https://www.facebook.com/operacija.studentski.dom?fref=ts
На секоја генерација нешто и виси. Веќе ти сама почна изговори да си бараш. Небитно,се надевам иницијативава нема да згасне.
Емка, не пишувам овдека за да наоѓам маани на студентите, туку да дадам некаква поддршка. НО ако не се побуните вие, ќе нема кого да поддржам. Да, ние може да делкаме муабет до сабајле дека сме можеле ние нешто да направиме. Не сме направиле.
Прашањето е што може да се направи сега? Што можете вие? Дали сте направиле се’ што е во ваша моќ?
Никој не очекува студентите да ги изградат домовите. Но се очекува вие да го сработите вашето: иницијатива, протест, што и да е.
Дури и да не успеете, ќе знаете дека сте направиле се’ што било до вас.
Уште нешто: кога јас студирав, женската зграда во Стив беше речиси па нова. И демолирана. Немаше ниту едно веце со брава, вратите во бањите беа откорнати. не е само да са направи, треба да знае и да се сочува.[DOUBLEPOST=1394760416][/DOUBLEPOST]
langelina само за потсетување на твојот прв пост кај шо ти реплицирав, доволно кажа колку вашата генерација била закржлавена, ама во буквална смисла, па сега да ми кажуваш за идеалите на младото општество.
Сега еве се покренува иницијатива пополека, одма сте негативци.
Ако не примеќаш и да се покрене иницијатива некој треба да ја поддржи. Тој некој треба да биди цело општество, пред да заземи политичка страна,а веќе и вие сте тие кои и удрија таков печат на нешто што не би ни требало да постои.
Не поддржаваш, туку се контраш со ставот "Сум била студент, знам како е, ама зошто се буните"
И чекај бе малку, до МОН треба да стигни некоја иницијатива со слики, како да не знаат како е?
Се маваат премногу во гради со некои реформи на кои само потрошија пари,а вистинските проблеми и точно така како што ти ги нарекуваш, столбот на секое општество ги закопаа и ги оставија да гнијат.
Значи и ти се фаќаш за истово, како нашиве политичари кои велат: и вие правевте така. И покрај тоа што има фб-страница, освен сеир, не гледам серизна иницијатива за подобрување на условите.
Успех не се постигнува со лајкови.
Веројатно не бев јасна. Мене ме чуди што се зачудени оние што се моја генерација, што оставаат коментари како првпат да слушаат за ова. И ме чуди што имаше многу малку студенти во тие дискусии.
За која иницијатива зборуваш? Еве, на пример, што е твојата иницијатива овде?
Кажа ли ти дека барате тоа, тоа и тоа и барате поддршка?
Не.
Зашто не барате.
Кој и да е, МОН или кој и да е било правен субјект, мора да добие БАРАЊЕ врз основа на кое ќе приведе средства и ќе отпочне со работите.
Дури и кога има протести, на крајот пак мора да седнат и писмено да ги достават барањата.
Тогаш сите страни имаат чиста ситуација. И барателите знаат што барале и дали е исполнето барањето, и другата страна знае какво барање добила и дали е исполнето. Симпл ес дет.