Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Абе овие документите за 400 стипендии за средношколци, може ли да ги пратам по некој да ги однесе у закажанио термин или мора лично да ги однесам?

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Зa студентските мoжеше и друг дa ги oднесе
 
Дали некој знае дали треба да однесам декларација за прием на плата од септември бидејки тогаш бев вработена а во конкурсот стои дека треба декларација за прием од септември а сега сум невработена, инаку редовен студент?
И дали за да земам уверение за редовно запишан семестар и уверение за положени испити од факултетот (Економски, УКИМ ) треба да се уплати и колку?
 
Вреди ли да се аплицира со просек 7.7 и сите положени испити за стипендија од трета група?
 
Треба од дома твоите ако работат да земеш потврда од плата, зашто ти си редовен студент и редовните студенти се водат ко невработени пошто не можат да бидат осигурани, а за уверение се плаќа околу 500-600 денари.
 
Вреди ли да се аплицира со просек 7.7 и сите положени испити за стипендија од трета група?
Лани и прелани последниот што влезе беше со просек 8 или 8.1, така нешто. Според мене вреди да се проба, документите што ти требаат ќе те чинат околу 200-300 денари....
 
Дали ако сакам да аплицирам за две или три стипендии треба да однесам едни документи, или три различни? И дали некој има искуство со тоа да добил некоја стипендија за која што за многу малку не го исполнувал просекот,а сепак бидејќи немало доволно луѓе кои аплицирале го одбрале него?
Фала многу
 
Лани и прелани последниот што влезе беше со просек 8 или 8.1, така нешто. Според мене вреди да се проба, документите што ти требаат ќе те чинат околу 200-300 денари....
А по која основа се бодуваат студентите? Просек *10 или уште нешто плус?
 
Дали ако сакам да аплицирам за две или три стипендии треба да однесам едни документи, или три различни? И дали некој има искуство со тоа да добил некоја стипендија за која што за многу малку не го исполнувал просекот,а сепак бидејќи немало доволно луѓе кои аплицирале го одбрале него?
Фала многу
Доколку студентот се пријавува за повеќе видови на стипендија доставува една комплетна документација, при тоа да се внимава дека за прва група се доставуваат и податоци за материјалната состојба на студентот.

Инаку, јас да прашам дали ќе ми прават проблем од министерство ако им однесам УППИ образец кој е корегиран, имам згрешено кај бројот на предвидени предмети потоа го преправив и така ми го заверија на студентски.[DOUBLEPOST=1447954201][/DOUBLEPOST]Инаку, јас да прашам дали ќе ми прават проблем од министерство ако им однесам УППИ образец кој е корегиран, имам згрешено кај бројот на предвидени предмети потоа го преправив и така ми го заверија на студентски.
 
Последно уредено:
А по која основа се бодуваат студентите? Просек *10 или уште нешто плус?
Мислам дека во трета група само според просек се бодуваа. Сигурно пишува на страната разгледај.
 
Ако аплицирам во втора година треба да ги пишам само предметите од прва така? Прашувам зошто на фб групата имаше напишано дека треба од прва и втора заедно, а семестарот уште не е завршен, како ќе пишат и од втора...
И Што треба да се пише кај евидентниот лист во полето ИД?
 
Ако аплицираш во втора година ќе ги пишеш предметите само од прва година. Ако аплицираш ( или ја продолжуваш) во трета тогаш ги пишуваш и од прва година и од втора. Неможеш да ги пишеш од втора сега затоа што годината уште не е завршена.
ИД е идентификационен број што ќе го добиеш откога ќе ја пополниш електронската пријава. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom