Сум се разбудил денес...

Се разбудив во свет во кој се каам што воопшто се разбудив..
Време е за револуција.
Биди револуционер.
Разбуди се.
Разбуди се како револуционер.
Разбуди се за МАКЕДОНИЈА.
Револуционерот не одбира кога ќе се разбуди.Не одбира ни каде ќе се
разбуди.ниту меѓу кој луѓе ќе се разбуди.
-Разбуди се и одбери го патот на револуционер врз нашава црна и
премрежна ветрометина од татковина, среде нашиве столетија
сите од крвје и од колежи, сите од сечења јазици фрлаља живи в гроб,
сите од одродувања и од дивјачки копачења на нашето име и на
нашето потекло, среде нашиов македонски непокор по кого најсигурно
не препознава и не памети мислата на другите и на светот.
-Разбуди се и одбери го патот на македонскиот револуционер-значи
тргни по врвицата што познава секогаш тргнување но не и стигнување
на целта.Бидеиќи смрта му била на македонскиот револуционер
секогаш поблиската,дофатна награда,отколку слободата.
Па сепак при секое ново будење македонецот го одбирал само тој пат.
Нема македонска генерација што се откажала од таа своја обврска.
Затоа сега разбуди се и кажи му на светот дека си жив и дека постоиш.
И ДЕКА СИ МАКЕДОНЕЦ ВО ТАТКОВАТА МАКЕДОНИЈА:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom