Струмица

добро од една страна само шо ке бегаш од часови у ќар ке си....нема да те запишуват 8)
 
Поминаа го земјоделското, сандо масев и наред е ..... кој ? Јане Сандански; Никола Карев; Никола Вапцаров??

Сега Сандански е на ред, па после можно е Карев да го осетаме. :pos2:
 
Уште за дневници се збори на темава :koma:

Aj доста то тупиите, да напишаме кој се актуелностите моментално, превземено од струмица.гов

НАЈНИСКА ПЛАТА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА 8.100 ДЕНАРИ.

На предлог на советничката група на СДСМ, Советот на општина Струмица на 68 седница донесе заклучок за определување на најниска плата од 8.100 денари во органите на управување и раководење на јавните служби чиј основач е општината.

На 68 седница на Советот донесе:
- одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на Центар за развој на југоисточниот плански регион и Повеќегодишна инвестициона програма за воведување штедливи светилки за уличното осветлување во Општина Струмица.

Воедно беа усвоени и:
- Извештајот за работата на Одделението за администрирање на приходи за периодот 01.01.2007 – 31.12.2007
- Извештајот за реализација на Програмата за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица во зимски услови за 2007/2008 година;
- Информацијата за состојбата со хоризонталната и вертикалната сигнализација на подрачјето на Општина Струмица – март 2008 година;

Советниците дадоа согласност на:
- Извештајот за работата на Домот за деца и млади “Благој Мучето” Струмица за 2007 година;
- Завршната сметка на Домот за деца и млади “Благој Мучето” Струмица, со финасов извештај за 2007 година;
- Завршната сметка на ЈОУДГ “Детска радост” Струмица за 2007 година;

------------------------------------------------------------------------------------

ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ.

Општина Струмица започна со имплементација на проектот за едукација на високообразовни кадри од областа на компјутерската техника и менаџментот. Проектот предвидува формирање Институт за Применета Технологија кој ќе биде сместен во простории од Дом на АРМ, кои за оваа цел ќе бидат соодветно опремени со сите неопходни средства за извршување на обуките.

Обуката се планира да се изведува во период од 4 месеци, во кој период ќе се изучува напредно програмирање преку програмите JAVA (јава), C++ (це плус плус), .NET (дот нет) и други, менаџирање и дизајн на бази на податоци како и да се стекнат основните познавања од областа на менаџментот без кои не може да се замисли раководењето на било која институција или компанија. Исто така, цел на Институтот е стекнување практично знаење, работни навики, работни односи и работна етика.
Институтот ќе обезбеди релевантни тренери и професори од земјава и странство, сертификат со препознатлива тежина и значење, но и медијација при професионалниот ангажман на студентите.
Осумчлена екипа веќе активно работи за остварување на целите и мисијата на проектот. Истите се достапни за сите информации на телефон 340-659. Ги повикуваме сите студенти и невработетени кадри кои сакаат да се вклучуват во проектот како и сите компании кои сакаат да ангажираат програмер да се јават за подетални информации.

Проектот е финансиран од Eвропската Aгенција за Реконструкција преку CARDS програмата за добрососедство во пограничниот регион.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
КОНСТИТУИРАН ДЕТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

Свечено, во демократски изборен процес, на 07.04.2008 година во големата сала на Домот на АРМ во Струмица, беше конституиран Детскиот парламент во општина Струмица.

v_04_2008_3-1.jpg


На конститутивната седница присуствуваа избрани пратеници-ученици од основните и средните училишта од општина Струмица, нивните координатори, претседателот на Младински совет-Струмица, членовите на управниот одбор на Младински совет-Струмица, претставници од Советот на општина Струмица, членови на постојаната Комисија за заштита на правата на децата при општина Струмица, директорите на основните и средните училишта од општина Струмица, поканети гости и претставници од медиумите.

Успешна и плодна работа на пратениците им посака претседателот на Младински совет-Струмица, г-динот Зоран Заев, кој меѓу другото, рече дека ,,во овој процес на создавање на овој прв детски парламент, ние возрасните ќе бидеме набљудувачи и ќе создаваме можности за реализирање на креациите на оваа млада генерација, која ќе се гордее со своите дела и ќе ствара и за идните генерации, кои по нив доаѓаат,,.

Детскиот парламент, составен од Долен дом-со пратеници од основните училишта од општина Струмица и Горен дом-со пратеници од средните училишта од општина Струмица, ја доби својата форма со читањето на одлуката за конституирање на Детски парламент и свечената изјава на пратениците, кои во еден глас се обврзаа дека ќе ја извршуваат својата функција врз основа на Конвенцијата за правата на децата, Уставот на РМ, позитивните законски прописи, статутот на Младински совет-Струмица и Кодексот за работа на детскиот парламент. Беа именувани првите членови на претседателството на Детскиот парламент: Теодора Маринова, Манчев Димитар и Здравков Гоце.

v_04_2008_3-2.jpg


Нека им е честит изборот и нека Детскиот парламент си ја остварува својата статутарна обврска и задача.

 
јеееее и децата си ги исполитизиравтееееее....

абе зар не е срамота политиката на СДС да ја ставаш во темата за градот?? :tapp:
 
Така ги матреет децата, ај питејте ги шо работат? ( Некој си проекти как сакале да им изгледе школото не ти знам шо, да претстават шо им фалило.. дрн дрн дрн .) :tapp:
 
Така ги матреет децата, ај питејте ги шо работат? ( Некој си проекти как сакале да им изгледе школото не ти знам шо, да претстават шо им фалило.. дрн дрн дрн .) :tapp:


Не е така как шо викаш. Лично за мене не се пријавих за тва оти имме матура за учене имме ного, плус тва ного време треба да одвоом за таа работа. А, за парламентот, нека се прават културни манифестации и други забави од културен аспект, а не секој петок и сабота излези на центаро и ќе видаш 7 и 8 одделенци здробани пијани. Им треба едукација, а и да се си има политичка позадина.
 
Идејата за детскиот парламент е баш добра, незнам зошто ја критикувате, ќе има повеќе едукација, ќе се организират повеќе работи, ќе дават мислења и идеи за нови работи во градот. Можеби некој од нив и како политичар ќе излезе на крајта.
 
Дек молам ти се у Струмца деца политичари ? Сите сме пијаници и пропалици тука. :pos2:
 
Кои тоа средношколци од Струмица ги демолирале водопадите, а мамата?!?!?!

:nerv::violent1:
 
Кои тоа средношколци од Струмица ги демолирале водопадите, а мамата?!?!?!

:nerv::violent1:


Едни мои другари, ама сега за да не ги казнат ќе треба да си поправат се што се направиле штета.:pos::pos:
 
Иначе ние у детсскиот праламент даваме само идеи односно правиме проекти кои ако бидат прифатени од градоначалникот ке бидат и реализирани. Еден прифатен проект од страна на градоначалникот е и изградба на вештачка карпа за качување ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom