Да дадам допринос на темата, обично во живо цела беседа терам за ова.
Два пати имам летано, еднаш до Барселона (и назад) и еднаш до Ајндховен (и назад).
Првиот пат до Барселона. Седиштата беа веднаш кај крилата/моторот.
Земав 3 апчиња х 2мг Дијазапам на одење и 3 на враќање.
Кога влегов во тунелчето за накај влез, неколку пати се свртев да се вратам ама немаше смисла и ме предомислуваа.
Многу ми сметаше ding звукот, со секое звукче мислев дека се јавува пилотот и дека ке ни каже дека нешто отишло у курац.
За натаму немаше никаков проблем, но поради тоа што го имам истиот страв како некои од Вас и премногу ја анализирам систуацијата, чувството кога гравитацијата те влече наназад додека полетува е најгнасното нешто што можам да го искусам во авион што нормално се движи и се е по процедура.
И вртењето на страна ми е ужас, додека другите зјапаат надоле и сликаат, јас се ужаснувам од глетката.
Коренот на стравот освен што е клаустрофобија е најверојатно и недостаток на контрола на ситуацијата. Беспомошност.
За враќање имаше премногу турбуленции при крајот. Добри 40 минути за прв пат го искусив она што е као супер безбедно но нема да заборавам како стјујардесите загрижено зјапаа накај моторите/крилата додека траеа турбуленциите. Пред самото слетување во Скопје авионот се искачи повторно нагоре, за на крај да слета без проблем. Исто така, единствено нешто што ме тешеше претходно, беше да ги гледам стјујардесите насмеани како си разговараат со патниците. Едино тоа ме куражеше.
Вториот пат за Ајндховен.
Седиштата беа на втор ред. Доста подобро од аспект на осеќање турбуленции и клатење.
Од апчиња за одење зедов 2 х 0.25 хелекс и четврт Пропранолол. За враќање само хелекс 3х0.25.
Претходеше цел месец кошмари, посебно последната недела. Сонував како со авионот маваме во зграда, како умирам додека се распаѓа авионот. Не спиев цели ноќи.
Во тој период на self-destructive психа, кога дојде денот, некој ми рече нешто у стил као: "ти веќе го истера летов последниов месец од константно сонување, размислување и зборење за тоа". Малку ме смири таа мисла.
Претходно многу ми помогна читање на саб-редитот fearofflying, има таму пилоти и crew кои одговараат на многу прашања и реално помагаат на усраните како мене.
Ми остана во сеќавање дека кога полетува најдобро е да си ги подигнеш нозете малкуцка за да имаш еден сенс помалце, и ми текна да го пробам тоа па некако подобро помина полетувањето.
За натаму помина океј летот, иако пилотот најави bumpy лет, но се беше во ред. И врнеше кога полетувавме ама дали ради пропранололот не осетив физички страв (немав срцебиење, тресење раце, препотување итн), само психички. Додека полетува можам само првите 15 секунди кога се одлепува од земјата да гледам, после мижам. И обавезно слушалки и лабава музика.
За назад се погодија неколку безвезе моменти. Прво беше сменет авионот само што требаше да се качиме. Најверојатно открија некоја техничка грешка. Паранојата беше на максимум.
Згрешив што не зедов пропранолол (ми остана во куфер), а кога имаш фобија најверојатно хелекс не може да те кутне, или треба доста поголема доза не знам. Може само да те здрви, ама во тебе се случува хаос.
И така усран, при полетување, иако бев на хелекс, мислев дека ке умрам од страв. Паничен напад до максимум. И за да биде срањацот поголем, пилотите постојано излегуваа од кабината среде лет и одеа некаде позади. Не можев да видам каде одат и што прават пошто кога сум во авион ми е страв да гледам назад.
Немаше турбуленции, но чувството прв пат да видиш пилоти како цело време растрчано одат наваму натаму беше грдо.
Како за финиш, додека пробував да останам смирен од настаните што претходеа, со слушалки во уши, наеднаш пред мене fire аларм и црвено свети цел авион. Еден шиптаp запалил цигара во вецето кога авионот почна да се симнува за да слета.
Имаше машки стјујарди тој лет, прв пат во живот видов стјујард да има паничен напад пред мене и да се препоти па да го смируваат.
Искуството ми е засега тоа.
Летово имав прилика да седам во ресторан близу аеродром каде што авиони полетуваат и слетуваат на секои 2 минути. Од првиот roar на полетување ме фаќа паника. Ми пречи. Најверојатно е некој вид на пост трауматски синдром.
Но авионот е фасцинантно нешто и секогаш ме воодушевува, ама кога гледам одоздола
Летањето како летање не е само по себе нормално. Луѓето не се створени да летаат. И нормално е да осеќаш непријатност. Но кај мене е до степен на лудило таа параноја што ме обзема.
Јас баш би сакал да го надминам овој страв и колку толку да можам да функционирам во овој свет. Ако има некој идеа слободно нека помага.
Засега поради страв ми имаат пропаднато два лета. Еден до Малта, и летово требаше да одам до Берлин. Индискиот лет што падна и траумата од него си го направи своето...