Струмица

Нормално оти гужва ќе е, ама и без гужва не бива :). Иначе осеќам оти „лудница“ ќе е и ќе си поминаме многу добро. :vozbud: :helou:
 
Прекрасно неделно утро, манастирот Св.Илија
img001ba6.jpg

img002ly7.jpg


img003yl2.jpg
 
уф на св. Илија закон е. Ногу млади одат таму да се рекреират. а и летто беше шема после излеване т.е после полноќ да се оде на св. Илија.:)
 
св илија носталгија летото кога не спиеф :) саатот 5 на св илија народ:) :vozbud:
 
Закон е местенцето, само ако немаш кондиција може до горе веќе и јазикот да ти излезе од исцрпеност !
 
Штип е поголем град, и на жители и на територија.
Извини другар, ама тука баш и не се слагам со нешто. Штип е поголем на територија, тоа е точно, ама по жители сме скоро исто. А на територија е поголем затоа што Штип е целиот на планини и е пораздредчен за разлика од Струмица која 90% е рамнина и е нормално позбиена.
 
Закон е местенцето, само ако немаш кондиција може до горе веќе и јазикот да ти излезе од исцрпеност !

Хаха да, буквално. Ми се случуваше тва на почетоко на летто коо почнааме да одеме натам, имаше народче и дури стари баби и дедовци се качуваа нагоре а нии изморени не може да продолжеме. Ама после зачестииме секоо недела бееме горе. Најтешки се последните скали, там мислам паѓаах од умор и после горе збор не можам да кажам едно 10 минути. :pos:
 
Хаха да, буквално. Ми се случуваше тва на почетоко на летто коо почнааме да одеме натам, имаше народче и дури стари баби и дедовци се качуваа нагоре а нии изморени не може да продолжеме. Ама после зачестииме секоо недела бееме горе. Најтешки се последните скали, там мислам паѓаах од умор и после горе збор не можам да кажам едно 10 минути. :pos:

хехе продолжејте уште малко до чан чифлик одејте :helou:
 
Како помал кога бев 7-8 одд. со татко ми темпо го трчавме тоа и напред и назад, понекогаш и од двата пата тргнивавме, ама сега веќе сум запеза неможам до скаличките да дојдам. Сега е убаво направено со порамни патеки, со мостови хехе.
 
Глобал Трговски Центар
galerijaPS10m.jpg
Во вторник, на 05.02.08 во 18:00 часот, ќе се изврши свечено отварање на ексклузивниот трговски центар „Глобал“ и првата катна гаража во Македонија. Настан на кој би сакале да присуствувате. Отварањето ќе биде извршено во присуство на претседателот на Македонија и огромен број на други видни личности, а посебна чест е и посетата на влијателни луѓе од соседните земји.
Овој повеќекатен трговски центар има околу 500 локали, а повисоките катови се резервирани за место за забава со кино сали, куглана, лизгалиште, забавни игри и слично. Уште многу важно е да спомнеме дека ова е првата катна гаража во Македонија и има простор за 380 возила. Оваа монументална градба, ќе ви го одземе здивот за момент, а ќе допринесе за многу нови вработувања, за повеќе генериран данок за државата и за Струмица, а се надеваме дека со влегување на странски капитал, реномирани фирми, ќе привлечеме и посетители од соседните земји









превземено
 
Одлично ќе биде, ај нека е со Среќа и повеќе такви "чудовишта" да никнат во нашиот ни убав град СТРУМИЦА.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom