Стоп за задолжувањата на Владата!

  • Креатор на темата Креатор на темата ceasar
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека владата треба веднаш да престане да се задолжува?

  • ДА

    Гласови: 88 74,6%
  • НЕ

    Гласови: 19 16,1%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 11 9,3%

  • Вкупно гласачи
    118
Светска банка гарант за победа на Груевски
5ABB7303DD4CEA4AB2EC45317E5386E2.jpg
Ѓорѓи Спасов
Со позајмени пари од странство Груевски создаде впечаток дека неговите економски реформи успеваат и дека тој ги остварува своите ветувања
Пред минатогодишните парламентарни избори Владата на Никола Груевски објави дека од кредитната линија за претпазливост на ММФ на Македонија и' е одобрен кредит во висина од 480 милиони евра. Во информацијата од ММФ во врска со тој кредит беше објавено дека се очекува економијата во Македонија таа година да расте за 3%, следната 2012 година за 3,5%, а буџетскиот дефицит од 2,5% во 2011 година да биде намален на 2% во 2012.

Од тој кредит Владата повлече 220 милиони евра непосредно пред изборите за финансирање на тековната сметка и победи на изборите. Голем број граѓани сметаа дека токму тие позајмени пари на Груевски му овозможија пред изборите да ги исплати пензиите, социјалната помош, субвенциите за земјоделците, па дури да обезбеди и нови вработувања во администрацијата. Со позајмени пари од странство Груевски пред изборите создаде впечаток дека неговите економски реформи успеваат и дека тој ги остварува своите ветувања дадени на пензионерите, земјоделците, администрацијата и социјалните случаи. Кај некои аналитичари, кои знаат кој стои зад политиката на ММФ, преовлада и убедувањето дека САД со тој потег ставиле до знаење дека Груевски треба да остане на власт во Македонија и дека тој кредит бил отворена јавна поддршка за неговата политика. Таквите мислења и' годеа и на актуелната власт.

Но, Македонија по првите шест месеци во годинава влезе во рецесија и нема ништо од очекувањата на ММФ дека економијата ќе порасне за 3,5%. Буџетскиот дефицитот наместо да се намалува од 2,5% на 2% според изјавата на премиерот, ќе порасне на 3,5%.Во такви услови, Македонија нема можност да слушне што мисли ММФ за потрошениот кредит од страна на Владата за потребите на ланските парламентарни избори. Сега, според информациите од Владата, Светска банка и' дава гаранција на Македонија за ново задолжување во висина од 200-250 милиони евра кои ќе бидат потрошени точно пред новите локални, а можеби и парламентарни избори.

На голем собир пред бизнисмените од сите стопански комори на Македонија, премиерот Никола Груевски објави дека (со пари што Владата ќе ги добие преку задолжување на земјата во странство) ќе си го плати долгот кон домашните компании за завршени работи по јавните тендери и невратените средства од ДДВ-то. Се' до денар на компаниите (и вработените) треба да им биде платено најдоцна до февруари следната година, односно точно на 15 дена пред одржувањето на локалните, а можеби истовремено и парламентарни избори.

Истовремено премиерот, на кој Светска банка му гарантирала дека може да ја задолжи државата со уште 200-250 милиони евра, за што се' уште нема потврда од неа, ветува дека во Македонија, каде што на секој пензионер имаме само 1,4 вработен, и во услови на рецесија, ќе бидат зголемени пензиите за ветените 5 проценти со програмата на ВМРО-ДПМНЕ и плус уште за 2 проценти поради зголемените трошоци на животот.

Исплатата, според новото зголемување на пензиите, ќе започне замислете од март следната година, односно пред одржувањето на изборите. Исто така, сосема случајно, од март следната година, со позајмените пари од странство, со камата од 4,5%, за чие враќање ќе го гарантирала Светска банка, премиерот ветува дека ќе биде зголемена и социјалната помош на над 30 илјади лица.

Во земја во која нови работни места се отвораат само во јавната администрација премиерот им ветува на чиновниците да не стравуваат од отпуштања од работа, како што тоа се случува денес во Хрватска или во Грција (кои се во криза) и дека со парите од странски кредити ќе се обезбедува тие редовно да си ги добиваат своите плати, а зголемувањето на нивните плати ќе се одложи поради кризата само за една година кога со голема сигурност ќе доживееме економски растеж.

Сето ова од страна на бизнисмените во земјата беше поздравено со бурен аплауз, а опозицијата мудро забележа само дека премиерот конечно го признал својот долг кон стопанството. И ништо друго.

За да не излезе дека премиерот лажел, ВМРО-ДПМНЕ само еден ден по оваа забелешка на сметка на премиерот, започнува кампања во сите медиуми и на цела страница потсетува на „Сите лаги на Бранко Црвенковски“. На телевизиите се емитуваат спотови со кои се докажува дека „струјата поскапува само затоа што СДСМ им го продал ЕСМ на Австријците“, потоа преку ноќ формираниот синдикат „баба Зумбула“ му станува партнер во разговорите на министерот Тодоров, а невладината „Изгор приватизација“ протестира пред опозицијата поради зголемувањето на цените по седум години власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот тврди дека може да се случи да бидат одржани и предвремени парламентарни избори ако не функционираат институциите. Но, според однесувањето на Талат Џафери во Собранието секој може да види дека тие одлично функционираат. Министерот за одбрана Бесими и неговиот заменик одлично соработуваат, министерот за образование и градоначалникот на Чаир имаат целосно меѓусебно разбирање, а од оние 200-250 милиони евра што ќе ги позајми владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ ќе бидат веројатно обезбедени и средствата за спроведување на Законот за бранителите или таканаречените бранители, како што ги нарекува Ермира Мехмети. А ако тој не биде блокиран со методите на забавниот Талат и биде донесен со етничко надгласување, тогаш според Муса Џафери Албанците во Македонија ќе го отворат прашањето за Уставот.

И во такви услови, кога најголем дел од луѓето не знаат кај им е главата од високите сметки, премиерот пред бизнисмените вели: „Не е проблем рецесијата во економијата, туку рецесијата во наталитетот“. Се' помалку деца се раѓаат и барем вие побогатите треба да го интензивирате сексот. Немаше кој да му одговори дека и тие што се раѓаат во Македонија бегаат во странство. Според неделникот „Капитал“, повеќе од 230 илјади граѓани од Македонија или повеќе од 10% од нејзиното население емигрирало во земјите на ЕУ и САД од 1998 до 2011. Според овој извор, само во земјите на ЕУ во овој момент 176.423 граѓани од Македонија престојуваат со виза за привремен престој. Најголемиот број од нив се во Италија (78.048) Германија (58.070) Австрија (15.659) и Словенија (9.551). Оваа влада потроши 40 милиони евра за правење попис на населението и не го направи, ниту објавила кога ќе го направи. Но, професорот на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски вели дека „најверојатно ќе се остварат црните претпоставки на САД и на Светска банка дека до 2030 година Македонија ќе има одвај еден милион и 800 илјади жители. Проблемот веројатно не е само во сексот и абортусот.
 
Владата се задолжи со 63,6 милиони евра

02.10.2012 | 17:08​
Прочитано: 111​

Владата не запира со задолжувањата. По денешните аукции на хартии од вредност во буџетот се слеаа скоро 63,6 милиони евра.
12942.jpg
Преку тримесечни записи во државната каса денеска се собраа 61,6 милиони евра, доплнително, Владата издаде уште една петгодишна обрзница со која обезбеди уште два милиони евра. За оваа хартија од вредност државата ќе плаќа камата од 5,5% .
Инаку, веќе утре по основ на веќе доспеани записи државата во приватниот сектор треба да врати 52,4 милиони евра. По денешните аукции и утрешното враќање на парите , на владата сепак и остануваат за трошење уште 11, 2 милиони евра.
Иако, владата најви дека годинава ќе запре со задолжувања во странство сепак трендот го продолжи дома преку издавање на записи.
Инаку, по основ на државни хартии од вредност, заклучно со 31 август годинава на сметка на државната каса за трошење има 577 милиони евра, пари што се враќаат со камата. Од поклучните кредити што треба да се исплатат е и еврообврзницата со вредност од 175 милиони евра, која треба да се врати во јануари следната година.

Владата за годинава најави продлабочување на минусот во буџетската каса, ги зголеми трошењата од 2,5 на 3,5 проценти. А поголем буџетски дефицит планира и за следната година.
 
Светска банка гарант за победа на Груевски
5ABB7303DD4CEA4AB2EC45317E5386E2.jpg
Ѓорѓи Спасов
Многу јак експерт нема што, од што имаат вакви јаки експерти СДСМ затоа 6 години рејтингот им е за нигде и губат избори 5 пати по ред. Овој и неговата партија додека беа на власт ништо не се градеше , беше Македонија застаната во времето сега они најдоа да солат памет:facepalm: Сега гледам на Ceasаr кој му бил ментор од кој учел школо па треска глупости.
 
Ист како твојот Томе Неновски
Еве деснеска што изјави Томе неновски еден од најдобите економисти во Македонија сегашен професор и поранешен вицегувенер на Народна банка:
 
A od kade da zeme vladata pari za plakane na penzii, kamati po stari zaemi i slicni? Pod uslov, deka nema realna ikonomija. Mora da se zadolzhuva.
Bugarija, ako ne bea eurofondovete i turizmot, ke beshe na istoto derege.
 
Многу јак експерт нема што, од што имаат вакви јаки експерти СДСМ затоа 6 години рејтингот им е за нигде и губат избори 5 пати по ред. Овој и неговата партија додека беа на власт ништо не се градеше , беше Македонија застаната во времето сега они најдоа да солат памет:facepalm: Сега гледам на Ceasаr кој му бил ментор од кој учел школо па треска глупости.
Ставревски ми е идол многу е талентиран секоја втора година ја носи Македонија во рецесија, треба талент за тоа мора да се признае, а исто така омилени ми се колумните и на Кире Наумов што имаш за него да кажеш
 
Да бе да Ставревски е крив и за други земји ширум европа што се во рецесија , Ставревски е крив и за пропаѓањето на леман , Ставревски е крив и за хипотекарната криза што настана во Сад , Ставревски е крив за европската должничка криза. Ставревски е крив што повеќе од половина фирми во средината на девесетите пропаднаа заради криминална приватизација и се отпуштија над 100 000 луѓе во тој период. Инаку Кога Зоран Ставревски беше вицегувернер за економски прашања пред да дојде Пешевски Македонија имаше во неговото време во 2007 и 2008 година Македонската економија имаше најголеми стапки на раст од осамостојувањето 2007година 6,1% раст на БДП а во 2008 година 5,0% раст на БДП. Во 2007 година Странските директни инвестиции биле на највисоко ниво од осамостојувањето 500 милиони евра , а во 2008 година странските директни инвестиции изнесувале 399 милиони евра. Стапката на невработеност во 2006 година кога они дојдоа на власт беше 36% а во 2007 изнесувала 34,9 % а во 2008 година 33,8%. Така да бројките не со согласуваат баш со тебе . А и кога имаше рецесија во 2009 падот на БДп изнесуваше 0,9% еден од најниските во Европа. Далеку од тоа дека нема направено грешки сите што работиме правиме ама далеку од здрав разум е дека он е виновен за рецесијата во Македонија, колку што можеа или знаеја ги ублажија ударите ама во услови кога 60% од извозот ни иде за Еу а 30% со земји од регионот кој исто така се директно поврзани со случувањето во Еу , во Ситуација кога 90% од извозот зависи со случувањата во еу и нејзината побарувачка а таму не цветаат рози и тој факт да се негира и на се што не чини во нашата економија да му се препише на Ставревски е далеку од здрав разум. А еве ти и линк за бројките да не речеш дека ги измислувам http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400 .
А за Кире Наумов имам посебно нешто да кажам типот е трчи лажи и манипулира со бројки и факти, а уште еден доказ за неговиот кредибилитет и квалитет е и тоа што го избркаа од Економскиот факултет од Скопје пред 1-2 година. Тој е единствен случај на Економскиот факултет што го избркале во последните 10-15 години. А и добар приверзок е на Бранко , додека беше Бранко претседател он беше прв човек на агенција за разузнавање така да ако бил квалитетен економист и експерт немало да го пикнат да биде прв тастер во државата , без притоа да нема ни еден ден работно искуство во безбедносниот систем:)
 
ne bi rekol deka ne e vinovna vladata nitu vo evropa a uste pomalku vo svetot nemaat dva posledovatelni kvartali vo MINUS eve ti istrazuvanje
АНАЛИЗА: Кризата ги топи проекциите – тешко до економски раст

03/10/2012 // Пред 16 часа // АНАЛИЗА // Коментирај
Recession-is-Back-564x272.jpg

Ќе биде ли 2012 та погубна година за економијата? Првично проектираните 4,5% економски раст не само што се стопија , туку сега за успех ќе се смета секој резултат што е малку над нулата. Народната Банка веќе пресметува нова проекција според која оваа година ќе заврши со раст од 0 до 1 процент.
Почна да се ситни и последниот квартал а статистиката секојдневно ги урива илузиите за опоравување.
Откако првата половина од годинава заврши со рецесија, последните податоци за економските движења не најавуваат оптимизам ниту за второто полугодие. Сите симптоми укажуваат на тоа дека и третиот кавртал од годинава измина во знакот на криза.
Не запре негативниот тренд на индустриското производство ( август – 8,1%) , прометот во индустријата дома и во странство се намалува ( јули – 21,1%) и бројот на работници се топи ( август – 4,1% ), инвестициите се ситнат ( во јули 100 милиони евра помалку во однос на истиот месец лани ). Македонската економија, која со стартот на оваа година требаше да испорача раст од 4,5% , сега ќе “брка “ раст од 1% – стапка што според бизнисмените би претставувала успех, а според Народната Банка – реален одраз на состојбата .
Компаративната анализа на Фактор покажува дека македонската економија не е единствена во Европа што не успеа да ја преброди кризата и да избегне рецесија, но во исто време таа е во групата токму на “критичните“ земји кои беа причина за кризата што ја тресе Европа. Судејќи според досега испорачаните економски параметри, освен Македонија, рецесија прогласија Грција , Шпанија, Италија, Словенија. Најголема негатива прикажа Грција од -6,2% , потоа Португалија -3,3% и Италија со -2,5% економски раст во вториот квартал од годинава. Еве која е групата на европски економии што се во рецесија :
Чешка, Грција, Шпанија, Италија, Кипар , Унгарија, Португалија , Словенија
Од друга страна, и покрај кризата , реформите , отпуштањата на работници и зголемувањето на даноци, дел од европските земји успеаја да прикажат економски раст.
Иако симболично, водечките европски економии – на Германија и Франција останаа во позитивна зона. Она што е пресудно за македонската економија е токму опоравувањето на германската економија, со која остваруваме годишна трговска размена од 1 милијарда долари . Еве какви стапки на раст прикажаа дел од европските земји :
Франција +0,3%
Германија +1,0%
Естонија +2,5%
Полска +2,5%
Латвија +4,3%
Европската Унија за “влакн “ успеа да избегне рецесија во првата половина од 2012 та.
I квартал 2012 II квартал 2012
Европска Унија 0,0% -0,5%
Македонија -1,3% -0,9%
Глобално, според аналитичарите , за економската разврска во оваа 2012 та и стартот на следната година, пресудни ќе бидат економските резултати што ќе ги прикажат водечките светски економии. Америка и Јапонија засега бавно, но сигурно чекорат кон заздравување. Двете моќни економии прикажаа економски раст во првата половина од годинава . Американската економија веќе четири квартали по ред е во зоната на позитива .
I квартал 2012 II квартал 2012
Америка 2,4% 2,3%
Јапонија 2,8% 3,6%
Каков курс ќе заземе македонската економија догодина ќе зависи пред се од движењата во европските економии. Веќе се исцртуваат контурите на буџетот за 2013 та. Каква стапка на раст ќе проектира Владата за догодина? Дали таа ќе биде одраз на реални очекувања или на популизам? Во очекување на новите буџетските позиции, бизнисмените и економистите предупредуваат дека кризата не само што нема да заврши со завршување на оваа 2012 та, туку ќе се прелее и ќе трае и во првата половина од годината што доаѓа.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 13:23 ---
eve ti uste edno!
Македонија со најголем пад на економијата, по Грција

14/07/2012 // Пред 2 месеци // ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА // Коментирај
recession-564x272.jpg

Во првите 3 месеци на 2012 година Македонија има најголем пад на економијата во Европа, по Грција. Блиску до нас се само балканските земји, а подобри резултаи прикажаа сите европски економии.
РАСТ НА БДП
1 КВАРТАЛ 2012 ВО %
  • Норвешка 1.4
  • Бугарија 0.9
  • Словачка 0.7
  • Германија 0.5
  • Словенија 0.2
  • Шпанија -0.3
  • Унгарија -1.2
  • Србија -1.3
  • Хрватска -1.3
  • Македонија -1.4
  • Грција -6.5
 
Требаше ова да го сместиш во пад на буџет.
Чисто ме интересира каква прокеција ќе направат за следна година, +10 можеби :icon_mrgr:
 
  • Норвешка 1.4
  • Бугарија 0.9
  • Словачка 0.7
  • Германија 0.5
  • Словенија 0.2
  • Шпанија -0.3
  • Унгарија -1.2
  • Србија -1.3
  • Хрватска -1.3
  • Македонија -1.4
  • Грција -6.5

Грешка си Цезар, овој текст Лотос или Свирка не го пишувале, мора да е погрешен. Еве кај и да е ќе пише убермегагига експертот *Лавот* и ќе потврди дека е грешен.
 
