Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене пишува точно.

Иначе мислам дека настанаа многу забуни со тие што аплицираа и за 2та типа стипендии, прво викаа дека може, на крај дека не може да се аплицира 2 пати. И јас имам повеќе бодови од некои што добиле за А, ама си аплицирав за Б дека ми беше страв да ризикувам.
Кога бев до Министерство да однесам документи пред мене имаше едно девојче што аплицирало 2 пати и ја бараа во список ја немаше. И останала само последната апликација, на сајтот стоеше напомена.

Напомена:
Доколку за еден конкурс електронската пријава ја пополните и поднесете повеќе пати, за валидна ќе се смета последната поднесена пријава.​

Знам, и јас истото го мислев, ама баш пред аплицирање колешки ми кажаа, прашале што ако ги исполнуваат условите за две, од минист им одговориле да аплицираат на двете. После се јавив дури 3 пати кај нив за да се осигурам, ми рекоа дека може, наводно никаде не пишувало дека не може. Тоа за валидната пријава било во случај на грешка во личните податоци во пријавата. Мене ми одобриле за Б, а последната апликација ми беше за А, значи може.
Ми останува дилема околу факултетот, можно ли е толкава коинциденција во име, татково име и презиме... И кај мене и кај другарка ми.
И уште една дилема околу идентификациониов број...

--- надополнето ---

За тип А и за тип Б имаше различна пресметка на поените... Кај тип А 90% од поените ти се од оценките+факултетот, а само 10% од примањата на родителите, додека кај тип Б само од оценките добиваш 50% од поените, 40% од примањата и плус 10% од факултетот.

Баш затоа се надевав на А, тука имав повеќе шанси. Кој ќе знае... Ајде, бе, бе :)
 
Знае некој дали може да се поднесе приговор, жалба?Пошто ништо не пишува околу тоа
 
Може, јас лани поднесував приговор, ама ќе има термини и за тоа.
И како помина со приговорот?Да праќам или не ги гледаат, да не се малтретирам за ништо
 
И како помина со приговорот?Да праќам или не ги гледаат, да не се малтретирам за ништо

Да ти кажам искрено мислам дека не вреди да се замараш, освен ако имаш некој битен таму па да ти помогне.

Лани се збореше дека одма штом ги дадеш приговорите ги фрлаат. Па после бевме со една колешка ги носевме специјално таму на шалтер ни дадоа едни картончиња со бројки и ни рекоа чекајте и проверувајте на интернет во меѓувреме, или ќе ви стигнат резултати на домашна адреса. По повеќе од месец дена добив писмо со истото образложение што го имав и претходно, одбиена заради член тој и тој што всушност беше „несогласување на податоците од електронската пријава со поднесените документи“.

Оди прво до Министерство кај што ги носевме документите, ќе ти ја кажат причината за одбивањето.
Пробај си ја среќата. Никогаш не можеш да знаеш... :)
 
Богами и ќе отидам да ти кажам, не е праведно(сеа нормално среќа си имаат луѓето не ги обвинувам)да има некои што аплицирале под мојот просек, а влегле на список а мене нигде ме нема.Ќе ги средам деновиве, може нема ни да дочекам да дадат нешто за приговори или жалби
 
Воларе о о о о !
Кааааааантарееее! О о о о :vozbud:
Честитам на сите што добија стипендии и разумно и им посакувам редовно добивање на парите.
Им посакувам успешно поднесени жалби на останатите.
 
Ајде со среќа на сите што добија, па кога ќе ги добиеме парите тогаш :)
 
што ги има на листава, сите се добиени, или до одреден број?
 
Сите што сме објавени, сме добитници на стипендија. :)

океј фала, многу им е спора веб страната!
Аирлија работа, нека ни се со среќа парите на сите :)
и се гледаме на темава во иднина, заеднички да се живцираме додека да стасаат парите :)

--- надополнето ---

Додека сум тука, да прашам...
Колку пари месечно иде од стипендија тип Б?
И кои документи треба да се однесат, и дали пак на истото место каде што аплициравме ?

--- надополнето ---

Додека сум тука, да прашам...
Колку пари месечно иде од стипендија тип Б?
И кои документи треба да се однесат, и дали пак на истото место каде што аплициравме ?
 
Ова се резултати за сите или само за тие што прв пат аплицираат ? Ако не се, кога ќе има резултати за другите што ги продолжуваа договорите ?

Мислам дека за тие што продолжуваа нема да има резултати туку ако ви продолжиле веднаш ќе ви пуштат пари на сметка.



Додека сум тука, да прашам...
Колку пари месечно иде од стипендија тип Б?
И кои документи треба да се однесат, и дали пак на истото место каде што аплициравме ?

3.000 денари за тип Б, 4.000 за тип А.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom