Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе праша ли уште некој кога ќе бидат објавени конечните????? Бар одеднаш на сите да ви одговараме, а не на секој одделно, кога веќе ве мрзи да излистате две страни назад... :tapp:
 
Ќе праша ли уште некој кога ќе бидат објавени конечните????? Бар одеднаш на сите да ви одговараме, а не на секој одделно, кога веќе ве мрзи да излистате две страни назад... :tapp:
Па затоа пиши кога се, за тие што ќе прашаат после две страни кога се вселувањата да не се враќаат наназад 4 страни :D
 
Па затоа пиши кога се, за тие што ќе прашаат после две страни кога се вселувањата да не се враќаат наназад 4 страни :D
Лично јас минимум 2 пати во последните 10тина дена имам пишано кога се, а и во конкурсот се убаво си пишува, така да не знам што е тоа што не ви е јасно.
А ако тебе и уште неколку други не ве мрзеше да излистате по 2 страни и не ја трупавте темата со непотребни прашања, тогаш и следните што ќе прашаа немаше да мораат да се враќат 4 страни наназад :D
Значи, се надевам за последен пат:

За бруцоши:
Електронско пријавување: 21.08-27.08 на www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj;
Прелиминарни резултати: 29.08;
Доставување документи: 30.08-03.09;
Конечни резултати: 08.09;
Вселување: 10.09-15.09;

За повисоките години:

Електронско пријавување: 12.07-12.08 на www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj;
Прелиминарни резултати: 15.08;
Доставување документи: 24.08-28.08;
Конечни резултати: 30.08;
Вселување: 01.09-10.09; (Со тоа што постои можност да се почне од 03.09, бидејќи први и втори се викенд) ;

Потребни документи (за студентите кои ги има на прелиминарниот список):
1. Молба;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот;
4. Потврда за редовност во студирањето на студентот;
5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование.
6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство;
7. Потврда за остварена нето плата на вработените членови на семејството за месец мај 2012 година или доколку за овој месец не е исплатена нето плата, да се достави потврда за последната исплатена нето плата (а истата да се наведе и во електронската пријава); за пензионираните членови на семејството се доставува чек-испратница од пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Агенција за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави препис од извод на умрените (и чек-испратница од пензија); за разведени родители да се достави доказ за разводот, додека за учениците и студентите (сестри, браќа) потврди од училиштето, односно факултетот;
8. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
9. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.

При вселување:
-Обврска за жиранти
- Копии од личните карти на жирантите
- Меница од 100 денари (најдобро да ја однесете празна, па ако треба ќе ја пополните таму)
- Kопија од лична карта на студентот
- Платена станарија за месец септември
- Платено КЗЖ (културно забавен живот) - 250 денари
- Три сликички.

И тако то...
 
Јас имам прашање. Доколку ме нема на прелиминарен список видов дека се носи жалба во министерство за образование. Ако знаете ве молал кажете ми што треба да стои во жалбата и дали со неа треба да ги доставам сите документи?
Благодарам .
 
Прелиминарна листа за бруцоши уште не е објавена?
 
Каде треба да се носат документите?
Секој во својот студентски или сите во Кузман?
 
Викат на 29 ќе излезе, ама не кажуваат во колку... (n)
Битно утре треба да се достават документите...
 
Јас имам прашање. Доколку ме нема на прелиминарен список видов дека се носи жалба во министерство за образование. Ако знаете ве молал кажете ми што треба да стои во жалбата и дали со неа треба да ги доставам сите документи?
Благодарам .
Не, жалба во МОН, туку приговор во Кузман. Ги носиш истите документи, само ќе прашаш каде е за приговори и ќе ти дадат да пополниш зошто мислиш дека не си примена. Ама рокот за приговор за небруцошите беше минатата недела.
 
Фала уште еднаш. За друг прашував. :)
 
За небруцошите пишеше 16-ти ама не излезе ниту во 12 навечер туку на 17-ти во 10 ч. Нешто слично ќе биде и за нас...
 
Абе ова од УЈП потврдиве може оригинали или мора копија заверена на нотар???
 
Абе ова од УЈП потврдиве може оригинали или мора копија заверена на нотар???
Дај не зафркавај треба ли да бидат на нотар заверени?? :facepalm: Јас немам ништо заверено на нотар. Денес ги земав документите од УЈП и изгледаат како копии (обични документи)... За секој член од семејството по едно УВЕРЕНИЕ за остварен приход.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom