Студенти на меѓународен натпревар во правење на роботи

  • Креатор на темата Креатор на темата External
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2009
Мислења
25
Поени од реакции
2
Роботите доаѓаат во Македонија. Но, не плашете се, нема да бидат страшни машини како од американските филмови, ниту ќе бидат воинствено расположени.
Македонските студенти организираат меѓународен натпревар во правење на роботи, и заедно со нивните странски колеги ќе се обидат да создадат мирољубиви направи.
„Донесен е хуманоиден робот кој е најнапреден во однос на сите роботи, и се надеваме дека до крајот на настанот ќе го направат да игра оро“, рече Илина Карева, студентка.
„Најтешко ми доаѓа програмирањето. Склопувањето одзема од неколку часа до еден ден, но генерално програмирањето може да одземе и години“, вели Мите Митрески, студент.
roboti-mak.jpg
Хуманоиден робот
Професорите и претставниците на компаниите што го поддржуваат настанот велат ова ќе придонесе за развојот на роботиката во Македонија.
„Јас сум сигурен дека крајниот резултат ќе бидат роботи, меѓутоа ефектот ќе биде кој ќе го испрограмира подобро роботот, за да врши подобри функции“, изјави др. Миле Станковски, декан на ФЕИТ.
„Тоа е одличен сигнал, во кој се правец може да се придвижи знаењето во Македонија, и што е она што може да не придвижи напред“, рече Илијанчо Гаговски, „Мајкрософт Македонија“.
Сега очекуваме да видиме што ќе направат Македонските и странските студенти, а да се надеваме дека Македонските роботи ќе останат вакви и нема да заличат на нивните холивудски браќа.
**********************************************

Moжам да кажам огромно браво за децава ,треба државата да издвојува пари за вакви научно-истражувачки проекти ,бидејќи очигледно имаме потенцијал!
 
Браво за дечките , неоспорен е потенцијалот во македонските таленти ,меѓутоа за да дојде тој во преден (комерцијализиран) план...најпрво е потребен кеш од државата за стимулација на повеќе слички проекти!
 
и потребно е да ги види некој од страна... за да после можат да ги искористат талентите и надвор.. за да заработат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom