Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки да прашам ако некој знае да ми одговори дали има шанси да ме примаат у студентски дом. Ме има на прелиминарниот список ама се уште не сум се запишала ке го направам сега тоа на вториот уписен рок, а гледам на пријавата дека треба и број на индекс
 
П. С. Сега за вселување има некои посебни формалности ова-она?
Има, 4-5 уплатници, 10-тина формулари, лепење сликички со уфо лепак. :rolleyes:o_O Feeling unhappy and unsatisfied? Т.е сакаш да го отстапиш местото? :D
 
Моеш све да си стајш, ние имавме компјутер и телевизор. Само лоша работа е што напонот ќе паѓат неколку пати неделно, со свеќи ќе сејте. : )
Напонот на блокот? Или ако ставиме телевизор, компјутери и што ли уште не, па да не поебе? :D
 
Има, 4-5 уплатници, 10-тина формулари, лепење сликички со уфо лепак. :rolleyes:o_O Feeling unhappy and unsatisfied? Т.е сакаш да го отстапиш местото? :D

Ехеее има време за премислување :P Ама тешко :rolleyes:
A тие работи со формуларите и сл. таму се бркаат (во студентски кога одиш да се вселиш)?
 
Напонот на блокот? Или ако ставиме телевизор, компјутери и што ли уште не, па да не поебе? :D

Сите носат телевизори, комјутери... на зима сите се греат со греалки. Не е паѓа напонот немај гајле. Може да падне в зима ама тоа се случува 3-4 пати во текот на зимата.
 
Како што паметам еден беше тој за жиранти листот. Пиши на гугле обврска за жиранти и ќе го најдеш.
Ако има уште нешто за спуштање значи не паметам :)

Овој е тој документ?
 
Ехеее има време за премислување :P Ама тешко :rolleyes:
A тие работи со формуларите и сл. таму се бркаат (во студентски кога одиш да се вселиш)?

Си носиш уплатница и во студентскиот ти ги даваат документите.
Друго ти треба, жиранти, меница и 3 слики за документи.
 
Си носиш уплатница и во студентскиот ти ги даваат документите.
Друго ти треба, жиранти, меница и 3 слики за документи.

Кога си носел уплатница? Лани во домот се купуваа без уплатница.
А уплаќавме за КЗЖ и за септември кирија
 
Кога си носел уплатница? Лани во домот се купуваа без уплатница.
А уплаќавме за КЗЖ и за септември кирија

Две години по ред носам уплатница. За Пелагонија зборам , за другите може е различно.
 
Меницава треба јас да ја пополнам или таму ја пополнуваат?
 
Скроз скроз празна? Оти денес ми рекоа дека требало имињата на жирантите да се напишат :cautious:

Пред две години ми рекоа да ги напишам таму. Лани ми рекоа дека треба да е празна, не смеело да е пополнета.
Од дома носи си ја празна, ако треба таму ќе ги напишиш. Ќе ти одземе 5 минути максимум
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom