- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Не ни се поклопуваат гледиштава, ама се трудам моево некако да ти го објаснам како пологично.Ниту јас, ниту ти не можиме како поединци да воведиме ред или на некој да го превоспиташ. За тоа нека си постојат контроли. Како шо можеше во декември парното да не работи,а да вршат секојдневно контрола дали случајно имаш греалка во соба, така можат да вршат контрола барем еднаш неделно дали нешто е оштетено од инвентарот во истата.
Не е во ред контролата од проста причина што ти ја нарушува приватноста. Не сакам бе јас секоја недела некој непознат да ми се шета низ соба. Па и да имам греалка тоа си е моја работа.
Споредбава јас правам чисто од лично искуство со Германија каде што приватноста се цени најмногу од се’. Кога може тука, во земја каде што се’ функционира беспрекорно и во најдобар ред, никакви контроли да нема и никому да не му е гајле што ти работиш во собата и пак на крајот се’ да си биде во ред... треба и кај нас исто така. Ама не може така со овој ментален склоп. Не сфаќам како може да одобруваш некој низ соба да ти влегува кога ќе му текне и да те проверува секоја недела. Мислам, ако сам/а не си ја почитуваш приватноста, кој друг сакаш да ти ја почитува? И собите конкретно не се опремени тука со се’, туку со најосновните работи што ти требаат. Па гледаш кој си купил микробранова, LCD, гарнитура за седење, теписи.... И треба некој да го избрка ради тоа или казни? Се подразбира дека ќе си донесиш тоа што ти фали од инвентар.
И убаво ти пиша @Srcee, ќе избркаат некого поради направена штета и што после? Кој ќе го компензира тоа. Пристапов кон проблемот не ти е соодветен.