Стимулации за вработување на невработени

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Се заинтересирав какви стимулации добива работодавачот кога ќе вработи невработен.
Пронајдов ОПЕРАТИВЕН ПЛАН за активните програми и мерки за вработување за 2013 година
http://www.avrm.gov.mk/WBStorage/Files/op13.pdf
На страна 9 од овој опреративен план е дадено дека претпријатијата ќе добијат 92000 денари за вработување на еден невработен кој треба да го задржат на работа една година.
Тој дел гласи:

„За реализација на Програмата се предвидува поддршка со неповратни средства во вид на опрема
и/или материјали во висина од 92.000,00 денари за секое новоотворено работно место, но не
повеќе од 5 работни места (максимум 460.000,00 денари), при што се земаат превид и
евентуалните вработувања остварени во претходните календарски години, согласно со
програмите кои обезбедуваат поддршка за дополнителни вработувања во фирми.
Работодавачот кој ќе вработи лица согласно со оваа програма, има обврска да ги задржи на
работа најмалку 12 месеци од денот на засновањето на работниот однос со полно работно време
или на нивно место да вработи друго невработено лице регистрирано во евиденцијата на АВРМ.
Во спротивно ќе треба да ги врати средствата обезбедени во вид на опрема и/или материјали, во
паричен износ сразмерно со времетраењето на вработувањето.“
А на страна 10 најдов, дека Државата ќе исплати само 6 плати, а работодавачот 12 плати по 13000 денари
Тој дел гласи:
„За поддршка за вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на
трудот, се предвидува субвенционирање на вработување преку финансиска поддршка за секое
вработено лице за бруто плата во износ од 13.000,00 денари месечно за период од 6 месеци, со
обврска на работодавачот овие лица да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18
месеци) или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на
невработени лица на АВРМ. Во спротивно, работодавачот има обврска да ги врати
финансиските средства. Месечниот износ предвиден за исплата на бруто плата (13.000,00
денари) ќе се исплати по добивање на документ од работодавачот дека истиот исплатил плата
најмалку во висина на субвенцијата. Месечните известувања со доказ за исплатена плата,
работодавачот ги доставува до АВРМ- центар за вработување за лицата за кои прима
субвенција. “
Се чини дека други стимулации нема.
Предлагам дискусијата да ја водиме околу следниве прашања:
1.Дали имате сознанија за други видови на стимулации, за вработување на невработени? ( На пример даночни олеснувања или добивање на кредите под поволни услови или нешто друго)
2.Што мислите, дали овие стимулации се доволни?
3. Дали може да се воведат други начини на стимулирање? ( искуства од други држави )
 
ова е одлично ако си работодавач...ќе си земе околу 1500е по лице (отворено работно место),на вработениот ќе му даде 200е плата х 12 месеци,тоа е 2400е (значи вкупен трошок за плата ќе му биде некои 900е што на месечно ниво е 75е плата!!!!) ....вработениот на него ќе му заврши огромна работа и сите ќе бидат среќни и весели :mad: одлични се стимулацииве...тој што има ќе добие плус,а тој што нема....па и онака никој не го смета за жив нели? И уште нешто,овие 12-13000 плата е бруто или нето? Ако е бруто,тогаш тој вработен ќе има 8000 нето плата,плус минус....а тоа значи = 1500 денари превоз,нека е дневно по 100денари храна (3000 месечно),плус некогаш ќе му притреба нешто благо,сокче,кафе...во превод ќе работи за околу еве најрозево 5000денари. Е ај сега некој попаметен од мене,нека ми каже како тој човек ќе живее ЦЕЛ МЕСЕЦ со тие 5000 денари???
 
Е ова е смешното во целата ситуација... Еве и да има некоја добра програма од Владата... Повторно истите луѓе што ги донесуваат овие закони се и сопственици на фирмите... Тие ќе ги земат парите назад а платите на вработените остануваат исти...

Па да му ебам мајката... На толку стимулации толку неможат платите да рипнат за 2-3 илјади? Зошто премногу луѓе што знам работат за 10.000 денари... Јас уверувам доколку работната сила е подобро платена луѓето повеќе ќе вложуваат во работата... Ама за се треба да се има концепт... Само кај нас многу тешко ги гледаме овие работи.. На вести и статии на интернет све е сјајно во реалноста тешко некој да каже дека убаво живее од својата плата...
--- надополнето: 31 мај 2013 во 01:23 ---
Чист пример имам другар што работи во Џонсон Мети или Џонсон Контролс незнам за која ми збореше... Откако дошол Македонец газда скоро на сите платите им биле намалени... А секакви стимулации добива таа фирма за да вработи луѓе од различна национална припадност и останати групи... Значи пак тоа е некој човек од власта за кого важи тој закон... плукни залепи пак истата елита си ја врти парата :)
 
Да ти ебам концептот, концепт е кога ќе заклучиш дека треба да ги убациш бизнис ангелите и да ги намалиш трошоците за отварање на нови мали компании кои ќе го водат пазарот а не да ги ставаш у влада да владеат копуците што имаат корпорации и гледаат да направат монопол или некоја нереална конкуренција со новоотворените млади компании. Концепт е кога ќе видиш дека колку повеќе вработени и колку повеќе работодавците вработуваат или самите лица отвараат компании што функционираат и што се доследни на веќе отворените компании, плаќаат данок кој е добар за буџетот и тој ја движи државата во позитивна ставка, а не да ги угнетува малите компании и да имаме алчност за работа во државна администрација, зашто?
Затоа што мали компании и занаетчиите неможат да си дозволат да водат бизниз зашто од тие 300 евра што ги плаќаат, они имаат ќар 3 пива. Е тоа е концепт, а не ова говново нашминкано... Бизнис инкубатор ? Оди провери на Јес инкубатор како те инкубираат 8000 денари месечно за канцеларија, еј фала ептен ме инкубираше ти ебам крфта... Тури забрана за кинески говна и тури забрана за облека и патики од 99 денари, да видиш како кај чевларон ќе се редат луѓе да си ги поправат кондурите кои ги платиле малтене 30 и повеќе евра...
Дојдовме до степен кога никој не купува ништо квалитетно, и никој не се ни труди да отвори бизнис, поради тоа што на власт доаѓа некој за да си го прошири бизнисот а не за да создаде добра бизнис клима.

Он топик.
Ми се кења.


И допуна....
Чисто за информација за да видите колку е ценет трудот( на запад нели...), дека се занимавам со веб сајтови, ме интересираше колку чини една страна мочана што некој у задње време ми се ценкаше дека 150 евра му било скапо за изработка на таков веб...
lgt7284.png
 
И допуна....
Чисто за информација за да видите колку е ценет трудот( на запад нели...),
Ништо повеќе не треба да се каже, браво! Ме интересира што направи со вебот?
 
Вечерва слушнав од еден познат, наводно во Шведска за самовработување давале 30 илјади евра.
 
ова е одлично ако си работодавач...ќе си земе околу 1500е по лице (отворено работно место),на вработениот ќе му даде 200е плата х 12 месеци,тоа е 2400е (значи вкупен трошок за плата ќе му биде некои 900е што на месечно ниво е 75е плата!!!!) ....вработениот на него ќе му заврши огромна работа и сите ќе бидат среќни и весели :mad: одлични се стимулацииве...тој што има ќе добие плус,а тој што нема....\


Ti si 100% od Mars padnat ako stvarno vaka razmisluvas.....Davaat davaat ama koga ce gi tekne da gi povratat so onie cickovci so crni tasni lele lele koj zel od drzavata zatoa sedi si miren nikoj ne davaq nisto za djabe vo ovaa vreme
 
Ti si 100% od Mars padnat ako stvarno vaka razmisluvas.....Davaat davaat ama koga ce gi tekne da gi povratat so onie cickovci so crni tasni lele lele koj zel od drzavata zatoa sedi si miren nikoj ne davaq nisto za djabe vo ovaa vreme

хахаха...никој од тие што земале од оваа држава не одговарал,а не пак да врати
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom