Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Ја мислев дека сме тројца со се мајка ми и татко ми :) ...
Ја у секој случај ќе отидам до таму да видам за што се работи ама чисто сумњам дека ќе добијам одговор или пак право на жалба...Сепак ова не е Швајцарија и работите не одат секако така како што треба да одат . . .

Е тоа со приватните факултети е сосема друга тема која е крајно несфатлива. Државата финансира приватњаци! Не верувам ова да го има на друго место. Ова е парадоксот на Македонија.
Ако тие се запишале таму тогаш е затоа што сакале да бидат на приватен факултет од икс-причини (подобри услови, полесно да поминат би рекле некои, после да си најдат полесно работа итн) и во една рака го отфрлиле државниот систем како нешто што не чини, а сеа зимаат пари од истиот тој државен систем...
И ај сеа што има луѓе што се на ФОН стипендирани од самиот газда (тие си ја заслужиле стипендијата) т.е. он им ги плаќа студиите, ем сеа ќе зимаат и пари од државата. Некои работи се крајно нелогични и не верувам дека би добил нормален одговор.

Онда сме мн различни, ние сме вкупно 6, од кои 3 студента.. :)
иди си дирекно таму, нема што да изгубиш на крај краишта..:smir:
 
Јас заборавив да ви честитам на другите иако веќче се пофалив дека земав :):)
Епа ајде честито. Него сакам да кажам дека не е за чудење што некои со поголеми просеци од други не земале стипендија, а послабите земале. Тоа е така, затоа што се рангирањата се правеле според струките. па така кај мене на математика стипендија земавме сите. И тие што имаа над 9.00 и јас со 9.00 но и две девојчиња со 8.5 и 8.2. На пример братучедка ми од политички науки едвај зема стипендија иако има просек 9.00.
Истотака огромна улога при рангирањето има и матријалниот статус на фамилијата:smir:
 
Значи имам просек 8.9 со месечни примања 20 000 месечно, а има колеги што имаат едвај 8.5 просек и со над 70 000 примања. Ние сме 3ца вкупно во фамилијата и просечно испаѓаат помалце од 7000 за секој. Мене стварно не ми е јасно која е причината? И што всушност гледаат тие? Материјална состојба? Не би рекла. Просек? Тоа изгледа е најмалку важно. Не можам да сфатам.

Сега знам како оди тоа со приговорите, ќе одам утре да поднесам ама ме интересира дали постои човек во министерство што може да ни објасни зошто сме одбиени, некој што би ми ги навел причините?
 
Абе ова со рангирањето е у пи*ку матер смешно. Гледам од тоа што пишувате тука а и од муабети што слушам, некој со 8,0, некој со 8,5 без проблем земаа, вклучувајќи ме и мене. Но, да имаш просек 9,0 или над 9 и да не ти дадат бре? Шо глупост ќе да е и тоа. Та ставиле технички пред општествени науки, те мама и тате колку пари зимаат те ова те она. Прво и основно: мајка ми и татко ми не ми ги положија предметите, па да им ги гледаат примањата. Од кај знаат па они каква е состојбата во семејството? Можда децата не се во најдобри односи со родителите, може некој стварно го живее електрашкиот виц (не го сакале дома па го запишале на електро). Сега, убава замисла е да дават предност на семејствата што се со послаба финансиска состојба, ама има случаи кои се одбиени без некоја посебна причина. Талентираноста на децата нема врска со материјалните примања на родителите. Трудот на еден студент не зависи од парите на мама и тато. Ако веќе дават, нека дават на сите, а не да се врши дискриминација во смисол аха, ти си на правен, еееј браво девет и пол просек, шо убаво, ама мама и тате имаат пари и автоматски не ти требат. Чао пријатно, ела за приговор да те лажеме во очи. Смешна работа, ама ајде што да правиме, така си е, така и ќе остане. Честитки до сите што земаа и пофалби за трудот за сите други. Давајте приговори, не ги жалете, тоа ќе му е мајката.
Поздрав
 
А што мислиш зошто имаат поголема предност техничките науки?
 
Е тоа со приватните факултети е сосема друга тема која е крајно несфатлива. Државата финансира приватњаци! Не верувам ова да го има на друго место. Ова е парадоксот на Македонија.
Ако тие се запишале таму тогаш е затоа што сакале да бидат на приватен факултет од икс-причини (подобри услови, полесно да поминат би рекле некои, после да си најдат полесно работа итн) и во една рака го отфрлиле државниот систем како нешто што не чини, а сеа зимаат пари од истиот тој државен систем...
И ај сеа што има луѓе што се на ФОН стипендирани од самиот газда (тие си ја заслужиле стипендијата) т.е. он им ги плаќа студиите, ем сеа ќе зимаат и пари од државата. Некои работи се крајно нелогични и не верувам дека би добил нормален одговор.

Студентите на приватните факултети и нивните родители плаќаат даноци на државата исто како и оние на државните факултети. Па оттука имаат исто право да зимаат стипендија од државата.
 
А што мислиш зошто имаат поголема предност техничките науки?

Поради дефицитарност на кадри од тие области. Зборот ми беше, кога даваат нека дават на сите, немам ништо против никој
 
Студентите на приватните факултети и нивните родители плаќаат даноци на државата исто како и оние на државните факултети. Па оттука имаат исто право да зимаат стипендија од државата.

Студентите на приватните факултети плаќаат 2000 евра годишно кои одат во џебот на Фијат,Бојо или некој трет, а не во џебот на државата. Зашто државата па да сака да им врати?
 
Мислам дека околу 20% од тие 2000 евра одат за државата. Не ме фаќај за збор, не сум сигурен, така прочитав некаде.
 
Студентите на приватните факултети плаќаат 2000 евра годишно кои одат во џебот на Фијат,Бојо или некој трет, а не во џебот на државата. Зашто државата па да сака да им врати?
А што те мачи толку тоа што од приватните ќе земат стипендии?
 
Бев денес во министерство и ми кажаа кај ми е грешката, т.е причината што сум одбиена. До душа не е моја грешка туку ме зафркнаа од студентски прашања, ама тоа е.
Сите што сме одбиени ќе добиеме документи во новата 2010, во јануари и потоа ќе има термин кога ќе можеме да поднесеме приговори, жалби whatever.
Имало 300 недоделени стипендии и на тие што ќе им ги одобрат приговорите ќе добијат исплата во кеш, одеднаш целата сума на стипендијата, барем така кажа човекот што работи таму.
Инаку да знаете, нема врска ни просек ни приходи, најбитно е податоците од електронската пријава да се согласуваат со податоците на доставените документи. Така кажа и човекот. Има луѓе со многу низок просек и со многу високи примања, ама документите им биле како што треба и успеале да земат.
Сите што се одбиени може да одат во министерство деновиве, на 11 кат и да им ја кажат причината за одбивањето, си пишува, мене ми даде дури и да видам на компјутер. Кога ќе ги имаме документите поднесуваме жалби и тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom