ептен кумановски наслов си стаил :icon_lol:
За Прочка,кој прави :гик:

Иначе само шо ја напраивме сунгерката (по кумановски) или попозната - раванија, да се излади малку па ќе ја пробам :pipi:
 
Цитро ти ептен кумановски наслов си стаил :icon_lol:


Иначе само шо ја напраивме сунгерката (по кумановски) или попозната - раванија, да се излади малку па ќе ја пробам :pipi:

Сунгерка е,каква рованија .. Мека како сунгер,по логичен наслов амин :icon_lol: Али најубава ми е.А има ли шански од сунгеркава да се направи чоколадирана сунгерка,со прелив од чоколада :rolleyes:
 
Јас веќе јадев пред да си тргнам на работа поубаво нешто здравје :love:
 
Сунгерка е,каква рованија .. Мека како сунгер,по логичен наслов амин :icon_lol: Али најубава ми е.А има ли шански од сунгеркава да се направи чоколадирана сунгерка,со прелив од чоколада :rolleyes:
Можда би можело кога ќе се мати тоа со миксер да му се стави стопено чоколадо или какао,па после печење стопено чоколадо :D
 
Најдобро ''благо'' кое го обожавам, без никакви вештачки бои, аромати и препарати, од кои потоа те кине киселина и слично. Ја обожавам раванлијата со многу шербет и чоколада одозгора, па уште и беланец од белка од јајце ммммм.
 
Сунгерка е,каква рованија .. Мека како сунгер,по логичен наслов амин :icon_lol: Али најубава ми е.А има ли шански од сунгеркава да се направи чоколадирана сунгерка,со прелив од чоколада :rolleyes:
Ти стај малце кокос одозгора, преубав вкус и дава :love:
 
Вечна дискусија: Дали е раванија или араванија? :)
 
Луси_Лу прави најбоља раванија. True story.
А кој сака набрзинка да си направи, во Рамстор се продава готова смеса, само се меша, се пече и се става шербет. Прилично е вкусна и таа.
 
Сунгерка е,каква рованија .. Мека како сунгер,по логичен наслов амин :icon_lol: Али најубава ми е.А има ли шански од сунгеркава да се направи чоколадирана сунгерка,со прелив од чоколада :rolleyes:

Можда би можело кога ќе се мати тоа со миксер да му се стави стопено чоколадо или какао,па после печење стопено чоколадо :D


Нема да биде тој вкус. Ќе добиеш нешто слично на brownies. Не експериментирајте многу и праќајте наваму! :)
 
Прејако нешто, уште поубаво ако има ораси или суво грозје внатре.:rolleyes:
 
Јас ја правам ден претходно за да може да го впие шербетот поубаво и зошто ми е повкусна кога ќе отстои гризот. Во рецептата, на едно јајце ставам една лажица шеќер. А шербетот го правам со 600 мл. вода и 600 гр. шеќер, и наместо ванилата ставам цел лимон. И еве ја. :)

580553_10200287141293900_552676660_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom