Страв од висина / Висечки мост

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Повод за темава е отворањето на највисокиот висечки мост. Како што можете да видите на клипов, http://kajgana.com/otvoren-najvisokiot-visechki-most-na-svetot има импресивни моменти.
Дали би ви било страв да го поминете? дали имате престава какво чуство би се јавило кај вас?
Јас знам дека со ГОЛЕМО задоволство би го поминал, иако знам дека малку ќе ми заиграат стомачните мускули, но само онолку колку да осетам дека правам нешто несекојдневно. ко тобоган, или банџи и сл адреналински работи.
Повелете изјаснете се
 
Чим е во Швајцарија нема што да се плашиме, лошо е по ваков да чекориш некаде кај нас, шансите да падне се поголеми одколку да го поминеш:D
 
Чим е во Швајцарија нема што да се плашиме, лошо е по ваков да чекориш некаде кај нас, шансите да падне се поголеми одколку да го поминеш:D
а БИ поминала?
 
Воопшто немам страв ни од висина ни од длабочина, би поминала :-)
 
Јас дека имам страв од висина би го поминал, инаку нема да ми биде интересно за да го поминувам.
Го обожавам чувството на страв (не хроничен од болести и срања), на трема, адреналин и сите чувства кои ме прават жив.

Исто така сакам и ветровито време.
 
:pos:коркач. ајде, за рака ќе те држам
Џабе имам фобија од затворен простор(лифтови,тунели),а исто и од висина,ако застанам на висина од 3 метри ми се причинува дупло повисоко,а стравот од затворен простор ми е од мал,кога се заглавив во лифт на 4 години и бев внатре околу 2 саати.
 
слушај, знам дека во драчево има една БАЈАЧКА, така да требале да те однесат тогаш, а може и сега, јас ќе те однесам :LOL:
П.С. шега на страна, стравот од висина е вроден, додека од затворен простор е и вроден а и стекнат. така да само ти можеш да го совладаш било кој од тое стравови
 
Воопшто немам страв ни од висина ни од длабочина, би поминала :)
Абе и ја неам страв од височина и длабочина, височината нема да те убие, падот ќе се убие. А пошо имам фобија од ПАД не би поминал. :icon_mrgr:
 
слушај, знам дека во драчево има една БАЈАЧКА, така да требале да те однесат тогаш, а може и сега, јас ќе те однесам :LOL:
П.С. шега на страна, стравот од висина е вроден, додека од затворен простор е и вроден а и стекнат. така да само ти можеш да го совладаш било кој од тое стравови
И ја имам страв од затворен простор :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom