Не постои човек кој, првенствено од естетски причини, не сака да ги отстрани масните наслаги од стомакот. Но, освен што цврстите стомачни мускули прават да изгледате привлечно, тие се и доказ за здрав животен
стил.
Цврст и рамен стомак не е само моден тренд – силните абдоменални мускули се важни за виталноста на целото тело.
Цврст абдомен – цврсто тело
Стомачните мускули се секогаш топ тема. Додека на ТВ и на насловните страници од списанијата гледате луѓе со совршени тела и цврсти стомачни, Вие со сила го вовлекувате стомакот и си велите дека некогаш ќе биде
подобро. Но, често се заборава една важна работа: опуштениот абдомен, прекриен со масни наслаги не само
што изгледа непривлечно, туку и непотребно го оптоварува целото тело.
Доколку ги запуштите стомачните мускули и дозволите на нив да се наталожат масни наслаги, тие – порано или подоцна ќе станат „мрзеливи“ што, пак, Вам ќе Ви се одрази со болки во вратот и грбот.
Мускулите од абдоменот се поважни отколку што мислите
Што прават?
Стомачните мускули се поврзани со карлицата и градниот кош и тие се најдобрите пријатели на Вашиот `рбет, ја даваат основната поткрепа на органите во абдоменалниот дел и ги држат во правилната положба. Овие мускули ја имаат и главната улога кога е во прашање движењето на торзото нанапред и наназад, и силно го притискаат стомакот кога ќе се згрчат. Со тоа, тие даваат значаен придонес во многу процеси, како на пр.: дишење, кашлање, кивање, празнење од фекалиите, породување.
За што се важни?
Стомачните мускули:Се основа за здрав `рбет и стабилноста, го „корегираат“ дебалансот на телото,
го подобруваат држењето и овозможуваат подобро функционирање на целото тело.
Освен овие нешта, абдоменалните мускули се важни за секоја спортска активност, без разлика дали спортуваме редовно или повремено. Со нив се одржува стабилноста и се олеснува движењето.
Зошто треба да им посветиме внимание?
Како што вели познатата изрека:
„Синџирот е силен колку неговата најслаба алка“. Па така, слаби мускули можат да предизвикаат најразлични проблеми:болки во грбот,болки во вратот, неправилно функционирање на `рбетот и долните екстремитети,
болки во зглобовите, повреди
Рамен и цврст стомак не се добива со неколку неделно вежбање, туку со промена на животниот стил.
Ако сте повежбале некое време и сте постигнале некаков ефект тоа не значи дека стомачните мускули понатаму ќе останат цврсти.
Но, имаме и добри вести:
Доколку имате волја и мотивираност да работите
напорно ќе го постигнете она што го сакате. И сè е можно! Но, прво и основно, треба да се придржувате на неколку едноставни и ефикасни правила.
Рамен и цврст стомак – единствено со промена на животниот стил.
Ви се пожалил ли некој дека прави по 100 стомачни вежби на ден и дека не постигнал никакви резултати? Ако да, прашајте го/ја за неговиот/ нејзиниот
начин на исхрана, разновидноста на вежбите кои ги прави и нивото на физичка кондиција.
Имено, мускулите треба да се зајакнат, но тоа не е единственото нешто што треба да се прави.
Трајни резултати можете да постигнете единствено комбинирајќи ги следниве елементи:
• Правилна, балансирана исхрана
• Масажа
• Гимнастички вежби
• Аеробен тренинг
• Тренинг за моќ
• Фитнес справи и реквизити
1. Правилна исхрана
Златни совети кои ќе го подобрат Вашиот метаболизам и изгледот на Вашите стомачни мускули.
1.Јадете помали оброци повеќе пати на ден. Обилен ручек или вечера го претвора Вашиот стомак во балон. Пет или шест оброка дневно ќе Ве заштитат од прејадување и од прегладнување.
2.Појадокот е задолжителен – всушност, појадокот Ви е шанса да јадете храна која не смеете да ја јадете навечер. Дури и ако појадувате обилно, Вашето тело го има целиот ден за да ги потроши внесените калории. А Вие освен што нема да се чувствувате истоштено и прегладнето, ќе можете да јадете од својата омилена храна.
3.Вклучете овошје и зеленчук во секој оброк. Ако немате при рака нешто свежо, и замрзнат или дехидриран зеленчук или овошје „ќе заврши работа“.
4.Вклучете растителни влакна во исхраната. Овие влакна најчесто ги има во помалку „популарните“ продукти. Наутро, наместо бел, јадете интегрален леб, а во салатата или супата вклучете ги и мешункастите плодови.
5.Наместо да ја пржите, храната варете ја или гответе ја на пареа. Секогаш изберете варен интегрален ориз или компири.
6.Не им се препуштајте на газираните пијалоци и брзата храна – тоа се најголемите непријатели на варењето на храната и убаво обликуваниот абдомен.
7.Умно одбирајте ги своите „грицки“. Чипсот и чоколадните колачиња се преполни со празни калории, маснотии и сол, а кога ги консумирате пред ТВ
губите и контрола колку сте изеле. Ако навистина не можете без ваквите грицки, мора да се контролирате! Ставете една третина од кесето во чинија и
тоа е тоа!
8.Не се сите маснотии штетни – всушност, маснотиите играат значајна улога во правилното функционирање на организмот. Избегнувајте животински масти и заменете ги со растителни. Во овој случај мора да внимавате на индустриски обработените масти кои можат да бидат
навистина штетни и да влијаат врз дебелеењето и создавањето на кардиоваскуларни заболувања.
Најдобри се омега 3 масните киселини кои
ги има во рибата и маслиновото масло. Имаат висока
хранлива вредност и секогаш се Вашиот вистински
избор.
9.Пијте доволно вода
10.Јадете бавно и со задоволство