Судбина

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Судбина..постои или се е случајност..?

Ај да видиме кој како мисли за судбината:)
Мислам дека никој нема отворено ваква тема..разгледвав и не видов нешто слично.
Баш ме интересира вашето мислење околу судбината.
 
Тамарче мислам дека има ваква тема во филозофија :) ама ако ке ја спојат.
Инаку според мене повеќе е случаност од судбина да се случант некои работи.
 
Ја сум цврсто убеден дека постои дел од нашиот живот кој што е веќе испланиран од некоја повисока сила и кој што сам по себе ќе си дојде.
Тука прд се мсилам можеби на наоѓање на сродната душа, или совршената кариера(професија).

Но не треба ние како луѓе на тоа да го темелиме нашето секојдневие врз основа на тоа бидејќи сепак на крајот на денот се гледа што си изработил колку си бил добар со другите итн.
 
Епаа глеам дека споиле ;)
Иначе мое мислење е дека секој има своја судбина, и дека Бог на секој од нас ни дава можност некогаш да бираме..И некогаш со нашите постапки да смениме некој работи!..
 
Кога се зборува за судбина обично ја поврзуваме со религијата и со Бог. Нешто ми е матно околу тоа како нашиот Бог ни даде слободна воља, значи право на избор и ни го одредил животниот тек. Или пак се она што ни се случува го нарекуваме судбина и во тој случај таа сигурно постои.
Останува на нас да се прашуваме, религијата и верата се вечни дилеми.
 
Sekoj covek si ima svoja sudbina ama sepak toj samiot moze da pridonese za da si ja popravi.Neznam sea dali dobro se izraziv ama vajda me svativte so sakav da kazam.
 
Блах. Од никогаш не сум верувал дека судбината ми е напишана уште кога сум се родил. Сами ги бираме патеките во животот по кои се движиме. Можам само да кажам дека секоја постапка која ја правиме е само наш избор, а секоја следна постапка е последица на претходната. Ние сме оние кои одлучуваме што и како ќе биде. Нормално, не секогаш се одвиваат работите во наша корист, но секогаш сме спремни да се вратиме во колосек и да го исполниме она што го сакаме.
Самите сме си кројачи на сопствената судбина, како што и самите сме автори на својот живот.
 
Судбина бе... често го слушаме ова, ама мислам дека сепак ние самите имаме голем удел во креирањето на истата, низа навидум неповрзани настани ќе резултираат со некој исход... среќен или не. Патеките и начините на формирањето на судбината т.е исходот сеуште не можам да си ги разјаснам а и неверувам дека некој успеал во тоа во текот на еден животен век колку што го имаме па колку сака нека трае истиот.
 
Судбина не постои.
Постои само константен тек на настаните кој го креираме самите и е во зависност од нашето дејствување, па последиците, појавите и настаните идат пропратни на нив.
Нема ништо определено и детермирано, освен константниот процес на природата. Раѓање, егзистирање, смрт.
 
Сите дејствија што ги превземам во животот ми ја креираат судбината.

Судбината не е изолиран настан туку правец на движење.Животот е патот што не води до судбината.Природата на нашата судбина (успех-неуспех ,среќа-мизерија) зависат од тоа кој правец на патот ќе го одбереме.Се е избор на слободна волја.Судбината не се состои во потешкотиите што ни се испречуваат на патот туку во нашите реакции и одговори на тие состојби.

Така да не верувам во судбина...верувам во избор на слободна волја.
 
Судбината не постои,постои само избор...Кратко ама јасно што сакам да кажам...
 
Судбина не постои во класична смисла на зборот. Постојат само наши свесни и несвесни постапки, и туѓи свесни и несвесни постапки кои што влијаат на нашиот и животот околу нас.
 
Ние си го градиме нашиот живот и се што ќе се случи или се случува зависи од нас....но сепак мал дел од мене верува дека судбината постои и на секој од нас му е предодредено што и како ќе му се случува во животот! 50:50 :)
 
Верувам во Судбина, и тоа дека нашиот живот е замислен однапред. Има толку ситуации и причини кои ме навеле на такво мислење, и сум убедена во тоа. Човекот може да измени некои детали, но судбината е таа, тука, и нема бегање.
 
Судбина постои
кога избираме
кога сме во можност да бираме
ние бираме меѓу веќе понудени опции
што значи дека нема слободна волја
и дека секогаш посилниот мотив
ги детерминира нашите постапки!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom