Во втора година поднесов за Оупен сосајите сорос стиепндија за 1 година студии во САД.. Растурив со есеите, растурив на ТОЕФЛ-от.. отидов на интервју тотално неспремен и страшно се укакав и само јас не ја добив стипендијата и покрај тоа што ги поминав многуте филтри (просек,есеи, англиски итн)
Нејсе.. ги баталив стипендиите некоја година.. До лани или оломнани кога поднесов за Борис Трајковски стипендија за Шефилд во солун за постдипломски.. 20 доделуваа, 24ти се рангирав.. и тука не добив...
туку сакам да му препорачам на економсти кои завршиле на УКИМ на финансиски менаџемнт.. аплицирајте во август в година за CFA стипендија.. цената на испитот ја намалуваат од 1200 долари на 100тина.. а дипломата е рамна на јаки странски постипломски.. треба да ви потпиши Сашо Арсов за да ја добијате...
Инаку таа е една од стипендиите кои ги имам добијано,.. за жал не отидиов на полагање оти ми испаднаа некој работи и не можев...
Друга стипендија секако ја искорстив оваа државната што ја даваа за над 8.5 просек ако имаш за додипломски..Ја имав четири години и верувајте ми беше најголем стимул за просекот да го одржувам повисоко ниво..
Енвеј, најголем совет што ќе ви го дадам за врвење на филтерот викан есеј за стипендија во странство: обично се бара да пишувте за драматично искуство од животот ... Јас за Сорос опен сосаајети да го поминам тој филтер пишував за тоа како за време на средното образовани бев посветен 24/7 на градење на супер карактер во World of Warcraft, и како тоа искуство ме направи да бидам хардкор упорен во животот и демек како ако тоа сум го совладал нема лимит што можам.. и секако речникот/стилот е многу битен, ако не се сигурно консултирајте се со некој кој познава академски англиски..