Стигматизацијата во нашето општество

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Едиторијал
Ќе им врзат ли жолти ленти?
0FA810271EEB644EAFC7782121E0E814.jpg

Што сакаше да каже владејачката партија кога побрза да и' соопшти на јавноста дека новиот функционер на СДСМ е член на „влашкото лоби“ врзано за директор на една банка и дека работи против интересите на граѓаните? Кога една сериозна политичка партија во своето соопштение ќе си дозволи да употреби таков вокабулар тогаш, очигледно, не постои дилема за нејзините цели и намери.Се форсира теза дека во земјава постои едно етничко лоби, кое во своите прегратки го сместува секој за кого набрзина ќе се утврди каква крв му тече во вените, лоби со чија помош луѓе се позиционираат на политичката сцена и, на крајот, се вработуваат во фирма со соодветниот етнички предзнак. Што да се прави со „таквите“? Да им се стават ли жолти ленти? Никаде во светот нема пример за тоа како во една мала земја како што е Македонија може да се направат толку големи поделби. Небаре живееме во племенска заедница. Се делиме на Мијаци и Брсјаци, на Галичани и Егејци, на стари скопјани и провинцијалци, се натпреваруваме кое лоби е посилно - штипското или водњанското... Откако сите овие измислени поделби ќе се потрошат, се измислуваат нови. И еве веќе неколку години прво на „топ-листата“ е „влашкото лоби“, посочувано како синоним за сите транзициски несреќи што ја снашле земјава.

Оние што претендираат сериозно да се занимаваат со политика треба да се свесни каков грев прават кога во име на некаква партиско-политичка пресметка обвинуваат и стигматизираат цела една етничка заедница. Горкото историско искуство на најдобар начин покажува со какви жртви завршувале ваквите тези. Се разбира, едно партиско соопштение не може да биде доволна основа за прогнозата дека и кај нас тоа ќе се случи, но тоа е доволен аларм за атмосферата што постои и се подгрева во земјава.
Никој не порекнува дека во земјава, како и насекаде во светот, дејствуваат лоби-групации заради постигнување одредени цели. Многу често тие дејствуваат сосема јавно и што воопшто не е спорно. Проблемот во нашиот случај настанува тогаш кога таквите групации не наоѓаат сили за сопственото легитимирање пред јавноста, а од друга страна, почнуваат политички (зло)употреби на нивните наводни членови. Тоа потоа лесно води кон ширењето на стереотипи во кои страдаат цели етнички заедници, општини, професии и, на крајот, како што обично бидува, конкретни луѓе. Сите тие тогаш лесно стануваат предмет на недоверба, сомневања, без за тоа да се дадат какви и да е докази. А тоа веќе не е демократија.
Бранко Ѓорѓевски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E3157CDEACB63543AA88369153759DEC

Ова е последен пример од низата на групи кои јавно се стигматизирани,пред тоа тие што беа против изградба на цркават беа стигматизирани како неверници и комунисти ,жените кои арботираа како шмизли кои не сакале да си ја уништат својата силуета,секој кој ќе споменеше нешто против изградба на цркви и нешто слично како предавник и уништувач на македонското достоинство
До кога вака?До палење на вештерки?До конфликт јавен кој ќе резултира со мртви и повредени?
 
До кога со безвезни теми?! ДО КОГА?! ;)
 
До кога со безвезни теми?! ДО КОГА?! ;)
темава допира подлабоко од ти што мислиш досега се етикетираа и стигматизираа сите можни интелектуалци кои се спротиставија на начинот на работење на владата
Што е следно палење вештерки
ако има дупла тема нека се спои
 
До кога со безвезни теми?! ДО КОГА?! ;)
Далеку е од безвезна темава...

И мене ме интересира истото, до кога и до каде со поделби?

Не знам што добро би можеле да ни донесат поделбите... искуството вели дека само негативни работи носат...
 
Едиторијал
Ќе им врзат ли жолти ленти?
0FA810271EEB644EAFC7782121E0E814.jpg

Што сакаше да каже владејачката партија кога побрза да и' соопшти на јавноста дека новиот функционер на СДСМ е член на „влашкото лоби“ врзано за директор на една банка и дека работи против интересите на граѓаните? Кога една сериозна политичка партија во своето соопштение ќе си дозволи да употреби таков вокабулар тогаш, очигледно, не постои дилема за нејзините цели и намери.Се форсира теза дека во земјава постои едно етничко лоби, кое во своите прегратки го сместува секој за кого набрзина ќе се утврди каква крв му тече во вените, лоби со чија помош луѓе се позиционираат на политичката сцена и, на крајот, се вработуваат во фирма со соодветниот етнички предзнак. Што да се прави со „таквите“? Да им се стават ли жолти ленти? Никаде во светот нема пример за тоа како во една мала земја како што е Македонија може да се направат толку големи поделби. Небаре живееме во племенска заедница. Се делиме на Мијаци и Брсјаци, на Галичани и Егејци, на стари скопјани и провинцијалци, се натпреваруваме кое лоби е посилно - штипското или водњанското... Откако сите овие измислени поделби ќе се потрошат, се измислуваат нови. И еве веќе неколку години прво на „топ-листата“ е „влашкото лоби“, посочувано како синоним за сите транзициски несреќи што ја снашле земјава.

Оние што претендираат сериозно да се занимаваат со политика треба да се свесни каков грев прават кога во име на некаква партиско-политичка пресметка обвинуваат и стигматизираат цела една етничка заедница. Горкото историско искуство на најдобар начин покажува со какви жртви завршувале ваквите тези. Се разбира, едно партиско соопштение не може да биде доволна основа за прогнозата дека и кај нас тоа ќе се случи, но тоа е доволен аларм за атмосферата што постои и се подгрева во земјава.
Никој не порекнува дека во земјава, како и насекаде во светот, дејствуваат лоби-групации заради постигнување одредени цели. Многу често тие дејствуваат сосема јавно и што воопшто не е спорно. Проблемот во нашиот случај настанува тогаш кога таквите групации не наоѓаат сили за сопственото легитимирање пред јавноста, а од друга страна, почнуваат политички (зло)употреби на нивните наводни членови. Тоа потоа лесно води кон ширењето на стереотипи во кои страдаат цели етнички заедници, општини, професии и, на крајот, како што обично бидува, конкретни луѓе. Сите тие тогаш лесно стануваат предмет на недоверба, сомневања, без за тоа да се дадат какви и да е докази. А тоа веќе не е демократија.
Бранко Ѓорѓевски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E3157CDEACB63543AA88369153759DEC

Ова е последен пример од низата на групи кои јавно се стигматизирани,пред тоа тие што беа против изградба на цркават беа стигматизирани како неверници и комунисти ,жените кои арботираа како шмизли кои не сакале да си ја уништат својата силуета,секој кој ќе споменеше нешто против изградба на цркви и нешто слично како предавник и уништувач на македонското достоинство
До кога вака?До палење на вештерки?До конфликт јавен кој ќе резултира со мртви и повредени?

ЗАКОН Марсовче:back:

:zver::zver::aplauz::aplauz:

изгледа погодил на слаба точка:toe:
 
Првата деформација е од самиот олигарх кој проба да ја сврти топката на етничко поле.
Излезе една од партијата на Власите и рече дека се врши хајка на Власите во РМ.
Извинете.
Да не сум грешка ?
Кој има вршено политички ликвидации во РМ ?
Ах да, заборавете се, заборавете вчера што јадевме, утрото треба да ни се преслика од предходното.

Кажете бе фашизоидна влада која треба да падне на улица, зошто на избори не може.

Колку партии на етничките заедници се во Владата на РМ ?
Со траки влегуваат во Владата ?
 
За да се развие здрава дискусија би требало Марсовка да дополни дека ова е само една страна, а дека и оштетената страна се служи со исто такви дискредитации. И СДСМ се на истото рамниште со делењето на епитети и посочување на некои луѓе за наводна припадност на некакви лоби групи, како букефалисти, антиквизатори итн. Така што искрената намера за оваа тема треба да биде поткрепена со повеќе докази за да се извлече главната поента дека на секоја акција следува реакција. Не случајно еднаш кажав дека се што правиш некому, повеќе боли кога истиот тој ти врати со исто таква мера. Сведоци бевме во изминативе години на јавно дискредитирање или обележување на луѓе од страна на СДСМ. Велат борејќи се со ѕверот, стануваш поголем ѕвер. Ова не е проблем само на ВМРО- ДПМНЕ, ова е проблем и на СДСМ, проблем е на целото наше општество кое никогаш не е спремно кога треба да пофали, а кога треба да напаѓа. Кај нас секогаш и за добро и за лошо плунката е средство кое покажува колку ние знаеме да бидеме она што не треба да бидеме.
 
Првата деформација е од самиот олигарх кој проба да ја сврти топката на етничко поле.
Излезе една од партијата на Власите и рече дека се врши хајка на Власите во РМ.
Извинете.
Да не сум грешка ?
Кој има вршено политички ликвидации во РМ ?
Ах да, заборавете се, заборавете вчера што јадевме, утрото треба да ни се преслика од предходното.

Кажете бе фашизоидна влада која треба да падне на улица, зошто на избори не може.

Колку партии на етничките заедници се во Владата на РМ ?
Со траки влегуваат во Владата ?
зошто владата одма почнуцва да посочува кои се власи во тимот на сдмс и влашко лоби да споменува?
Зошто кога сите политички влијателни личности со немакедонско потекло?
 
Во Влада во која учество имаат скоро сите етнички групи да збориш за жолти ленти, алудирајќи на Евреите и холокаустот , односно дека оваа влада е фашистичка, тоталитарна, антимакедонска, не е ништо друго туку политички памфлет.

Ќе ја повторам не така далечната 1998 кога за еден графит во Кичево, СМРТ ЗА ТУРЦИТЕ, папата Бранко побара од уредникот на еден голем дневен весник да прати новинарска екипа во Кичево и да најдат човек кој ќе изјави дека тоа го напишал член на ВМРО-ДПМНЕ.

Не така далечната и 1994 кога Тито Петковски растураше бугарски летоци со иста намера.

До кога со таа матрица ?
 
ах не ...пак

не збориме за сдсм океј може и за нив само што не ги слушам потпаролите нивни како лепат етикета дека некој нивен партиски член е од влашко лоби (кое инаку стана синоним за тоа што се нешто чини и нечини овде у рм)
Што значи негираш дека власта дека стигматизира?
 
Ако изјава од официјално лице од партијата, дадена за сите медиуми,
ти личи на 'политички памфлет', тогаш те молам посочи што значи дека некој 'директор на банка, работи против интересите на граѓанитe'.

Тоа е серизоно обвинение, не ти се чини дека треба да биде поткрепено со факти?!?
 
Нормално дека негирам, познавајќи ги како луѓе, тие воопшто не се оптеретени и не размислуваат на тој начин на кој сака некој да им импутира.
Направен е обид од Штерјо да се префрли проблемот на етнички план.
Следниот ден излезе партија на Власите кој се дел од владата и го објасни проблемот.

Мене матрицата ми е добро позната и повторно ја гледам преку овој текст а и преку сите други прес конференции.

Во недостиг на програма се прибегнува кон овакви работи.

Ако изјава од официјално лице од партијата, дадена за сите медиуми,
ти личи на 'политички памфлет', тогаш те молам посочи што значи дека некој 'директор на банка, работи против интересите на граѓанитe'.

Тоа е серизоно обвинение, не ти се чини дека треба да биде поткрепено со факти?!?

Добро е да ја имаме и изјавата тука да видиме во кој контекст е дадена.
 
Да ја дадеше, портпарол на опозициска партија, сега само ќе броеше колку пари ќе треба да плати како казна...
 
Реалноста вели дека Власите се малку повеќе фаворизирани во Македонија одколку сите други,така било и во “Турско и во Каурско“,а сите нивни поплаки дека биле стигматизирани или “жртвено јагне“ на власта се тендециозни и лажни,зошто според изјавите на еден нивни председател на здужение на Власите во Македонија дека само тој познавал 10 000 директори Власи во државава,и реално е да се очекуваат малку “поемотивни“ напади врз тие луѓе,посебно во ова време на светски кризи.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom