Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој дали пред нова година ќе ни пратат стипендии?
 
Документиве пишува дека се носат во Министерството за образование. Тоа се наоѓа спроти Комерцијална банка кај Рамстор така??
 
Што ако не можеме да ги однесеме документите во закажаниот термин? Има некој шо ги однел во друг?
 
Документиве пишува дека се носат во Министерството за образование. Тоа се наоѓа спроти Комерцијална банка кај Рамстор така??

Министерството е во зградата (или поранешна зграда) на Нова Македонија, блиску до Рамстор.

Што ако не можеме да ги однесеме документите во закажаниот термин? Има некој шо ги однел во друг?

Документите може да ги достават и Ваши поблиски роднини, доколку сте оправдано отсутни и доколку документите се комплетирани.
 
Мислев за тоа кога пополнуваме податоци електронски и ти дава да избереш во кој термин од денот сакаш да ги одесеш, е сеа во случајот не може никуј друг да ми заврши работа, па прашањето ми беше дали би правеле проблем ако наместо во 11 сум отишол во 14.. Мислам дека не би требало да се толку ригорозни..
 
Не проверуваат.. значи може да оди кој кога сака се додека трае пријавувањето без разлика за кој датум има закажано
 
Денес одам се до студентски да ми средат потврдата за редовен, уверението за положени и уппи. И кога ги однесов во Минсистерство ми викаат дека немало некој архивски број со печат на уппи образецот. На студентски не давале, треба во архива да го барам тој печат или ??

Има некој искуство со тоа??
 
Денес одам се до студентски да ми средат потврдата за редовен, уверението за положени и уппи. И кога ги однесов во Минсистерство ми викаат дека немало некој архивски број со печат на уппи образецот. На студентски не давале, треба во архива да го барам тој печат или ??

Има некој искуство со тоа??

Ако е како кај мене на факс треба продеканот за настава да го потпиши.
 
Добро бе шо е работава со архивскиов број?
Како може едни да ги враќаат, други не? Не се нормални што прават...
 
Истово сакав да го прашам, значи и мене ме вратија заради тој архивски број, не беше со печат туку напишан. А и овие од факултетиве ко мрднати се прават, цц.
 
Треба од Студентски прашања да ти средат.. нз на кој факултет си, кај нас на ФИНКИ после 2 недели им текна дека требало и архивски број да ставаат на обрасците.. па после тоа којзнае шо направија, рекоа дека демек ке пуштале нови обрасци за тие шо немале.. луда работа
 
Здраво на сите, нов член сум на Кајгана форумот и имам едно прашање до сите вас кое гласи вака:
Студент сум и сум дете на бранител ( воен инвалид) знам дека ме следува стипендија но децата на бранители не конкурираат според конкурс туку според закон.Сакам некој да ме информира како и што поточно треба да направам и какви документи ми требаат..(и дали ми треба потврда за положени испити... јас мислам дека нема да има потреба бидејќи ако мора да имам просек би поднесол за некоја стипендија што ќе можам со просек да земам.) Дали има некој друг таков случај како што сум јас.
Иначе не сум од Скопје, вртам повеќе во министерство за обр. но никако да стапам во контакт пишував е-маил но пак ништо од одговор... па би ве замолил секаква информација е добродојдена . Ви благодарам однапред.
 
Дечки како и кога се зема таја стипендијата ако ја добијам?
И пишете кога ке има за резултати, плиссссс...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom