Леле, мале, што е тоа нешто,?
Дупки прави, багер не е,
волна има, овца не е,
семе фрла, сејач не е,
со едно око е, ќорав не е,
гем си има, коњче не е.
Леле, мале, што е тоа нешто?
Леле, мале, што е тоа нешто?
стасува, квасец не е,
право седи, чирак не е,
му се радуваат , бебе не е,
го бакнуваат, мома не е,
стомак пара , хируг не е,
шкембе боди, касап не е.
Корен има, дрво не е,
цевка има, пушка не е,
вода пушта, чешма не е,
во дупка влегува, гуштер не е,
од дупка излегува, змија не е,
здраво турка, пила не е,
сирење прави, мандра не е.
Леле, мале, што е тоа нешто?
Во слива седи, костилка не е,
се подвиткува, ракав не е,
се надувува , гајда не е,
коски нема, полжав не е,
лава фрла, вулкан не е,
в темно седи, крт не е,
бељи прави, дете не е.
Леле, мале, што е тоа нешто?
Сладок е, шеќер не е,
глава има, човек не е,
багаж м’кни, амал не е,
во темно гледа, мачка не е,
басми цепи, и нож не е,
брада носи, а поп не е,
гол оди, русин не е.
Леле, мале,телјак?
Јајца мати, миксер не е,
се втрднува, цигла не е,
од сон буди, петел не е,
икри фрла, риба не е.
Леле, мале, што е тоа нешто
кој ќе го познае, алал да му е !