Студирање во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување
Ако има некој што студира во Данска нека биде добар да ме информира колку се движи школарината, колкави се трошоците за живеење, да ме упати нешто :) Знам дека рано ми е, али ја навреме да се информирам. Благодариме:smir:

Скапо е. Барај си стипендија преку нет ;)
 
Vo viena mi e 20 evra od semestar hahahahha. Btw ima li nekoi nasinci u Wien, da napravime edna Makedonska zurka :) . Ja tuka znam se na se 3ca sto studiraat a se od Mkd
20 евра од семестар во Виена, аман бре :LOL: имаш нешо стипендија? јас сакам или Словенија или.. па каде и да било освен Мк. Како е таму? Шо факс си?
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 02:19 ---
На 10ти Септември ќе бидат објавени резултатите од факултетите во Љубљана :) Кој стигна да аплицира ? Инаку нема школарина за студенти од Македонија е бесплатно, плус добиваш 200 евра стипендија и платена пракса ;)
стипендија?? ау па добро е тоа, малку повеќе инфо околу тоа ако може, а и за се друго не ќе биде лошо, фала :)
 
20 евра од семестар во Виена, аман бре :LOL: имаш нешо стипендија? јас сакам или Словенија или.. па каде и да било освен Мк. Како е таму? Шо факс си?
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 02:19 ---

стипендија?? ау па добро е тоа, малку повеќе инфо околу тоа ако може, а и за се друго не ќе биде лошо, фала :)

Нема стипендија укината е прочитај поназад :)
 
Дали има некој што студира во Велика Британија ме интересира околу преведувањето на свидетелствата. Дали треба овде да ги преведам кај овластен судски преведувач и кога ќе отидам таму да барам еквивалентини на нив . или аплицирам со преведените?
 
Ме интересира дали е бил некој од вас на едносеместрална студентска размена преку Еразмус програмата во некоја од европските земји, па да сподели искуства, дојами и сл. ??
 
Здраво
Дечки сакам да се префрлам со моите студии во Италија. инаку студирам италијански јазик, па ако некој знае за некои стипендии или за студирање во Италија нека пише;)
јас студирам во Италија,Џенова...јас аплицирав преку Италијанска амбасада(значи најпаметно би ти било) инаку ја сум веќе 2ра година...значи за студентски живот нема да се покаеш ако решиш да дојдеш :)) ако те занима уште нешто...пиши у пошта или прашај тука...
--- надополнето: 12 март 2012 во 00:50 ---
Ме интересира дали е бил некој од вас на едносеместрална студентска размена преку Еразмус програмата во некоја од европските земји, па да сподели искуства, дојами и сл. ??
Јас планирам да одам во Германија..од септември..значи имам другари шо се у Шпанија,финска,франција,кипар,турција,естонија преку еразмус..и ми кажаа дека искуството несмее да го пропушти ниеден студент шо има можност да иде..испити се даваат полесно,многу повеќе забави и то.. :))
 
Здраво,

Јас сум заинтересиран за студии во Германија, го пребарав цел интернет, се јавував во амбасада но сето тоа беше залудно.. На сите места каде што се обратив не добив конкретен одговор од типот (тоа е се што ти треба). Сакам да ве замолам доколку имате било какфи информации за студирање во Германија да ми кажете. Ви благодарам пред сее ;)
--- надополнето: 12 март 2012 во 07:12 ---
Некој што студира во Австрија?:smir:
Мислам дека за во Австрија нема никаков проблем за студии. Само треба да се јавиш во амбасада они подетално ке ти објаснат, но пред се бараат висок степен на познавање јазик А2-Ц1 зависи се од факултетот . Поздрав
 
јас студирам во Италија,Џенова...јас аплицирав преку Италијанска амбасада(значи најпаметно би ти било) инаку ја сум веќе 2ра година...значи за студентски живот нема да се покаеш ако решиш да дојдеш :)) ако те занима уште нешто...пиши у пошта или прашај тука...
--- надополнето: 12 март 2012 во 00:50 ---

Јас планирам да одам во Германија..од септември..значи имам другари шо се у Шпанија,финска,франција,кипар,турција,естонија преку еразмус..и ми кажаа дека искуството несмее да го пропушти ниеден студент шо има можност да иде..испити се даваат полесно,многу повеќе забави и то.. :))

Може ли да ми кажеш малце подетално (ако си упатен и знаеш норамално) како тече целиот процес на апликација, како те примаат-како не, има ли дополнителни тестирања пред приемот. Јас аплицирав преку мојот Универзитет и ми вратија мејл дека апликацијата ми е прифатена и дополнително ќе ме известат во наредниов период за што и како понатаму.

Колку што имам слушнато, прифаќањето за студирање и не било така лесно. Во соопштението беше наведено дека студентот мора да има високо познавање на јазикот во државата која ќе ја одбере (без разлика дали студиите ќе бидат реализирани на англиски или друг јазик) и ќе му се врши проверка т.е. тестирање од комисија за утврдување на нивото на негово познавање на јазикот. Тоа мене најмногу ме изремети и ми го стесни изборот само на Велика Британија и Ирска (каде прв јазик е англискиот) за можни дестинации.
Ма да деновиве слушнав муабети дека државата наведена во апликација не мора да биде пресудна, па и ако не го познаваш добро јазикот можело да те пратат во сосема трета држава да студираш.

Се друго што знаеш за програмава би те замолил да споделиш, бидејќи јас искрено сум ептен малку упатен во сево ова ..
--- надополнето: 12 март 2012 во 21:04 ---

Вака..значи ја сум 2ра година..пред да тргнам,на курс бев само 20 часа во Македонија (значи без јазик отидев).Апликацијата се прави во Италјанска амбасада околу мај јуни (најдобро ќе ти биде да се јавиш што е можно побргу,јас вртев милион пати) инаку,ако планираш за во Џенова, има бесплатни курсеви за почетници.Инаку незнам шо факс сакаш да идеш,пример медицина/фармација/хемија/псохологија... мислам дека има приемни тестови и има квота до колку студенти може (не се многу мислам),кај мене на Политички науки,приемен, имаше нешо за јазикот,ама доволно беше да кажеш 3-4 збора да видат дека сакаш и имаш волја да учиш.Инаку пронајди ме на фејсбук (Martin Ristov) пошто не сум многу по форуми :)
 
Сакам да запишам факс у Америка. Повеќе информации да ми даде некој би му бил многу захвален.
 
Ај ако некој има повеќе информации во однос на машински во Белград/Загреб. Какви се процедурите за прием и колку динеро ќе ме фати по семестар?
 
Здраво,

Јас сум заинтересиран за студии во Германија, го пребарав цел интернет, се јавував во амбасада но сето тоа беше залудно.. На сите места каде што се обратив не добив конкретен одговор од типот (тоа е се што ти треба). Сакам да ве замолам доколку имате било какфи информации за студирање во Германија да ми кажете. Ви благодарам пред сее ;)
--- надополнето: 12 март 2012 во 07:12 ---

Тука ти се наведени сите потребни документи кои треба да ги приложиш во амбасадата во Скопје за да добиеш виза:
http://www.skopje.diplo.de/contentblob/456886/Daten/2095806/Studium.pdf

Инаку зависи каде и на кој универзитет сакаш да студираш, бидејќи секој универзитет има различни правила и рокови за прием на странски студенти. На некои универзитети се плаќа партиципација, а на некои не. Исто така зависи што сакаш да студираш. Има некои смерови кои примаат ограничен број на студенти. За нив мораш да конкурираш и да чекаш резултати дали воопшто ќе те примат. Можно е и да полагаш приемен тест. Смеровите кои примаат ограничен број на студенти обично се обележани со NC (Numerus clausus). За останатите смерови кои не примаат ограничен број на студенти треба само да ги исполниш условите за прием на факултетот и веднаш добиваш место без претходно да конкурираш.
За да те примат на некој факултет мораш да имаш претходно положено тест за познавање на германски јазик, т.е. DSH (сведителство за германски јазик за прием на универзитет) или TOEFL ако смерот се студира на англиски.
Ако имаш некое поконкретно прашање пиши!
 
Сакам да се запишам медицина во Бугарија(се двоумам меѓу Софија и Плевен)..па ако има некој да ми даде повеќе информации..како се движат цените на приватниот смештај, дали има некои стипендии за странски студенти, кога се уписите, дали има некој приемен испит..
 
Сакам да запишам факс у Америка. Повеќе информации да ми даде некој би му бил многу захвален.

Мислам дека роковите за поелитните универзитети се завршени. Иначе мораш да го полагаш SAT тестот, англиски обавезно, математика и пожелно би било уште некои предмети поврзани со major-от што ќе го избериш. Во секој случај мислам дека е касно да аплицираш за било кој универзитет во Америка, ако го немаш полагано SAT заборави за оваа година.

Иначе некој нешо инфо за Словачка?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom