Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Ако веќе потиме г`зови, барем условите како се? Има тушеви во соби? По колку се во соба? Информации од општа култура.:P

Стив ти е најубав студентски. Сега го реновираа, со WC во соба, тушевите се тоБ, по тројца во соба, храна задоволителна
 
Ако веќе потиме г`зови, барем условите како се? Има тушеви во соби? По колку се во соба? Информации од општа култура.:P
3 (тројца) у соба (за машките), женска зграда на некои места по 4 (четири). Така беше пред две недели кога поминав на кафе-пиење таму.
Машките згради сега се реновирани и има вц со туш во секоја соба. Препорачувам ако доаѓаш накај Скопје овие денови/недели, да застанеш таму и да фрлиш еден поглед. :) Најдобро е да си видиш со свои очи дали ќе си бендисаш амбиенат.
 
Јас планирам да идам на факултет за Гастрономија, исхрана и диететика на „Гоце Делчев“. Знам дека факултетот е во Автокоманда и дека студентскиот дом Стив е исто во Автокоманда, шо значи дека тај највеќе ќе ми одговара. Е сега ако знае некој да каже кога треба да се упишеме, кои документи требаат и сè во врска со тоа. Фала :)
 
Знае некој кога ќе се аплицира на нет годинава?

И можно ли е женски во машката зграда на Стив да примаат или тешко?
 
Знае некој кога ќе се аплицира на нет годинава?

И можно ли е женски во машката зграда на Стив да примаат или тешко?

Рано е сега. Ќе бидеш благовремено известена за пријавувањето, отприлика јули/август е.
Женски примаат во машка зграда ама ќе си фатиш некоја врска.
 
Кои се условите за да се добие бесплатна соба/кревет доколку имаш статус на дете без родителска грижа Каде поточно можам да се распрашам за тоа?
 
Кои се условите за да се добие бесплатна соба/кревет доколку имаш статус на дете без родителска грижа Каде поточно можам да се распрашам за тоа?
Министерство за обрзование, Министерство за труд и социјала(така некако беше) тамо треба да ти дадат одговор. Знам тие од мала преспа не плаќаат ништо . Па по логика ти имаш поголемо право да не треба да плаќаш.
 
Со еден вработен родител, 5.00 успех, нема протекции, колку % шанси да ме примаат бруцош? И каде имам најмногу шанси? Сакав Пелагонија ама..
 
Со еден вработен родител, 5.00 успех, нема протекции, колку % шанси да ме примаат бруцош? И каде имам најмногу шанси? Сакав Пелагонија ама..
50-50
или ќе те примаат, или нема да те примаат. Партиска книшка нешто?
 
Планирам да се запишам на факултет на ФИНКИ, а како што сум информиран наставата ќе се одржува на ПМФ така да сакав да прашам колку е оддалечен Стив од ПМФ и какви се условите таму..?
 
Планирам да се запишам на факултет на ФИНКИ, а како што сум информиран наставата ќе се одржува на ПМФ така да сакав да прашам колку е оддалечен Стив од ПМФ и какви се условите таму..?
jas mislev na tehnoloski e nastavata..
 
Ајде дечки сериозно да праеме муабет, каде е најдобро да се седи во кој студентски дом, од искуство да Ни каже на Сите заинтересирани добро би дошла таква сочна информација.

1. Каде е најдобро.
2. Каде има најдобри услови.
3. Не бараме одлична храна, ама ете добра храна која може да нахрани секого.
4. Како се добива соба, знам од кога ќе се запишам но каде се поддаваат документите.
5. Дали имате инфо за деца без родители колку попуст добиваат значи дали во она што ќе го добијат е кревет и јадење или?
6. Можно е ли брат и сестра да се сместат во една иста соба или нема мешање на машки со женски?
7. ( ваша плус информација )

Очекувани се Вашите одговори не само за мене туку буквално за сите неискусни со домовите :)
 
^ Повеќето од точките веќе се одговорени на темава освен таа за дете без родители.

Планирам да се запишам на факултет на ФИНКИ, а како што сум информиран наставата ќе се одржува на ПМФ така да сакав да прашам колку е оддалечен Стив од ПМФ и какви се условите таму..?

Од Стив до ПМФ имаш 5 минути пешачење без да се брзаш. Воедно Стив е најубав студентски.
 
Со еден вработен родител, 5.00 успех, нема протекции, колку % шанси да ме примаат бруцош? И каде имам најмногу шанси? Сакав Пелагонија ама..

Ако не фатиш врски и 10ки у средно да ти пишувале пак може да не добиеш место.
Инако за Пелагонија имаш шанси да те примат, ама за секој случај растрчај се малку за врски.
--- надополнето: Jun 24, 2011 12:28 PM ---
Со еден вработен родител, 5.00 успех, нема протекции, колку % шанси да ме примаат бруцош? И каде имам најмногу шанси? Сакав Пелагонија ама..

Ако не фатиш врски и 10ки у средно да ти пишувале пак може да не добиеш место.
Инако за Пелагонија имаш шанси да те примат, ама за секој случај растрчај се малку за врски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom