Еднаш 3 саата објаснувах шо е кумплунг. Ем и на момата на мајчин јазик, ем на англиски, и скица нацртах на салфетка да објаснам како функционира и зашо служе и на крајо па момата не разбера.. Јас па мераклија, ќе ја учам да возе...



И на крај и викам, слевај, не е волан за тебе...
Така е, I'm not always right, but I'm never wrong ти е посто.


И јас го викам истото за мајката на мојте деца. Само пробувам да ја рефлектирам другата страна ако не се разбираме на мајчин јазик, проблеми и тешкотии шо излеват у таква врска. Погледите и очекувањата са минлива категорија и се базират у голем дел на компромис, иако има акцент на црвени линии..
Не ми е поентата да се карам со тебе ни па сакам да се карам. Само нејќам да ме вадеш од контекст, и да ми извртуваш зборовето. Па ќе ти повторам, колку и да се мислеш оти си ги видела сите чуда, глупости, идеи, тракатанци, од некаде ќе излезе некој човек-машина и ќе те растуре у секоја смисла на зборо.. Живото е ногу интересна приказна... А комуникацијата е еден од најголемите нешта и предности шо може да ги искористеме, и е срамота да се правеме дека не го гледаме слоно у собата.
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 20:53 ---
Точно, има дискусија, не викам не.. Не го правам лошо, само сакам да го дообјаснам у основата поради неколку причини.
Прво, заради самото его за познавајне на странски јазик (види ме кој сам, на странски говорам)...
Второ, заради социјалнио статус, видејте ме со странец/странкиња одам (произлегува од првото)...
Трето, заради несвесното спуштајне у нешто не докрај испитано заради горенаведените 2 нешта..
Јазико е жива материја, медиум шо овозможува комуникација. Да, мојо јазик ми е драг и се трудам да го говорам често. А убавината на мојо јазик ја отривам секој ден. Прочитај Собраните дела од Цепенков, Шапкарев, Миладиновци. Таква експресивност, начин на изразувајне, лирика, народна интелегенција, е нешто неверојатно. Само не знааме как да си го изрекламираме и да го направеме кул... Нашио јазик е премногу осакатен од обидите да бидеме помодерни.. Ама, тава е друга тема... Долга, широка, а интересна.....
А за жена шо имаме исти мајчин јазик (или секој си говоре на мајчин јазик), погледнејте си ги родителите. На пример, јас дома мојте ги имам анализирано. Не си гугуткат како супер заљубени, ама си праат ногу маабет. Насабајле коа пијат чајче, коа се возат у колата, коа работат по дворо, коа седат дома и гледат телевизор.. Зафркават се, говорат си, смешкат си се, поздакачуват се... И са среќни... И тај маабет, блискоста, користејнето на мајчинио јазик е еден добар предуслов за таква комуникација.
Истото може да се постигне со странски јазик, не викам не... Ама замисли го товаро 50 и кусур години да го правеш тава... Мислил сам го ногу, не еднаш или два пати... Како е цел живот да си говореш на туѓ јазик, без разлика колку добро го знаеш и се осеќаш сигурно да го користеш.