Сточарите пред колапс - на блокади в понеделник

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Значи треба да постои, ама не знаеме дали е така...

Да постоеше, убедена сум дека до сега опозицијата ќе мафташе со неа од говорници и дека и млекарите ќе ја спомнеа. Така да поверојатно е дека нема таква одредба.

А, штом нема, тогаш законот не им овозможува на млекарите шанса државата да им го исплати долгот.
И тоа треба јасно да се каже. Да не бараат луѓето нешто што не можат да го добијат.

Нека протестираат (но, не на магистрални патни правци) барајќи олеснителни околности од владата, поради незавидната состојба во која се наоѓаат.
И нека другпат видат кои им се опциите пред да се залетаат да продаваат млеко, и тоа упорно, цели шест месеци, кога гледаат дека исплата нема.

Tогаш владава актуелна треба под итно да си поднесе оставка затоа што кога дошла на власт не се погрижила да создаде таква одредба која е дискутабилно дали ја има или ја нема,а не да ми се курчи пред ТВ дека создавала услови,остварувала,дрн-мрн,трети деца,верувај во себе,креиај ја својата иднина,субвенции,мижи асан да ти баам.......
 
кога си веќе кај субвенциите, ме интересира ако знае некој да каже, дали млекарите ги добиле загарантираните 2 денари за литар за предадено млеко во млекарниците за 2008, субвенција од владата како што пишува во преродбата во 100 чекори надградена и проширена на страна 97.

еве на пр. можеби даме ќе може да ми одговори, пошто тој ги спомнува субвенциите во 95% од неговите постови, или некој друг ако знае.
 
Ada, a sto da im pravat na kravite koi ako ne gi molzat ke prestanat da davaat mleko?? Mesto da gi unistat kravite, ili da go frlat mlekotok go nosele na otkup so nadez deka ke im bidat isplateni parite, a Swedmilk vetuvase li vetuvase.

I ti zaebavas sega.

Isti kurac im e dali ke go dadat gaga ili ke go isturat, no ako go dadat gaga barem moze da se nadevaat na isplata.
 
Ja znam , i ne e 2, tuku e 4 мкд за 2008 , два пати ја накачуваа
дадена е на сите кои аплицирале со точни и валидни докумнети, и како и во се , има мал број шо требало да земат , а не земале, а има и такви кои не знаеле што и како за апликација, пошто нема кој да им каже, федерација на фармери и агенција за подршка на земјоделие ќе треба поажурни малку да бидат.
инаку 4 им дадоа , а 6,5 % им земаат на име данок, исплатувачот е должен ( читај млекарата) да им ги задржи и уплати у нивно име
 
Протестите на млекопроизводителите во сите региони се ставени во мирување. Сточарите одлучија да ги прекинат блокадите, бидејќи биле известени дека шведската млекарница е при крај со процедурата да се продаде на американско-израелскиот фонд.
„Неофицијално, знаеме дека ‘Сведмилк’ е продаден за некој американско-израелски фонд. Луѓето биле на преговори, веќе дефинитивно се влезени во ‘Сведмилк’ и официјално дале изјава дека парите до крајот на месецов ќе бидат исплатени“, изјави Кире Небрежанец, сточар од прилепско.
И од Владата велат дека го следат проблемот со „Сведмилк“ и дека прават сè да помогнат да се најде инвеститор кој ќе ја извлече млекарницата од оваа криза и таа да продолжи да работи.
„Процесот е во прилично сензитивна фаза кога потенцијалните инвеститори токму денес разговараат со банките на коишто им должи млекарницата за репрограмирање на обврските. Значи, сепак треба сите оние коишто имаат директна инволвираност во случајот со шведската млекарница да се сложат и да најдат решенија околу излез од оваа ситуација“, изјави Зоран Ставрески, потпретседател на Влада.
Сточарите очекуваат од новиот сопственик да им го исплати долгот од 3,5 милиони евра за млекото предадено изминатите 6 месеци.

A1
 
Ова е еден вид ветување од владата дека ќе поогне на сотчарите да си ги наплатат паричките.

Ем, ХАЗАРИТЕ И ВО МАКЕДОНИЈА ( или нешто од репертоарто ан АБЦ)!

Фондот Fenix Energy е новиот газда на Свидмилк
Новиот газда има големи планови за Сведмилк, а се споменува склучување на годишен договор со Армијата на САД вреден 35 милиони долари за доставување на млеко од Македонија

9D0D8DE6EEC32847A1B28F7ABDEA2386.jpg
Американско-израелскиот инвестициски фонд Fenix Energy е новиот газда на Сведмилк. Млекарницата повеќе од шест месеци се наоѓа во тешка финансиска криза поради што престана да им исплаќа на фармерите за предаденото млеко - долг кој достигна околу четири милиони евра. Клучен за влезот на фондот беше вчерашниот ден кога потенцијалните инвеститори разговараа со банките на кои млекарницата им должи за репрограмирање на обврските во висина од околу 20 милиони евра. Во исчекување беа и фармерите кои решија закажаните протести да ги стават во мирување.
- Шведската млекарница ја купил израелски инвестициски фонд на кој прироритетно ќе му биде да ни ги исплати побарувањата - изјави Кире Небрежанец, сточар од Прилеп.
Тој додаде дека фармерите ќе ги актуелизираат протестите ако до 20 овој месец не им биде исплатен долгот за продаденото млеко на Сведмилк. Според информации на ВЕЧЕР, претставници на фармерите требаше доцна синоќа да се сретнат со новиот инвеститор за да ги информира за деталите околу исплатата на нивното млеко.
Според вицепремиерот, Зоран Ставрески, Владата иако не е акционер сепак се заложила за решавање на проблемот со неисплатеното млеко од Свидмилк.
-Настојуваме да помогнеме во изнаоѓање инвеститор кој ќе ја извлече млекарницата за во иднина да опстои и да им се платат долговите на фармерите. Ја следиме ситуацијата и се надеваме дека инвеститорите и банките што ја кредитирале млекарницата ќе најдат заедничко решение, а тоа ќе овозможи инвеститорот останатите средства да ги насочи кон фармерите зашто тоа е еден од условите млекарницата да продолжи со работа - рече Ставрески.
Како што дознаваме, новиот газда има големи планови за Сведмилк. Се споменува склучување на годишен договор со Армијата на САД вреден 35 милиони долари за доставување на млеко од Македонија.
На официјалната интернет страница на Fenix Energy стои дека се во завршни преговори со надлежните од Македонија за основање на фирма за извоз на овошје и зеленчук од земјата. ВЕЧЕР минатата недела објави дека надлежни од Fenix Energy USA LLC ја посетија Македонија.
- По неколкудневно набљудување на македонската агроиндустрија, одлучивме да одиме напред со нашите планови за инвестирање во земјата - стои на нивниот веб сајт.
Оттаму пренесуваат изјава на надлежни од фондот каде Македонците ги оценуваат како добар и вреден народ.
-Веруваме дека можеме да им помогнеме на фармерите во организација на извозот. Со технологијата, опремата и со знаење од Израел, можеме да ја доведеме Македонија да биде една од силните извозни земји во регионот - се вели на сајтот на фондот.
Fenix Energy USA LLC е приватна компанија со централа во САД. Велат дека имаат Joint Venture (JV) со компании низ целиот свет и претставништва низ САД, во Бразил, Велика Британија, Словачка, Унгарија, Русија, Среден Исток и Азискиот пацифик. Како што стои на нивниот веб сајт, на чело на нивното претставништво во Цирих е Насер Пацоли од познатата косовска фамилија бизнисмени.
Фондот нуди широк спектар на производи како што се: млеко во прав, сончогледово и палмино масло, ориз, жито (пченица), отпадоци од метал, користени шини, шеќер, цемент, јаглен, уреа и нафтени деривати.

Светлана БЛАЖЕВСКА
 
Inaku, pustino, pusta da ostanes каде гледаш чаре за состојбата??
Тешко некој шо се изгорел од фармериве да се врати на истиот бизнис. Извоз и само извоз , ама со реални цени на сировина (млеко) и поддршка од владините институсии :kesa:кои треба да ги олеснат процедурите. некои спомнуваа да се спречел увозот, ама тоа во некоја Венецуела или Куба може да се напраи. Имаме добар потенцијал, ама само ако знаеме да го искористиме ( исто ко у ракометот хех). А за извоз треба добри објекти, добра know-how технологија , едуцирани работници и технолози. Ако во текстилот лон продукцијата беше решение , тогаш и тука може под private label, приватна етикета да се произведуваат производи кои ќе носат пари. а егото треба да научиме дека треба да го исклучиме кога се работи за бизнис
 
Ada, a sto da im pravat na kravite koi ako ne gi molzat ke prestanat da davaat mleko?? Mesto da gi unistat kravite, ili da go frlat mlekotok go nosele na otkup so nadez deka ke im bidat isplateni parite, a Swedmilk vetuvase li vetuvase.

I ti zaebavas sega.

Isti kurac im e dali ke go dadat gaga ili ke go isturat, no ako go dadat gaga barem moze da se nadevaat na isplata.
Само Сведмилк врши откуп на млеко? Други млекари немаме?
Тешко некој шо се изгорел од фармериве да се врати на истиот бизнис. Извоз и само извоз , ама со реални цени на сировина (млеко) и поддршка од владините институсии :kesa:кои треба да ги олеснат процедурите. некои спомнуваа да се спречел увозот, ама тоа во некоја Венецуела или Куба може да се напраи. Имаме добар потенцијал, ама само ако знаеме да го искористиме ( исто ко у ракометот хех). А за извоз треба добри објекти, добра know-how технологија , едуцирани работници и технолози. Ако во текстилот лон продукцијата беше решение , тогаш и тука може под private label, приватна етикета да се произведуваат производи кои ќе носат пари. а егото треба да научиме дека треба да го исклучиме кога се работи за бизнис
Кој е нашиот потенцијал, кога увезуваме сточна храна и ја плаќаме скапо, сточарите ни се образуваат, ни воведуваат новини, и се е расцепкано на мали, сиромашни поседници?
Тука ни субвенции не помагаат.
Ни кај сточарите, ни кај земјоделицте.

А, да не збориме дека, од оправдани причини, млекото ни е скапо, и истото може, со се даноци, да се увезе за помала цена од страна.
 
Само Сведмилк врши откуп на млеко? Други млекари немаме?

Кој е нашиот потенцијал, кога увезуваме сточна храна и ја плаќаме скапо, сточарите ни се образуваат, ни воведуваат новини, и се е расцепкано на мали, сиромашни поседници?
Тука ни субвенции не помагаат.
Ни кај сточарите, ни кај земјоделицте.

А, да не збориме дека, од оправдани причини, млекото ни е скапо, и истото може, со се даноци, да се увезе за помала цена од страна.

Има други млекари, веројатно таму ќе одат, ама, сега говориме за даденото млеко кое не им е исплатено.

Јас одамна заговарам млекарите да одат кај наши млекарници, како Битолската, која е квалитетна и плаќа навремено...барем несум чул дека ендаш има задоцнето со исплата.

Но, муабетот е за неплатеното, а дадено млеко.
Туку, да видиме хазариве на АБЦ дали ќе им исплатат.
 
Е ИМБ не доцни со исплата...Ама сите се полакомија кај оној што плаќа најмногу. Оправдано, додуше.

Инаку, колку што разбрав, новиот сопственик ќе мора да им ги исплати долговите. Тоа ќе биде услов.
 
Нема да биде услов, туку ќе се заложи владата да интервенира кај новиот сопственик да ги преземе обврските од претхоните, со цел да им се овозможи на сточарите да ги добијат средствата кои им се должат. Јас пак така го разбрав тоа.
 
Само Сведмилк врши откуп на млеко? Други млекари немаме?

Кој е нашиот потенцијал, кога увезуваме сточна храна и ја плаќаме скапо, сточарите ни се образуваат, ни воведуваат новини, и се е расцепкано на мали, сиромашни поседници?
Тука ни субвенции не помагаат.
Ни кај сточарите, ни кај земјоделицте.

А, да не збориме дека, од оправдани причини, млекото ни е скапо, и истото може, со се даноци, да се увезе за помала цена од страна.
мнооогу убав пост , ептен ме бендиса, многу е добро кога се знаат причините , за да може да се реши ппроблемот. Бравоо. Тоа ти е како во медицината да ја знаеш дијагнозата , и после е лесно терапија, ама нашиве фармери не прифаќаат ништо или скоро сите сккоро ништо. ( мое искуство).
ако погледнеш некои од документите кои се правени за тоа како да ни се опраи земјоделството , покрај другите ги има и овие работи.
значи ако одиме чекор по чекор ќе стигнеме до некаде , вака никаде.
еве ќе одам по твоите постулати и ќе одиме кон потенцијални решенија :
1. не е само Свед милк што откупува млеко, ама зошто другите би откупувале повеќе отколку што можат да продадат.
Решение -Значи треба да се најде пазар , и ќе имаат поголема потреба за сировина.
2. Сточната храна е скапа заради тоа што ја увезуваме,
Решение- треба да ја произведуваме , на ефикасен и ефективен начин. Треба да се зголеми млекодајноста по грло ,за да биде искористеноста на и онака скапата сточна храна поголема
3.Поединците фармери се проблем,
решение - формиранје на кооперативи кои , за разлика од оние после втората дсветска војна, ќе иим ги зружуваат производите а не имањето. Исто така заеднички ќе набавуваат и ќе постигнат подобра цена
3,5. точно е дека има поевтино и поквалитетно млеко од увоз , ама така стануваме зависни , со сточарството се поврзани многу други гранки и области, па по домино ефект и тие ќе паднат по некое време
4. Од мене четвртово :nenene:, не смееме да се откажуваме и да пробуваме , надежта последна умира,
а сега некој ќе пише да им го кажам ова на фармерите , и ќе почне да демагогира,ама сум им го кажал , ни еден од фармерите не знае колку го кошта единица производ , колку троши а колку треба да добие за својот труд
 
Нема да биде услов, туку ќе се заложи владата да интервенира кај новиот сопственик да ги преземе обврските од претхоните, со цел да им се овозможи на сточарите да ги добијат средствата кои им се должат. Јас пак така го разбрав тоа.
Ок, иам температура, па можда ко последица на синдромот "мозок што врие" погрешно интерпретирам.

Како и да е, исто му доаѓа, ако сегашниот сопственик ги превземе обврските.

Инаку, Американско-израелскиот фонд е еден од акционерите во Сведфонд (фонд на шведското МНР) кој во Сведмилк поседува 27,5% од акциите.
 
Сјаши Мурот да најавне Курто!

И да почекаме АБЦ да ни каже повеќе околу хазарската поврзаност со Шведска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom