Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе само јас сум стар корисник на студентски кредит на форумов?Само јас ги чекам последните 2 рати?
Министре рековте до крајот на годината...завршивме,дипломиравме а уште не ни е доисплатено...резил
 
не гледам каде другде да прашам , па ај тука.
Стварно стипендиите од Тип А си биле распределени меѓу мамините и татините уште пред да почне поднесувањето на документи? -.-
 
не гледам каде другде да прашам , па ај тука.
Стварно стипендиите од Тип А си биле распределени меѓу мамините и татините уште пред да почне поднесувањето на документи? -.-

Извини ти мислеше дека не? Можеби 2-3 да имале онака законски....
 
не гледам каде другде да прашам , па ај тука.
Стварно стипендиите од Тип А си биле распределени меѓу мамините и татините уште пред да почне поднесувањето на документи? -.-

ако ова е вистина, целиот мој труд за добивање оценки и мака за учење од прва година паѓа во вода.
да ти е==м системот тогаш.
 
Нема врска тоа... Како тогаш ние ( 70-80 познаници, другари, фб другари) добивме стипендии, а немаме пријатели ? Ви се молам... Ако ги исполнуваш условите, тогаш никој не можи да ти го одземи тоа што ти следува... Не бидете наивни и не верувајте се што ќе ви кажат...

Тврдам дека со просек од 8.005 зедов стипендија и со просек од 8.222 истата ја задржав
 
Не ве читам целосно, али барем за Информатика стипендиајта е регуларно доделена (барем според мене). Јас со 9.78 бев 30ти на листа, а тие што имаа послаб беа под мене, тие со појак беа над мене. Имаше мамини и татини синови на познати "информатичари" ако може така да ги наречам, ама лично колку што ги познавам нивните синови и ќерки, не една туку две стипендии би им дал од што се стварно талентирани.

Е сега лошо е што само 14 стипендии беа дадени на ФЕИТ, додека останатите од 125 се дадени на студенти од Тетово, Битола и Штип каде нивните просеци се неспоредливи со нашите. Али тоа е тоа:)
 
А да прашам нешто. За стипендииве по информатика ..во прва имав 9,4 просек, конкурирав ..добив.

Е сега за да си ја продолжам наредната година треба да имам над 9 просек заедно од прва и втора ..или само во втора се смета просекот ??

И не туку плачете, уште не испаднале резултати, била распределени на татини, мамини галеничиња ..безвеза
Едноставно ако ги исполнуваш критериумите како што некој пиша погоре ќе си добиеш !
 
Ти се смета просекот од двете години заедно, а не само од втора :)
 
Само во оваа држава тоа што ти следува,што си го стекнал со труд,може да биде доведено во прашање заради неспособноста на оние кои се задолжени да го овозможат тоа...
 
Сигурно ова? Топ ако е така:D

Истово го прашував и јас пред една година, пошто само во втора година имав просек 8.00 и плус еден неположен предмет, па сигурно немаше да можам да ја продолжам, ама сосе просекот од прва имам 8.5, така да сега чекам дали ќе ми биде продолжена. Според договорот што го имаме треба да биде продолжена, е сега дали ќе дочекаме некој денар тоа е знак прашалник :)
 
Конкурс за стипендии за постдипломски студии?

И мене ме интересира ова.

Лани конкурсот мислам дека беше објавен околу март месец, годинава пак ќе биди исто или?

ПС: Пишав пред недела дена меил до министерството но сеуште не ме удостоиле со одговор.
 
Истово го прашував и јас пред една година, пошто само во втора година имав просек 8.00 и плус еден неположен предмет, па сигурно немаше да можам да ја продолжам, ама сосе просекот од прва имам 8.5, така да сега чекам дали ќе ми биде продолжена. Според договорот што го имаме треба да биде продолжена, е сега дали ќе дочекаме некој денар тоа е знак прашалник :)
Екстра чим можело:) Него ме интересира како иде тоа со криењето на еден предмет? Демек не ти е положен да го пријавиш ако ти е 6ка да речеме, за да не ти го сруши целиот просек? Имаш за ова информација?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom