Стигма (Стигматизам)

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.317
Поени од реакции
5.958
Значи луѓе не се работи за пропаганда од моја страна, не се работи дали и во што јас верувам исто така не се работи за тоа дали и колку сум според вас точен, нормален итн... Темава ја создавам единствено за коментирање на прикажаната тема прифатливо е било какво мислење исклучиво поврзано за темата.

Стигмата е многу редок феномен кој се прикажува на начин што на човек се појавуваат рани или стигми баш онакви какви што биле раните на Исус Христос пред неговото распнување. Карактеристично е што стигмите се рани, траги или болни сензации на местата или некое од местата на телото каде бил измачуван и рануван Исус. Најчесто тоа се главата, рацете, нозете и стомакот. Називот Стигма потекнува од латинскиот збор stigma што значи знаци. Прв пат терминот се сретнува каде Апостол Павле вика: "Ги носам на своето тело Исусовите знаци." Личноста што го доживува ова е наречена стигматичар и раните се појавуваат сами по себе без надворешно повредување.
Темата околу Стигматичките случувања низ вековите па се до денес е тема на огромна полемика. Некои луѓе веруваат и тврдат дека стигмите се чудотворни, Додека некои се со спротивно мислење и веруваат дека зад овие феномени стои медицинско образложение.

На ова видео од емисијата На рубу знаности господинот Франце Шпелич сам го опишува своето искуство околу Стигматизмот низ кој тој минувал и благодарение на тоа од атеист станал свештеник. И се почнало каде на сон мајката Божја му се јавила и му рекла "Ке бидеш мој свештеник." Феноменот на Франце е најпознатиот Стигматистички феномен од овие простори. 13:00 минута. Погледнете. https://www.youtube.com/watch?v=Ndi7xgdC46g

Еве и неколку слики од Стигматички случувања.
Irving Francis Houle stigmata.jpg

seidl-stigmatisation.jpg
stigmata.jpg
the-feast-of-stigmatic-padre-pio.jpg
Кое е вашето мислење, коментар за темава и овие феномени ?
 
Имам читано и од претерано мастурбирање се појавуваат стигми. Обично на дланките, како на последната слика кај попов. Ама не знам колку е точно.
 
Стигма е феномен, односно појава која се манифестира, кај луѓето кои се соочуваат со неа, со појава на рани (кои можат да се најдат на различни делови на човечкото тело, како на пример, најчесто на дланките од рацете или на горниот дел од истите, на стомакот или препоните, на грбот, на челото на главата, на нозете итн). Всушност, ваквите рани кои се манифестираат кај овие лица се раните кои ги здобил Исус Христос при неговото измачување и распнување на крстот. Феноменот, односно појавата може, но и не мора да биде придружена со болки кај лицата. Карактеристична е и по тоа што не се манифестира само каj лицата од машки пол, туку и кај женскиот. Исто така, истата, освен тоа што е својствена за католичкиот свет, е застапена и во другите делови од христијанството, како на пример, православието, презвитеријанството, протестантизмот, гностицизмот итн. Раните и другите придружни појави кај овие лица се појавуваат самите од себе - без никакво надворешно влијание, во одредени околности кога нивните животи или животите на нивните најблиски се доведени во опасност итн.
 
Последно уредено:
Кај се атеистиве да дадат објаснение за ова ако може.
 
Back
На врв Bottom