Сега слушам економист со мадина вика дека ако БДП падне под -1.5 економијата ќе се сруши па ќе има немири ова она, споредува со брзина на лет на авион ако падне под некое критично ниво тој авион ќе се сруши.
Така да уживајте -1.4 е :icon_lol:.
 
ne bi rekol deka ne e vinovna vladata nitu vo evropa a uste pomalku vo svetot nemaat dva posledovatelni kvartali vo MINUS eve ti istrazuvanje
АНАЛИЗА: Кризата ги топи проекциите – тешко до економски раст

03/10/2012 // Пред 16 часа // АНАЛИЗА // Коментирај
Recession-is-Back-564x272.jpg

Ќе биде ли 2012 та погубна година за економијата? Првично проектираните 4,5% економски раст не само што се стопија , туку сега за успех ќе се смета секој резултат што е малку над нулата. Народната Банка веќе пресметува нова проекција според која оваа година ќе заврши со раст од 0 до 1 процент.
Почна да се ситни и последниот квартал а статистиката секојдневно ги урива илузиите за опоравување.
Откако првата половина од годинава заврши со рецесија, последните податоци за економските движења не најавуваат оптимизам ниту за второто полугодие. Сите симптоми укажуваат на тоа дека и третиот кавртал од годинава измина во знакот на криза.
Не запре негативниот тренд на индустриското производство ( август – 8,1%) , прометот во индустријата дома и во странство се намалува ( јули – 21,1%) и бројот на работници се топи ( август – 4,1% ), инвестициите се ситнат ( во јули 100 милиони евра помалку во однос на истиот месец лани ). Македонската економија, која со стартот на оваа година требаше да испорача раст од 4,5% , сега ќе “брка “ раст од 1% – стапка што според бизнисмените би претставувала успех, а според Народната Банка – реален одраз на состојбата .
Компаративната анализа на Фактор покажува дека македонската економија не е единствена во Европа што не успеа да ја преброди кризата и да избегне рецесија, но во исто време таа е во групата токму на “критичните“ земји кои беа причина за кризата што ја тресе Европа. Судејќи според досега испорачаните економски параметри, освен Македонија, рецесија прогласија Грција , Шпанија, Италија, Словенија. Најголема негатива прикажа Грција од -6,2% , потоа Португалија -3,3% и Италија со -2,5% економски раст во вториот квартал од годинава. Еве која е групата на европски економии што се во рецесија :
Чешка, Грција, Шпанија, Италија, Кипар , Унгарија, Португалија , Словенија(сам се контраш со тоа што горе си го напишал)
Од друга страна, и покрај кризата , реформите , отпуштањата на работници и зголемувањето на даноци, дел од европските земји успеаја да прикажат економски раст.
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 20:42 ---
Грешка си Цезар, овој текст Лотос или Свирка не го пишувале, мора да е погрешен. Еве кај и да е ќе пише убермегагига експертот *Лавот* и ќе потврди дека е грешен.
Прочитај што Лавот напишал и кој е извор на податоците па после лечи комплекси:)
 
Ти си фрустриран не ги напаѓај сите околу тебе што не мислат дека е розово! ЕВЕ ТИ ФАКТ I квартал 2012 II квартал 2012
Европска Унија 0,0% -0,5%
Македонија -1,3% -0,9%
I квартал 2012 II квартал 2012
Америка 2,4% 2,3%
Јапонија 2,8% 3,6%
Така да имаш сајт на државен завод на статистика и секој втор ден се објавуваат аргументи кои не ти одат во прилог http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=39 дури и бодов вчера кажа дега е загрижен од инфлацијата наспроти растот, ако знаеш елементарно економија треба да знаеш дека висока инфлација, рецесија и невработеност не одат заедно, освен во одредени ретки периоди на стагфлација ама тогаш најчесто има благ раст на бдп и висока инфлација а не рецесија и инфлација, увозот паѓа ама извозот паѓа со повисок процент и покриеноста на увозот со извоз се намалува http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
читај факти! Според статистичките податоци, увозот на стоки во првите осум месеци годинава паднал за 11,1%, додека извозот бележи пад од 9,9%, додека oбемот на вкупната трговската размена е помал за 10,4% споредено со истиот период лани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom