Струмица

Имам еден проблем, неможам да ја најдам картата на струмица на интернет со сите пишени улици, ај ако некој знае страна нека ми пише.
 
Офф топик:Во Струмица почна да излегува неделен весник „Медиум“.Излегува секоја среда и е бесплатен...Досега има излезено 7 броеви вклучувајки го и вчерашниот.

Сте разбрале ли до сега за оваа новост во Струмица?
 
Прв пат читам сега.
А каде може да се најде весникот?
 
Па... за овој весник имам слушнато, вториот број кога излезе земав еден и можам да кажам дека има добри содржини. Одлично за оние што превземале таква иницијатива да постои струмички весник.Браво! Инаку јас лично го земав од трафика така да сигурно го има низ трафиките во градот, а можеби и низ супер маркетите го има не знам.
 
Имам еден проблем, неможам да ја најдам картата на струмица на интернет со сите пишени улици, ај ако некој знае страна нека ми пише.
едит: ја најдов картата на струмица но само поголемите улици ги има напишано а помалите со броеви дали некој го има вториот дел од таа карта?
 
во струмица отвориле школо за нинџи, на интел ги даваа некни
само не видов кај се сместени, да се запишам :)
 
Какви нинџи бе?!!!:pos2: :pos2: :pos2:
 
И јас прв пат читам за нинџите
 
Ајдее и нинџи ке шетат низ градо :pos2:
 
Доста за нинџите еве нешто за градот Струмичкиот регион се наоѓа во југо-источниот дел на Република Македонија на 41° 22' и 23° 45' источна географска должина и располага со површина од 963 км2. Со популација од 54 676, Струмица е главниот културен и економски центар на југоисточна Македонија. Овој јужен македонски град го добил своето име по јасното ноќно небо покриено со ѕвезди. Имено, заради исполнетото со ѕвезди ноќно небо што ја покрива струмичката котлина, овој град е познат во древноста како Астраион (Ѕвездениот Град), а локалните жители се нарекувале Астраи. Но името не останало за долго, бидејќи градот бил преименуван во Тивериополис, во чест на римскиот командант Тибериј. По колонизацијата на Славјаните, сепак, градот си го избра своето модерно име Струмица. Има повеќе верзии за причините за ова име. Една од нив е дека името е само Славјански превод од старото име Астраион. Но повеќето луѓе веруваат дека Струмица била крстена по една прекрасна млада девојка со име Струма. Гробницата на Струма се наоѓа во селото Вељуса. Постојат неколку легенди која всушност била Струма. Една од нив говори дека Струма била сестра на Крали Марко. Друга, пак, тврди дека Струма била ќерка на император а воедно и командант на војската, кој ја проколнал својата ќерка, нејзиното тело да не биде закопано во земјата кога таа ќе умре. Легендата продолжува, такашто Струма била погребувана седум пати после нејзината смрт, но секогаш земјата го "исфрлувала" нејзиното тело надвор од гробот. Затоа, била погребана во ковчег од камен над земјата. И конечно, трета теорија тврди дека подземната гробница датира од времето на Александар Велики.
 
Од каде го копира тоа? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom