Стравот од јавен говор е поголем од стравот од смртта

Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7
Така тврдат некои психолози...Вистина е. Ако застанеш на пред аудиториум, те плаши самото тоа што сите очи се свртени кон тебе.:nesvest:Би ти било полесно само ако сите од публиката се свртени кон тебе со грб.
 
Да посебно е голем срамот за оние кои имаат говорни маани, оние кои се плашат од многу луѓе итн.

п.с Да полесно е ако публиката ти е со грб но.... тогаш тоа веќе не ти е ни говор, на кого ќе му се обратиш ?????
 
Д
п.с Да полесно е ако публиката ти е со грб но.... тогаш тоа веќе не ти е ни говор, на кого ќе му се обратиш ?????

Тоа всушност било експеримент што го направиле некои психолзи со луѓе кои признале дека имаат страв од говор во јавност за да докажат дека најголем удел во таа фобија имаат погледите на публиката кон говорникот
 
Сега баш го праев муабетов со внука ми (од брат ми ќерка, де), околу стравовите од јавни обраќања. Заклучивме дека со староста стануваат се’ поголеми, правопропорционално на степенот на зреење и познавање на работите - колку повеќе знаеш, толку повеќе знаеш дека не знаеш.
Од друга страна пак, има луѓе кои се хранат од вниманието на аудиториумот и редовно наместо десет или петнаесет минути, остануваат дупло подолго време на сцената, катедрата, говорницата. Не би спорела околу нивниот степен на компетентност, осносно знаење за определената проблематика, ама јас лично, не можам да разберам како можат да гушат народ и око да не им трепне.
 
Хмм јас си немам проблем кога држам говор пред цел амфитеатар на пример, се чуствувам самоуверено-не гледам причина за страв. Сега нормално сите сме различни има луѓе што можат и луѓе што не можат, и тоа е на некој начин професија.
 
Имам излезено пред повеќе луѓе така, ама никогаш не за да држам говор, или слично....(сум свирел повеќе пати)...на почеток е проблематично додека да се опуштиш...опасна е тремата, првиот пат кога имав настап,после 2 -3 мин не ми се ни симнуваше од сцена...јако е чуството особено ако публиката изреагира позитивно, кога газиш по сцената како да газиш по облаци .
И тоа рефлекторите се многу корисна работа....забораваш и дека има луѓе пред тебе, стварно е полесно кога некој не те зјапа.....
Ама за говор, којзнае како ќе ти звучи гласот така да збориш кога имаш трема
 
Колку само не е точно. Вчера имав драмски настап пред 1000+ луѓе, а уште при првото појавување на сцена, пред да кажам било што, поради надворешниот изглед добив аплауз. Страв или трема, никаква. Се е до психологијата на секој човек поединечно.
 
Неможам со толкава бројка да се пофалам но пред барем едно 600 луѓе имам зборувано - читано говор, не ни трепнав.
 
...со староста стануваат се’ поголеми, правопропорционално на степенот на зреење и познавање на работите - колку повеќе знаеш, толку повеќе знаеш дека не знаеш.
Од друга страна пак, има луѓе кои се хранат од вниманието на аудиториумот и редовно наместо десет или петнаесет минути, остануваат дупло подолго време на сцената, катедрата, говорницата. Не би спорела околу нивниот степен на компетентност, осносно знаење за определената проблематика, ама јас лично, не можам да разберам како можат да гушат народ и око да не им трепне.

Навистина те сфаќам. Колку повеќе знаеш, толку повеќе луѓето очекуваат да слушнат од тебе и се чувствуваш одговорен дали си кажал се и дали си кажал како што треба.

А за оние што дават, хм, не знам што да кажам за нив.Посебна категорија на луѓе се. Јас сум се нашла да зборувам само малку повеќе отколку што треба (сепак, не би се ставила во претходно споменатата група!). Тоа ти се случува кога ќе те зафати страста на гворот и да си признаеме, се губиме понекогаш.

Ама се што ќе ги премине границите е веќе од нарцисоидност. Некои луѓе едноставно, сакаат да бидат обожувани од другите, да гледаат отворени усти и ококорени очи пред нив.
Голем поздрав!
 
Колку само не е точно. Вчера имав драмски настап пред 1000+ луѓе, а уште при првото појавување на сцена, пред да кажам било што, поради надворешниот изглед добив аплауз. Страв или трема, никаква. Се е до психологијата на секој човек поединечно.
Мене ми е јасно зашто ти си добил аплауз така.....откачена фаца, пола од публиката те знае ако не и више....

Све си е до човекот...ја така си реагирам, за другите незнам
 
Колку само не е точно. Вчера имав драмски настап пред 1000+ луѓе, а уште при првото појавување на сцена, пред да кажам било што, поради надворешниот изглед добив аплауз. Страв или трема, никаква. Се е до психологијата на секој човек поединечно.

Ова мислење се однесува на повеќето луѓе.Нели, тремата е нормална работа, позитивниот страв кажува дека тоа што ќе го прикажеш пред другите ти значи.Секако дека сите сме различни.
 
Хм...па не баш...напротив, сакам да зборам пред луѓе. Опуштена сум кога се обраќам на повеќе луѓе.
А иронијата е во тоа што сум прилично срамежлива и вака со помалку луѓе повеќе се срамам, а од јавни настапи ич немам срам.:pos:
 
SE sekjavam apokalipto toa bese na sredbite bese odlicen samo mnogu brzase inaku odlicen orator za razlika od mene no ne e se vo zboruvanjeto vazno e da se znae sto se zboruva da ne se menuva temta ili vesto da se izbegnuvat zeskite prasanja javno bi govorel i komentiral se dokolku mi kazat deka mikrofonot e isklucen
 
javno bi govorel i komentiral se dokolku mi kazat deka mikrofonot e isklucen

Хехехе, само да нема микрофон и звучници.Ако треба и ќе викам на сет глас за да ме слушнат.Кога зборувам на микрофон, гласот ми длабок како туба, а ако озвучувањето не е добро и звучниците не се свртени кон мене, си се слушам таму во далечина...Језиво...како и да е, најмногу би сакала да зборувам во амфитеатар (мислам на античките, не во факултетите).
 
кај мене зависи од прилика, повод, расположение... имам зборувано и глумено пред многу луѓе, се имам појавувано и на телевизија и зборувано на радио... различно е чувството секој пат... понекогаш тремата го прави своето, а понекогаш владеам со ситуацијата беспрекорно... ипак си зависи од индивидуата...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom