Стихијни победници или вечни паничари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Колку себеси се притискате да ги ускладите работите според вашите цели, правила, принципи, желби, ставови и што ти уште не, толку повеќе си создавате една бариера која го кочи нивното извршување, ве фаќа паника, нервоза а понекогаш тоа знае да е фатално по здравјето....
Колку често го изговарате она "Гајле ми е за се" и опуштено ги редите животните победи и успеси или сте од типот на тешки паничари кои загрозуваат се околу себе да би го оствариле своето?
Стихијни победници или вечни паничари?
 
Паничар сум, но со ред и постепено сакам да стигнам до целта, многу се секирам дали тоа што сум го зацртала ќе ми се оствари, но никогаш не сум дошла со тој степен да загрозувам нешто туѓо за да дојдам до мојот успех и никогаш нема да го направам тоа.
Претежно сум ваква за работите од кои зависи мојата иднина, мојата среќа итн...
Свесна сум дека со форсирање да стигнам до некоја цел ќе го постигнам баш спротивниот ефект, па затоа се водам според моите желби, цели и ставови, но по правилата и принципите на оние кои се над мене ( тоа би биле професорите во моментов ).
Едноставно, сакам да успеам во животот, па затоа не можам да речам “Гајле ми е“ и оставам нешто како што, со надеж дека со тек на време ќе се среди.
 
Ех,јас сум комбинација и од двете.Цело време додека да се сврши некоја работа јас си велам "гајле ми е" иако постојано сум под притисок од самата себе.Ама кога ќе дојде работата пред крај а јас сеуште не сум ја ни започнала иако таа веќе требала да биде завршена е тогаш не да сум паничарка абе не знам...Па кога ќе почнам да викам, да се дерам да се карам со сите ко да ми се тие криви јас што сум си таква ама ете...А за успеси?-Не знам.Најверојатно што сум таква комбинација и успесите и неуспесите ми се комбинација така што во животов мој колку што имам успеси толку имам и неуспеси.
 
Не ми е важно на мој начин да ми се оствари целта,важно ми е да се оствари.Затоа најчесто ги оставам работите сами да си течат,ако треба некаде да дејствувам-дејствувам со цел или работите да се забрзаат или да придонесам за остварување на целта.Не паничам за ништо,освен ако не сум ептееен многу посветена на некоја работа,па ако нешто тргне во крив правец ме фаќа паника која најчесто е за џабе.
Инаку не сум некој голем планер,не го планирам и песметувам секој “потег“,повеќе оставам само на себе,па ако нешто не е во ред,придонесувам за негово поправање и враќање во нормалниот тек.
 
Епа зависи за што станува збор. Некогаш сум паничар,а некогаш сум стихиен победник. Сепак, почесто сум стихиен победник. Порано повеќе се паничев, сега не толку. Си ги оставам работите да течат сами. Ако е потребна интервенција, интервенирам, ако не, не. Но, знам понекогаш и да избувнам и да почнам да паничам без потреба ама бргу ми проаѓа (фала богу). Ако некоја работа ја оставам да си тече сама и ако нешто се искомплицира при крајот, а јас ништо не сум превзела во врска со тоа, е тогаш знам да се испаничам и бргу интервенирам и обично си ги доведувам во ред работите.

Но, дефинитивно можам да кажам дека сум стихиен победник (или како и да се вика). :smir:
 
Анализата вели вака: ,,Кога нешто премногу сакаш и вселената ќе скова заговор да не ти се оствари,,.Значи Пауло Коелјо (или како и да се вика) кој го вели спротивното, не е во право и многу читање на неговата неконструктивнооптимистичка литература и те како е на одмет.
Психоанализата вели дека ако премногу се ,,замраме,, со тоа како ќе испадне одредена работа и плус тоа се секираме да испадне баш онака како што ние сакаме во детали или ,,совршено,, тогаш и условно кажано притисокот е многу поголем и голема е веројатноста наместо посакувниот успех да доживееме неуспех. Значи ова би била паничари-варијантата.
~Од другата страна имаме ситуација кога искулирано, без многу ,,замарање ,, извршуваме определена задача и притоа без особен напор или непотребна драма стигнуваме до посакуваната цел. Ова би била варијантата на стихијни победници.
Јас научив да функционирам на овој начин, без нешто многу да се нервирам ама искрено понекогаш навистина ми недостасува адреналинот. :(
 
Stihien pobednik definitivno toa sum. Malce neskromno ama koga e vo prasanje od ovie dve definitvno prvoto sum.
 
Гледам што посмирено да ја извршам задачата која ми е зададена или да си ја постигнам мојата цел, но бидејќи ништо не е црно - бело, овде има едно АМА...
Секогаш си создавам сама на себе невиден притисок. Кога ќе си зацртам некоја цел, морам да ја постигнам, морам да го извадам максимумот од себеси, во спротивно се разочарувам.
И да, паничам. Само за разлика од пред 2- 3 години, кога буквално сум се трескала, дигала узбуни и паники, сега сум за степен посмирена.
Паниката можеби ја нема, односно не е до толку застапена, но притисокот внатре во себе што го чувствувам е огромен.
 
Никогаш не паничам.

Досега сите работи што сум ги започнал сум ги завршил,и тие што сега ги почнувам се надевам дека ке ги завршам.
 
Првото. Со ултра траги од второто.
 
Од време на време ме фаќа паника. Знам, сигурна сум во себе дека кога нешто ќе наумам ќе го направам, ама па сметам дека паниката е нешто сосем нормално.
Најчесто откако ќе завршам се` и чекам да предадам нешто, или пак ги чекам резултатите ме фаќа паника дали се ќе биде како што треба.

Откако ќе заврши се е веќе друга приказна. Задоволна од резултатот ама потајно се преиспитувам дали сум можела подобро да го сработам тоа. :toe:
 
Како прво, неможам да паничам. Едноставно работите што се во моја контрола знам како да ги контролирам. Ако сакам нешто да направам, вака или онака порано или подоцна ке го направам, немора да одар работите по планираното. Единствено можам да се нервирам, ако некој му го успорува планот (сите работи не зависат само од мене).
 
Па не сум паничар. паника не меѓутоа имам некој константен страв дека се она што сум вложувал за да си остварам некои мои повисоки цели мо=еби ќе биде залудно.Меѓутоа тоа е добар страв, којшто ми дава поттик да продолжам да се трудам бидејќи сакам да верувам дека ако за нешто се трудиш , на крај и ќе успееш да го оствариш. Јас би се ставил во стихиен победник, ретко паничам,ретко и тешко се нервирам, и си иам свои начини да искулирам кога е тоа потребно.:helou:
 
Повеќето работи ми поминуваат онака смирено и опуштено. Тогаш имам и најголеми успеси во било што и да правам. Најверојатно зашто тогаш уживам целосно во работата, ја правам со големо задоволство. Само за одредени две три работи паничам и тоа премногу, тогаш и самата неможам да се сфатам и поднесам.
 
TREBA DA SI SEKOGAS SMIREN I VNIMATELNO DA DONESUVAS ODLUKI.
TAKA DA NEMA POTREBA OD PANIKA :):):)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom