Стратегија за распад на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Fruity Girl
  • Време на започнување Време на започнување

Fruity Girl

Crazy Drama Queen
Член од
23 април 2008
Мислења
33
Поени од реакции
3
Грчкото спротивставување на поканата на Република Македонија за членство во НАТО ги надмина и очекувањата на најголемите песимисти. Ова веќе е надвор од секаков елементарен политички морал и резон. Оттука, неминовно се констатира дека во игра е нешто сосема друго и дека прашањето на името е само смоквин лист за покривање нешто многу грдо во грчката политика. Се повеќе на површина испливуваат констатации дека зад спорот со името не стои ни грчкото бранење на сопствената античка историја, ни оспорувањето на македонскиот националниот идентитет, туку нешто друго, сосема невидливо. А и преголемите жалопојки на некои овдешни „експерти сезнајковци“ за наводното загрозување на македонскиот национален идентитет, ако се смени што било во името на државата, ми изгледаат како дел од таа грчко-српска игра.
Спорот со името се влечка веќе осумнаесет години. За многу помалку години беа решени крупни меѓудржавни проблеми, компликувани трагични конфликти, со стотина илјади жртви. За многу пократок период беа решени српско-хрватскиот конфликт, босанската трагедија, косовската катастрофа. Секој странски аналитичар оправдано се прашува: што е толку компликувано во односите меѓу Грција и Македонија, зошто името на една држава претставува толку сложен проблем?
Не треба веќе да бидете експерт за да сфатите дека во овој случај воопшто не станува збор за спорот за името, туку за скриените, а сепак јасни намери и залагања за распад на Македонија. Зад ова сценарио се крие една многу мрачна грчко-српска стратегија за елиминирање на Македонија од географската карта. Очигледно е дека името се уфрлува само како успешна мамка, која има за цел овде да предизвикува долгогодишен политички грч и парализира на сите развојни процеси. Целта е државата подолг период политички да се изолира и да се исклучи од интегративните процеси (особено од колективно-безбедносните системи) , да и се даде белег на безбедно ризично подрачје, да се демотивираат и така малобројните внатрешни и странски инвеститори, да се докаже дека нејзините институции немаат доволен функционален капацитет и ред други негативни етикети, се со цел државата економски да се исцрпи. Колективниот економски дефетизам е најефикасен метод за промена на свеста кај луѓето, за потоа многу полесно да лансирате секакви алтернативни идеи.
Факт е дека преку територијата на Македонија се судираат две силни геополитички претензии. Првата е американската, која има за цел да ја зајакне Македонија како важна алка на НАТО во хоризонталниот безбедносен синџир на Југоисточна Европа. Ова хоризонтална геополитичка линија почнува од Иран и води преку касписките држави до Турција, Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Ова варијанта на државата не само што и гарантира трајна безбедност туку и сигурен економски прогрес. Втората претензија е грчко-српското залагање за разнебитување на Македонија како држава, со цел директно територијално поврзување меѓу Грција и Србија низ повардарскиот коридор. Во последно време ова наидува и на индиректна поддршка од Русија. Познат е „џентлментскиот договор“ од почетокот на 90-тите години, меѓу тогашните грчки и српски водачи, за кроење стратегија за распаѓање на Македонија. Нема причини тоа да не важи и понатаму, со поблаги методи, особено сега, кога Русија претендира повторно да се наметне како важен фактор во меѓународната заедница.
Оваа црна стратегија веќе две децении дејствува во две насоки. Првата е спречувањето на зачленувањето на Македонија во релевантните безбедносни колективни системи. Кога Македонија би била дел од НАТО, тогаш поставената стапица нема ефикасно да дејствува. Втората насока е дејствување преку опструирање важни регионални стратегиски и финансиски проекти за Македонија. Како да се објасни поинаку фактот што Македонија упорно се опструира во користењето на финансиските средства доделени од фондовите на ЕУ, менаџирани според грчкиот мегапроект „Хеленик план“? Србија воопшто нема проблеми во пристапот кон овие средства. Зошто Грција перманентно ја опструира изградбата на Коридорот 8, пренаменувајќи ги финансиските средства за „Виа игнатиа“? Поголемиот дел од парите предвидени за Коридорот 8 беа пренаменети за изградбата на автопатот Александрополис - Игуменица (на Јонско Море). Исто така, Грција со сите сили ја спречува изградбата на нафтоводот АМБО, кој значи економски спас за Македонија. Грците, во тесна соработка со Русите, наголемо работат за изградба на нафтоводот Бургас - Александрополис. И на крајот, Грција, во договор со Русија, во изградбата на гасоводниот систем не случајно ја заобиколи Република Македонија.
Познато е дека енергетските резерви во каспискиот регион се проценуваат на околу 400 милијарди барели нафта и над 250 милијарди метри кубни природен гас. Силни мултинационални енергетски компании и нивните матични држави водат жестоко политичка битка за доминација над стратешките делови од овој простор и за регионите низ кои ќе транзитираат нафтата и природниот гас. АМБО, инвестиција од околу милијарда евра, за Македонија би значел околу 300 милиони директни странски инвестиции. Само од транзитот државата би добивала годишно по 30 милиони долари. Македонија би добила екстра-протекција од доминантните светски центри на моќ. Затоа Грците се упорни во уривањето на овој проект.
Се на се, познато е дека Македонија пред 18 години беше многу понапредна од повеќето држави што сега се членки на Европска Унија. Но, поради сообраќајни блокади, финансиски опструкции, интегративни саботирања, наметнување изолација - сега сме меѓу последните. Во голема мера скроената грчко-српска стратегија се реализира. На Грците не им е вистинската мера името на државата, тие сакаат нешто многу повеќе. Србите и Грците, сега со руско менторство, би сакале да го спречат функционирањето на хоризонталната оска, која поради нафтениот транзит претставува геостратегиска зона на САД и на НАТО. Република Македонија е многу важна алка на тој хоризонтален синџир, дополнително поради двојната игра на Грција, која во континуитет се покажува како неверен партнер. Таа со години ги користи огромните западни финансиски средства, а перманентно флертува со Русите. Поради ваквата игра, НАТО нема голема доверба во Грција, па затоа нејзината положба би требало да ја заземе Македонија. Не е случајно што Американците со сите сили притискаат да се најде решение за името, за да ја турнат Македонија во посигурни безбедносни води, со што би се отворила и реалната перспектива за нејзиниот брз развој.
Таквата грчко-српска долгорочна стратегија не е без поддршка и внатре во Македонија. Интересно е што најголеми поборници за отфрлање какви било промени во името на државата се токму просрпските инсталации во Македонија. Нивната девиза гласи „не смееме ниту една буква да смениме од нашето вековно име, оти македонската нација би го загубила сопствениот идентитет“. Српскиот линк не е далеку ни од владините кругови, кои во име на „патриотизмот“ ја реализираат грчко-српската долгорочна агенда. Без дилема, тука станува збор за многу силна мамка, која лесно се голтнува. Таквите „патриотски“ сили многу се плашат од можните решенија на проблемот, оти со тоа Македонија би се ослободила од опасната стапица и туѓата агенда би била мртва.
Но, полека но сигурно, луѓето стануваат свесни дека ова комплетно е наметната стратегија, со црн епилог за нашата држава. Потребно е да се соберат сили за излез од полето каде што е поставена ваква темпирана бомба. Потоа ќе биде многу полесно.

(Авторот е универзитетски професор во ФОН)

еве го целиот линк: http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=544&ArticleID=21184Многу убаво срочено и објаснето кои се вашите размислувања во врска со овој заговор.:pipi:
 
Да бе нема гајле, Албанец кој не мисли на своите интереси па слободното време го поминува во барање спас за Македонија.

Се знае дека му чуе за Македонија доколку се смени името,тоа е едно, а друго мора да ја вмеша Србија по дефолт.

Сега да се запрашаме тој за кого “игра“ штом вака притаено пропагира менување на името .

Би се согласил со економските блокади кои ги спомнува и начините според кои Грција си ја крои политиката кон нас. Меѓутоа сето ова е познато и видливо. Ништо ново не кажал.
 
Па ваљда и тој албанец живее во Македонија и му е гајле што понатаму!

Јас сум македонка не ги бранам албанците само поаѓам од на пр. еве интересот личен на професоров што ја напишал колумнава ....

Тој нема причина да не и мисли добро на државава зошто тој веќе си има изградено личен идентитет и профил во оваа земја има достигнато статус на универзитетски професор и ужива донекаде политичка почит....

А дали така и ќе биде во дотичната земја Косово за која ние македонците имаме замисла дека има територијални претензии на Македонија??

Секако дека не зошто таму има нкои покрупни риби од овој проф. кој за нив ќе биде дојденец и ситна боранија што ќе ја јадат за доручек и затоа тој е свесен за тоа а и не само тој туку и сите албанци кои имаат општествен статус изградено во оваа земја свесни се и знаат за тоа зошто нашиот систем им ги олесни начините за пробивање и стекнување статус во општеството..:kesa:
 
Абе и вие шпиц сте читале ..........................
 
Да бе нема гајле, Албанец кој не мисли на своите интереси па слободното време го поминува во барање спас за Македонија.

Се знае дека му чуе за Македонија доколку се смени името,тоа е едно, а друго мора да ја вмеша Србија по дефолт.

Сега да се запрашаме тој за кого “игра“ штом вака притаено пропагира менување на името .

Би се согласил со економските блокади кои ги спомнува и начините според кои Грција си ја крои политиката кон нас. Меѓутоа сето ова е познато и видливо. Ништо ново не кажал.


Ацо, тоа твое мислење е, или копираш коментари од страната? :):)

Чек сеа, зашто албанец да не му чуе за Македонија?? Ова е и НАША држава, и на албанците, ако на некој не му одговара заеднички, сум рекол, ќе ја делиме, изборот е на маса. Преку таквото ми е од "Македонија на Македониците"... никаде не води тоа.

Тоа дека ја меша Србија, сакаш да кажеш дека греши? Кој те подели бе Ацо, албанците да не те поделија?? Кој те тепаше пред Илинден, албанците да не те тепаа?? 91ва кој ти вадеше штекери од институции, албанците?? Кој ти прави пропаганди ден денеска во договор со Грците? Албанците??

Значи според тебе, албанците немаат право на свое мислење и свој став кога се дискутира за иднината на оваа држава....
Епа, сега јасно ти е што беше поентата на 2001ва?? Сега имаме право на свое мислење и став, и јавно го искажуваме...јбга, рамковен...каков таков, тоа е.

Го подржувам. Реален е, некој друг не е, фантазира и сонува.
 
Па ваљда и тој албанец живее во Македонија и му е гајле што понатаму!

Јас сум македонка не ги бранам албанците само поаѓам од на пр. еве интересот личен на професоров што ја напишал колумнава ....

Тој нема причина да не и мисли добро на државава зошто тој веќе си има изградено личен идентитет и профил во оваа земја има достигнато статус на универзитетски професор и ужива донекаде политичка почит....

А дали така и ќе биде во дотичната земја Косово за која ние македонците имаме замисла дека има територијални претензии на Македонија??

Негов личен интерес, токму тоа го потенцирав.
Скромно или не доколку барем малце логички расудуваш ќе му ја сфатеше поентата во колумната.

Поддржува смена на името,отворено.Секое негирање на Македонците им ги решава проблемите на СИТЕ соседи,вклучувајќи ја Албанија и нашите малцинства.
Создава одбивност кон Србија поради Косовските интереси (Албански)

Голем К ако бил професор, сакаш да знаеш кој е се кај нас професор?

Денко Малевски- Најголемиот директен виновник за потпишувањето на срамниот договор 1995 за името, и најголем пропагатор-предавник кој заговара промена на името.
Отворено застанал против независноста на Македонија 1991.
DenkoMaleski.jpg


Треба ли сите останати да ги редам..мислам дека нема потреба,списокот е ептен долг. Доволно е само да фрлиш еден поглед на МАНУ.
 
Ацо, тоа твое мислење е, или копираш коментари од страната? :):)

Чек сеа, зашто албанец да не му чуе за Македонија?? Ова е и НАША држава, и на албанците, ако на некој не му одговара заеднички, сум рекол, ќе ја делиме, изборот е на маса. Преку таквото ми е од "Македонија на Македониците"... никаде не води тоа.

Тоа дека ја меша Србија, сакаш да кажеш дека греши? Кој те подели бе Ацо, албанците да не те поделија?? Кој те тепаше пред Илинден, албанците да не те тепаа?? 91ва кој ти вадеше штекери од институции, албанците?? Кој ти прави пропаганди ден денеска во договор со Грците? Албанците??

Значи според тебе, албанците немаат право на свое мислење и свој став кога се дискутира за иднината на оваа држава....
Епа, сега јасно ти е што беше поентата на 2001ва?? Сега имаме право на свое мислење и став, и јавно го искажуваме...јбга, рамковен...каков таков, тоа е.

Го подржувам. Реален е, некој друг не е, фантазира и сонува.


Ѓорѓија, од каква страна сум копирал, види кога е постиран мојот пост ?

Албанците имаат право на свое мислење,а тоа немора да биде во полза на Македонците.

Баш поради минатото неможам да имам целосна доверба во вашите намери,посебно кога отворено се пропагира политика на федерализација и делба.

Како си ти лично поврзан со Македонскиот идентитет,со името Македонија кога ти (односно во множина) се залагате за Албански како втор јазик,Албански симболи итн.

Јас со тебе можам да се согласам за многу работи,може кафе да пиеме и да се дружиме, меѓутоа во даден момент ти ќе ми свртиш грб и ќе застанеш пред своите Албански интереси и ќе ми речеш, извини брат ама неможам да ти помогнам.


Друга работа е Србија, ти си ме видел да пропагирам Србски интереси? НЕ, јас сум реален и посебно во однос на историја не треба да ми раскажуваш кој колкав душман ми е.
Ви одговара влошени односи со Србија пред се заради моменталново признавање на Косово,а и индиректно колку повеќе ние си ги влошуваме односите со соседите толку повеќе проблеми отвараме од што третиот ќе има корист.

Можам и јас педерски да играм,ама се трудам коректна да биде дискусијава.

Грчките интереси многу повеќе играат на Албанскиот фактор во земјава и очекуваат од нив да им ја завршат валканата работа.
Токму затоа и купуваат време со вето и сл.
Да не го постирам текстот на Самарас овде,ок.

И не играј на карта обесправен,смешно звучи веќе.
Ниту ти а ниту голем дел од Албанците на форумов не покажале некоја скромност кога се во прашање некои големо албански интереси, немој да ме убедуваш дека голем дел,најмногу политичкиот фактор од Албанска страна дека немале никакви претензии и скриени намери.
Јас сум искрен и нема потреба од “завиткан“ муабет.
 
Па не ти правам јас воопшто завиткан муабет, најискрено и најотворено пишувам, како и секогаш.

Што се однесува до тоа кој на кого ќе заврти грб, изгледа дека не ги знаеш албанците. На пријатели никогаш не завртеле ниту ќе завртат грб. Така да, ако сме пријатели, тогаш тоа нека ти биде јасно.
Што се однесува до влошените односи со Србите, на албанците искрено им чуе. Најотворено. Вие македонците треба сами да си одлучите, или ќе си бидете Браќа словени, или ќе си бидете на дистанца. Златна средина нема. Не знам дали си летал поскоро со ЈАТ па да го слушнеш пилотот како те поздравува на граница...па да видиш после кој пропагира влошени односи.
Реалноста е таа. А ако мислиш дека албанците пропагираат ради Косово, think again. Косово е веќе независно. Нема што да пропагираме тука веќе.

Ставот на албанците за државата во глобала е таков каков што е ставот на државата за албанците. Реципроцитет се вика тоа.
Сега тебе не ти одговара тоа, ама така е. Еве албанците на страна, да земеме македонците. Доколку некој македонец не е христијанин, вие сами го етикетирате како фрик некој да е. Така и албанците, уште од 91ва ги етикетиравте како графа во некоја статистика, а не како граѓани.

Колку и да не му одговара на некој, албанците во македонија СЕ македонци со албанско потекло. Се додека некој не прави малцинство во сопствена држава...

Кажи ми ти сега мене, кога твојата држава, те потценува, не те вреднува, ти прави посебни графи...ти ќе ја сакаш таа држава? Искрено и отворено одговори, мушки што би се рекло.
 
Чим е објавено у Шпиц се знае дека мора да е истомисленик на Герошшшшки.

Инаку, авторот во колумнава порачува само едно - дека треба да се смени името, а како негативци ги претставува оние кои се против било каква промена. Во статијата финишира со таква поента.
 
Чим е објавено у Шпиц се знае дека мора да е истомисленик на Герошшшшки.

Инаку, авторот во колумнава порачува само едно - дека треба да се смени името, а како негативци ги претставува оние кои се против било каква промена. Во статијата финишира со таква поента.


Ај цитирај каде тоа АВТОРОТ порачува промена на името...баш ме интересира.. :)
 
Ставот на албанците за државата во глобала е таков каков што е ставот на државата за албанците. Реципроцитет се вика тоа.
Точно, и обратно.
Така и албанците, уште од 91ва ги етикетиравте како графа во некоја статистика, а не како граѓани.
Чудно, баш ќе ја прашам утре Роза Старова како чичко Вулнет покојни успеал да дојде до толкави функции како Албанец своевремено и пред 91 и да биде третиран не како граѓанин, туку подобро од денешниве министри, со џандар пред куќа и сите салтанати. Чуден некој Албанец изгледа...не му се вртела во глава Илирида.
 
Вулнет од Корнер мислиш...Католик е, ете ја ти кажувам. Не прашај џабе :P Друг некој?
 
Ај цитирај каде тоа АВТОРОТ порачува промена на името...баш ме интересира.. :)
Еве, така мајсторски се обидел да го спакува и да ги оцрни оние кои имаат национална свест, поисоветувајќи ги со Срби. Глупости на кило, ги повредува чувствата на Македонците. Па уште зборот патриот го ставил во наводници. Гарант ја пишувале заеднички со Гешшшовски.
 
Еве, така мајсторски се обидел да го спакува и да ги оцрни оние кои имаат национална свест, поисоветувајќи ги со Срби. Глупости на кило, ги повредува чувствата на патриотите. Па уште зборот патриот го ставил во наводници. Гарант ја пишувале заеднички со Гешшшовски.


Добро де, не биди ко анавено, цитирај каде АВТОРОТ пропагира промена на име. Тој само напаѓа некого кој двосмислено игра во целава работа. Тој негов став околу името не дал на колумната. Цитирај го :)
 
Вулнет од Корнер мислиш...Католик е, ете ја ти кажувам. Не прашај џабе :P Друг некој?
Па ти Албанците ги делиш на католици и муслимани?

Кој Вулнет од Корнер? Овој е починат одамна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom