- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
28.04.2006

Судот од Младенов, како казна, бара речиси 20.000 евра. Судијката Весна Димишкова на основачот на неделникот „Фокус“ му изрече казна за клевета од 150 дневни глоби, или 155.000 денари.
Таа делумно го уважи и барањето на Костов за нематеријална штета.
Му наложи на Младенов за 15 дена да му исплати на костов 950.000 денари за претрпена болка, 5000 денари за судски паушал како и да ги плати судските трошоци на тужителот.
Младенов и Костов не се појавија во судот.
Хари Костов најави дека накнадно ќе соопшти дали е задоволен од пресудата.
Младенов за А1, пак, најави дека ќе оди до Стразбур и дека судијката ја испуштила шансата да измени нешто во процесот на гушење на слободата на говорот.
Кога ја поднесе тужбата, Хари Костов бараше отштета од 100.000 евра.