Fruity Girl
Crazy Drama Queen
- Член од
- 23 април 2008
- Мислења
- 33
- Поени од реакции
- 3
Грчкото спротивставување на поканата на Република Македонија за членство во НАТО ги надмина и очекувањата на најголемите песимисти. Ова веќе е надвор од секаков елементарен политички морал и резон. Оттука, неминовно се констатира дека во игра е нешто сосема друго и дека прашањето на името е само смоквин лист за покривање нешто многу грдо во грчката политика. Се повеќе на површина испливуваат констатации дека зад спорот со името не стои ни грчкото бранење на сопствената античка историја, ни оспорувањето на македонскиот националниот идентитет, туку нешто друго, сосема невидливо. А и преголемите жалопојки на некои овдешни „експерти сезнајковци“ за наводното загрозување на македонскиот национален идентитет, ако се смени што било во името на државата, ми изгледаат како дел од таа грчко-српска игра.
Спорот со името се влечка веќе осумнаесет години. За многу помалку години беа решени крупни меѓудржавни проблеми, компликувани трагични конфликти, со стотина илјади жртви. За многу пократок период беа решени српско-хрватскиот конфликт, босанската трагедија, косовската катастрофа. Секој странски аналитичар оправдано се прашува: што е толку компликувано во односите меѓу Грција и Македонија, зошто името на една држава претставува толку сложен проблем?
Не треба веќе да бидете експерт за да сфатите дека во овој случај воопшто не станува збор за спорот за името, туку за скриените, а сепак јасни намери и залагања за распад на Македонија. Зад ова сценарио се крие една многу мрачна грчко-српска стратегија за елиминирање на Македонија од географската карта. Очигледно е дека името се уфрлува само како успешна мамка, која има за цел овде да предизвикува долгогодишен политички грч и парализира на сите развојни процеси. Целта е државата подолг период политички да се изолира и да се исклучи од интегративните процеси (особено од колективно-безбедносните системи) , да и се даде белег на безбедно ризично подрачје, да се демотивираат и така малобројните внатрешни и странски инвеститори, да се докаже дека нејзините институции немаат доволен функционален капацитет и ред други негативни етикети, се со цел државата економски да се исцрпи. Колективниот економски дефетизам е најефикасен метод за промена на свеста кај луѓето, за потоа многу полесно да лансирате секакви алтернативни идеи.
Факт е дека преку територијата на Македонија се судираат две силни геополитички претензии. Првата е американската, која има за цел да ја зајакне Македонија како важна алка на НАТО во хоризонталниот безбедносен синџир на Југоисточна Европа. Ова хоризонтална геополитичка линија почнува од Иран и води преку касписките држави до Турција, Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Ова варијанта на државата не само што и гарантира трајна безбедност туку и сигурен економски прогрес. Втората претензија е грчко-српското залагање за разнебитување на Македонија како држава, со цел директно територијално поврзување меѓу Грција и Србија низ повардарскиот коридор. Во последно време ова наидува и на индиректна поддршка од Русија. Познат е „џентлментскиот договор“ од почетокот на 90-тите години, меѓу тогашните грчки и српски водачи, за кроење стратегија за распаѓање на Македонија. Нема причини тоа да не важи и понатаму, со поблаги методи, особено сега, кога Русија претендира повторно да се наметне како важен фактор во меѓународната заедница.
Оваа црна стратегија веќе две децении дејствува во две насоки. Првата е спречувањето на зачленувањето на Македонија во релевантните безбедносни колективни системи. Кога Македонија би била дел од НАТО, тогаш поставената стапица нема ефикасно да дејствува. Втората насока е дејствување преку опструирање важни регионални стратегиски и финансиски проекти за Македонија. Како да се објасни поинаку фактот што Македонија упорно се опструира во користењето на финансиските средства доделени од фондовите на ЕУ, менаџирани според грчкиот мегапроект „Хеленик план“? Србија воопшто нема проблеми во пристапот кон овие средства. Зошто Грција перманентно ја опструира изградбата на Коридорот 8, пренаменувајќи ги финансиските средства за „Виа игнатиа“? Поголемиот дел од парите предвидени за Коридорот 8 беа пренаменети за изградбата на автопатот Александрополис - Игуменица (на Јонско Море). Исто така, Грција со сите сили ја спречува изградбата на нафтоводот АМБО, кој значи економски спас за Македонија. Грците, во тесна соработка со Русите, наголемо работат за изградба на нафтоводот Бургас - Александрополис. И на крајот, Грција, во договор со Русија, во изградбата на гасоводниот систем не случајно ја заобиколи Република Македонија.
Познато е дека енергетските резерви во каспискиот регион се проценуваат на околу 400 милијарди барели нафта и над 250 милијарди метри кубни природен гас. Силни мултинационални енергетски компании и нивните матични држави водат жестоко политичка битка за доминација над стратешките делови од овој простор и за регионите низ кои ќе транзитираат нафтата и природниот гас. АМБО, инвестиција од околу милијарда евра, за Македонија би значел околу 300 милиони директни странски инвестиции. Само од транзитот државата би добивала годишно по 30 милиони долари. Македонија би добила екстра-протекција од доминантните светски центри на моќ. Затоа Грците се упорни во уривањето на овој проект.
Се на се, познато е дека Македонија пред 18 години беше многу понапредна од повеќето држави што сега се членки на Европска Унија. Но, поради сообраќајни блокади, финансиски опструкции, интегративни саботирања, наметнување изолација - сега сме меѓу последните. Во голема мера скроената грчко-српска стратегија се реализира. На Грците не им е вистинската мера името на државата, тие сакаат нешто многу повеќе. Србите и Грците, сега со руско менторство, би сакале да го спречат функционирањето на хоризонталната оска, која поради нафтениот транзит претставува геостратегиска зона на САД и на НАТО. Република Македонија е многу важна алка на тој хоризонтален синџир, дополнително поради двојната игра на Грција, која во континуитет се покажува како неверен партнер. Таа со години ги користи огромните западни финансиски средства, а перманентно флертува со Русите. Поради ваквата игра, НАТО нема голема доверба во Грција, па затоа нејзината положба би требало да ја заземе Македонија. Не е случајно што Американците со сите сили притискаат да се најде решение за името, за да ја турнат Македонија во посигурни безбедносни води, со што би се отворила и реалната перспектива за нејзиниот брз развој.
Таквата грчко-српска долгорочна стратегија не е без поддршка и внатре во Македонија. Интересно е што најголеми поборници за отфрлање какви било промени во името на државата се токму просрпските инсталации во Македонија. Нивната девиза гласи „не смееме ниту една буква да смениме од нашето вековно име, оти македонската нација би го загубила сопствениот идентитет“. Српскиот линк не е далеку ни од владините кругови, кои во име на „патриотизмот“ ја реализираат грчко-српската долгорочна агенда. Без дилема, тука станува збор за многу силна мамка, која лесно се голтнува. Таквите „патриотски“ сили многу се плашат од можните решенија на проблемот, оти со тоа Македонија би се ослободила од опасната стапица и туѓата агенда би била мртва.
Но, полека но сигурно, луѓето стануваат свесни дека ова комплетно е наметната стратегија, со црн епилог за нашата држава. Потребно е да се соберат сили за излез од полето каде што е поставена ваква темпирана бомба. Потоа ќе биде многу полесно.
(Авторот е универзитетски професор во ФОН)
еве го целиот линк: http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=544&ArticleID=21184Многу убаво срочено и објаснето кои се вашите размислувања во врска со овој заговор.