Незапирливи 1903/87
Изгорен за Вардар


Столе Стоилов е роден на 30.04.1987 година и игра на позицијата пикер. Дел е од македонската ракометна репрезентација и играч на шампионот на Македонија, РК Вардар. Столе Стоилов својата кариера ја започнал во редовите на Металург, каде што не успеал најдобро да се снајде, не добивал голема минутажа од клубот, така што бил принуден да си замине од истиот, за да ја спаси својата кариера како што кажува и самиот. Столе "блесна" во 2012 година каде што ја имаше неговата најдобра сезона од почетокот на неговата кариера, како играч во македонската лига, но овој пат во РК Вардар, ривалот на РК Металург. На првенството во Србија е вистински бум на првенството, каде што постигна 27 гола со 72% на реализација (не ме држете за збор) со што и помогна на македонската репрезентација да стигне до историското 5-то место во Европа. Подоцна Столе имаше значителни успеси и на клубско ниво со тимот на Вардар, освојувајќи ја новоформираната СЕХА лига победувајќи го Металург во полуфиналето и Загреб на нивен терен во финалето, а следната сезона Загреб се реваншираше на Вардар, кој повторно стигна до финалето во ова натпреварување. Освен титулата во Сеха лига, го освои и купот на Македонија победувајќи го Металург, а во минатата сезона дојде и до титулата во домашното првенство со што Вардар се избори и за директно учество во Лигата на Шампионите. Некои велат дека е напреднат и дека уште напредува некои велат дека и во Вардар нема голема минутажа. Но факт е дека во РК Вардар на неговата позиција играат уште два солидни пикери (Тоскиќ и Чипурин) и сите добиваат подеднаква минутажа, додека во репрезентацијата најчесто е прв играч, но често се заменува и со Ванчо Димовски. Исто така во последно време може да се забележи и подобрување на неговата игра и во одбрана, со што станува уште попрактичен играч кој може да игра и напад и одбрана без да се менува одреден период. Оваа година Столе, заедно со соиграчите од репрезентацијата ги брани боите на Македонија на европското првенство во Данска па да им посакаме многу среќа. Со РК Вардар го очекуваат два натпревари во групната фаза во Лигата на Шампиони и на добар пат е да избори 1/8 финале заедно со неговите момци.
Столе Стоилов е еден од омилените ликови помеѓу ракометните фанови во Македонија, исто така и кај навивачката група на Вардар (икона ни е Столе


Играч кој секој вистински навивач би посакал да го има во својот клуб, играч кој знае да победува и да слави!

СТОЛЕ ТИ СИ НАША ИКОНА!