- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 71
Се заинтересирав какви стимулации добива работодавачот кога ќе вработи невработен.
Пронајдов ОПЕРАТИВЕН ПЛАН за активните програми и мерки за вработување за 2013 година
http://www.avrm.gov.mk/WBStorage/Files/op13.pdf
На страна 9 од овој опреративен план е дадено дека претпријатијата ќе добијат 92000 денари за вработување на еден невработен кој треба да го задржат на работа една година.
Тој дел гласи:
„За реализација на Програмата се предвидува поддршка со неповратни средства во вид на опрема
и/или материјали во висина од 92.000,00 денари за секое новоотворено работно место, но не
повеќе од 5 работни места (максимум 460.000,00 денари), при што се земаат превид и
евентуалните вработувања остварени во претходните календарски години, согласно со
програмите кои обезбедуваат поддршка за дополнителни вработувања во фирми.
Работодавачот кој ќе вработи лица согласно со оваа програма, има обврска да ги задржи на
работа најмалку 12 месеци од денот на засновањето на работниот однос со полно работно време
или на нивно место да вработи друго невработено лице регистрирано во евиденцијата на АВРМ.
Во спротивно ќе треба да ги врати средствата обезбедени во вид на опрема и/или материјали, во
паричен износ сразмерно со времетраењето на вработувањето.“
А на страна 10 најдов, дека Државата ќе исплати само 6 плати, а работодавачот 12 плати по 13000 денари
Тој дел гласи:
„За поддршка за вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на
трудот, се предвидува субвенционирање на вработување преку финансиска поддршка за секое
вработено лице за бруто плата во износ од 13.000,00 денари месечно за период од 6 месеци, со
обврска на работодавачот овие лица да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18
месеци) или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на
невработени лица на АВРМ. Во спротивно, работодавачот има обврска да ги врати
финансиските средства. Месечниот износ предвиден за исплата на бруто плата (13.000,00
денари) ќе се исплати по добивање на документ од работодавачот дека истиот исплатил плата
најмалку во висина на субвенцијата. Месечните известувања со доказ за исплатена плата,
работодавачот ги доставува до АВРМ- центар за вработување за лицата за кои прима
субвенција. “
Се чини дека други стимулации нема.
Предлагам дискусијата да ја водиме околу следниве прашања:
1.Дали имате сознанија за други видови на стимулации, за вработување на невработени? ( На пример даночни олеснувања или добивање на кредите под поволни услови или нешто друго)
2.Што мислите, дали овие стимулации се доволни?
3. Дали може да се воведат други начини на стимулирање? ( искуства од други држави )