M
marsovka
Гостин
Едиторијал
Ќе им врзат ли жолти ленти?
Што сакаше да каже владејачката партија кога побрза да и' соопшти на јавноста дека новиот функционер на СДСМ е член на „влашкото лоби“ врзано за директор на една банка и дека работи против интересите на граѓаните? Кога една сериозна политичка партија во своето соопштение ќе си дозволи да употреби таков вокабулар тогаш, очигледно, не постои дилема за нејзините цели и намери.Се форсира теза дека во земјава постои едно етничко лоби, кое во своите прегратки го сместува секој за кого набрзина ќе се утврди каква крв му тече во вените, лоби со чија помош луѓе се позиционираат на политичката сцена и, на крајот, се вработуваат во фирма со соодветниот етнички предзнак. Што да се прави со „таквите“? Да им се стават ли жолти ленти? Никаде во светот нема пример за тоа како во една мала земја како што е Македонија може да се направат толку големи поделби. Небаре живееме во племенска заедница. Се делиме на Мијаци и Брсјаци, на Галичани и Егејци, на стари скопјани и провинцијалци, се натпреваруваме кое лоби е посилно - штипското или водњанското... Откако сите овие измислени поделби ќе се потрошат, се измислуваат нови. И еве веќе неколку години прво на „топ-листата“ е „влашкото лоби“, посочувано како синоним за сите транзициски несреќи што ја снашле земјава.
Оние што претендираат сериозно да се занимаваат со политика треба да се свесни каков грев прават кога во име на некаква партиско-политичка пресметка обвинуваат и стигматизираат цела една етничка заедница. Горкото историско искуство на најдобар начин покажува со какви жртви завршувале ваквите тези. Се разбира, едно партиско соопштение не може да биде доволна основа за прогнозата дека и кај нас тоа ќе се случи, но тоа е доволен аларм за атмосферата што постои и се подгрева во земјава.
Никој не порекнува дека во земјава, како и насекаде во светот, дејствуваат лоби-групации заради постигнување одредени цели. Многу често тие дејствуваат сосема јавно и што воопшто не е спорно. Проблемот во нашиот случај настанува тогаш кога таквите групации не наоѓаат сили за сопственото легитимирање пред јавноста, а од друга страна, почнуваат политички (зло)употреби на нивните наводни членови. Тоа потоа лесно води кон ширењето на стереотипи во кои страдаат цели етнички заедници, општини, професии и, на крајот, како што обично бидува, конкретни луѓе. Сите тие тогаш лесно стануваат предмет на недоверба, сомневања, без за тоа да се дадат какви и да е докази. А тоа веќе не е демократија.
Бранко Ѓорѓевски
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E3157CDEACB63543AA88369153759DEC
Ова е последен пример од низата на групи кои јавно се стигматизирани,пред тоа тие што беа против изградба на цркават беа стигматизирани како неверници и комунисти ,жените кои арботираа како шмизли кои не сакале да си ја уништат својата силуета,секој кој ќе споменеше нешто против изградба на цркви и нешто слично како предавник и уништувач на македонското достоинство
До кога вака?До палење на вештерки?До конфликт јавен кој ќе резултира со мртви и повредени?